Рандом факти за мене

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ме вади од такт ако некој ми го помрдне тањирот дур јадам. Исто така ме вади од такт кога некој си зема од моето јадење дур јас јадам. Не е ради скржавост туку затоа што едноставно не го поднесувам тоа.
Неправилно пресечени кришки леб ме нервираат и ми го прават јадењето невкусно.
Мали неправилности може да ме изнервираат многу повеќе од хаос.
Ретко дружам луѓе и ретко сакам да запознавам нови луѓе.


Косата конечно можам да ја наречам долга зашто мора да ја врзувам кога одам во wc xD
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
- неорганизиран
- ретко си ги исполнувам плановите
- постојано сум во трчање негде, па не ги забележувам луѓето
- мразам цигари и луѓе што ти дуваат чад од цигари во лице
- нејќам дискотеки
- нејќам луѓе што се прават сезнајковци
 

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
*Првиот цртеж во животов ми беше жаба (немам поим зошто е токму жаба), па од тогаш ден денес си цртам.
*Кога имав 2 години незнам на кој начин сум се качила на телевизор и паднал врз мене, па со месеци одев сплескана во лицето со завои :rofl (Не, не сум деформисана, фала богу, бргу реагирале моине) чД
*Како мала со брат ми скокавме од регал, се додека не добив потрес на мозок, лол. (Утепајнци)
* Кога сум пеела задолжително сум се вртела во круг
* Книгите сум ги читала наопаку
*Во животот два пати ми се случило буквално со тотална точност да ги предвидам работите.
*Пред година дена бев буквално зависник од благо, но поради забрана по малу си се одвикнуваш
*Јас сум Аристократка, ја носам аристократска крв на прапрапра баба ми, се чудеа моите(wasntme)
* Љубомората никогаш не ја прикажувам надвор од мене, секогаш се правам наудрена дека тоа не е така, а и хороскопот ми ја погоди работава :D
* Ден денес верувам во дедо мраз лол, али...
*Ја обожавам музиката фром 90'с
*Никогаш немам пробано алкохол, но затоа ко мала бев зависник од цигари, добро мала глупава не ни знаев што правам, и тоа го научив и гледав од дедо ми, окс денес не пушам а и не планирам за понатака :D
Друго не ми текнува :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
-Бебе од 3 и кусур кила, царски рез, не сум сакала да цицам, ниту да јадам, со тешки маки ме пркнале.
-Подоцна многу пргаво и темпераментно дете, постојано со изгребани коленици и лакти, модрици да не спомнувам, не знаев полека да одам.
-Поради тоа двете раце по неколку пати ми се шинувани, исто и нозете, и еднаш гипс на едната троа подолго време си носев.
-По скали и ден денес си паѓам оти од брзање си промашувам по некоја и најчесто задникот ми страда:giggle.
-До 4-то одделение косата ми беше под газот израсната, татко ми обожаваше да ми ја плете на ситни плетенчиња и кога ја скратив си плачеше човекот а на мене и мајка ми ни беше лут една недела.
-Немам брат ниту сестра.
-Имам ќерка од 4 ипол години, мое најмило.
-Метеоропат, коскиве и зглбовиве ми знаат на нагли временски промени
-Во основно првенец на генерација, средно не баш.:D
-Дете родено во месецот на житото, зимурливо до коска до степен што зимо излегувам надвор исклучиво по потреба.
-Малку наглува чинам сум на ушиве, па некогаш срам ме фаќа кога препрашувам по неколку пати што ми кажале.:D
-Мразам одење на забар, си премирам додека чекам, затоа одам кога ќе треба веќе да се вади забот.
-Обожавам долги прошетки во природа, било со друштво било сама.
-Летните ноќи милувам да ги минувам на балкон со чаша вино, музика или добри рецитации на поеми, по можност додека не зазори,
па затоа зимата ми е посебно тешка, си болувам по летото јас.
-Љубител на пишан збор, посебно ко што спомнав поезија.
-Пушач веќе 10 години, си ги сакам цигарите.
-Денот ми почнува со јако турско кафе, благо, 2 со 2, и многу, многу кајмак.
-Уживам во дожд и ветер, сакам силна олуја и звукот кој произлегува од неа, мене ме смирува.
-Си ја сакам самотијата, неопходна ми е за да функционирам нормално.
-Сакам храна, повеќе да ја јадам отколку да ја готвам.
-Голем месождер во последно време, посебно свинско и зајачко.
-Исто си обожавам секакви тестенини, сосови, печива, баници и слатки и солени.
-Омилен појадок од детството ми е кремче со сиренце и патлиџан.:zelen
-Кога јадеме секогаш од пред другиот си земам од храната, поима немам зошто, а знам дека ептен ги иритира тоа:D.
-Страшна фобија од вода имам, еднаш ќе се удавев во базен а до раменици ми досегаше таа.(facepalm)
-Мразам собни цвеќиња, еднаш едно добив на подарок, издржа околу недела дена читаво.
-Исто ме нервира кога некој седи до мене и постојано мрда со нозете, не поднесувам и станувам.
-Хулахопки не трпам, едвај ги носам кога морам на фустанче или суќна инаку ни под разно.
-Сакам добра свирка а понекогаш и кафана со друштво.
-Си ги сакам нордијците и нивните метали, особено симфоникот.
-Кога немам интернет малку скренувам, се осеќам вон цивилизација, некоја навика.
-Имам една тетоважа, одамна ми стојат испланирани уште две, се надевам во блиска иднина ќе биде и тоа.
-Спора сум во спремање, па затоа ако некој ме планира некаде ми јавува ако не ден унапред барем некој саат.:giggle
-Сакам директни луѓе, без влакна на јазикот, не сакам обиколување и лицемерие.
-Не поднесувам лаги, и за најбанална работа нека е јас повеќе на таа особа јок верување, а и интересно ми е кога ги фаќам во тесно.
-Навидум можеби ладна но уствари многу емотивна сум, не чини, лошо за мене.
-За оние кои ги пуштам во животот можам да направам се, без изговори, едноставно многу се приврзувам па ако некој таков ме повреди тешко се опоравувам, и тешко простувам.
-Сакам луѓе кои знаат да слушаат, а не само да зборуваат.
-Не сакам празни и безвезни муабети, насред таков ако случајно се најдам си молчам или бегам ако можам.
-Сакам да подарувам и изненадувам, дури повеќе отколку да ми подаруваат, ме радува кога сум усреќила некој што ми значи.

Ај за сефте доста е.:D
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Во основно многу бев брлива и се тепав ако ме задевнеа. Најдобриот другар ми го имаше раскрвавено носот. Ама многу си се сакавме :)
Средно бев помирна, барем за тие што не ме знаеја. За останатите бев „ако не излегуваш ти, не излегувам и јас“. Знаев да се заклучам в соба и да слушам музика на цел глас и да играм. Или скокам. Или да си се заминавам нешто. Ама си ги уживав моментите кога бев сама. Исто и денес ми е потребна таа самотија.
До трето или четврто одд. ги имав изгледано сите хорори, па комедии, па акција во видеотеката пред зграда.
Сите деца се радуваа на точак за роденден или топки или патики, јас на видеото ^_^
На 18 малку повеќе откачив, тогаш хормоните ми се брлавеа и имав врска сега несвојствена за мене. По 300 расправии се „помири“ мајка ми со мојот 12 години постар и дечко и толку. Ми стана неинтересен.
Таква сум. Брзо ми поминува ќеф, сакам промени. И преселби.
Уживам маратонски да гледам серии. И не ми е мака за времето потрошено. Единствено со оваа „активност“ можам да се врзам на едно место.
Луѓе со предрасуди ме истоштуваат.
Ги сакам „сетените“, го сакам вниманието. И да го добивам и да го давам.
Имам тетоважа, сакам и друга ама ја немам одбрано. На 18 имав пирс под устата од лева страна. Сама се пирсав.
Сакам луди и откачени работи, само некако последно време ми згаснува волјата.
Сакам луѓе кои го вадат најдоброто од тебе.
Им се восхитувам на оние што имаат храброст да ја напуштат комфорната зона.
Обожавам долги телефонски разговори. Си ги сакам луѓето што можам во 3 сабајле да им се јавам и тие што ми се јавуваат. Малку се.
Упорна сум и кога треба и кога не треба. Не се откажувам лесно од луѓе. Маана ми е шо доцна сфаќам дека не секогаш вреди.
Знам да си признаам кога не сум во право.
Ме нервира кога нешто останува недоречено, неразјаснето. I love puzzles.
Ме вади од такт туркањето преку ред на шалтери, каси; и недоличното однесување
Сакам отворени луѓе. А маразм лаги, посебно без потреба лажење
Од јадења, обожавам пица, шпагети/макарони и полнетите пиперки од баба ми. Сакам да експериментирам кога готвам. Ако готвам :) Ме иритира некој над глава да ми јаде, јас да седам, тој да стои.Масата скоро никогаш не ја раскревам.
Клаустрофобична сум.
Ме плаши се што лази.
Си ја обожавам ќерка ми која прозборе на англиски и уште на скоро 5 год, не знае убаво македонски. Не можам да се помирам што го изгубив татко ми само по 2 месеци откако таа се роди. Оттогаш се се’ смени. Се сменив и јас.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Сум пишала нешто пред некоја година, па еве да се надополнам.
  • За да заспијам мора да има апсолутна тишина и апсолутна темница. Ако некој во собата хрчи нема цела вечер да заспијам, макар и пред тоа да сум трчала маратон и да не сум спиена 2 дена претходно. Сказалка од часовник ако чука нервен слом доживувам. Исто и од некаде ако свети (макар и улична ламба) теорија нема сон да ми дојде.
  • Бонус на првава точка е дека спијам како зајак и најмал звук да се слушне веднаш се будам и не можам да презаспијам. Имало периоди кај што сум спиела цврсто ама 80% од времето станувам на бучава.
  • Од мирис на ванила ми се повраќа. Општо и вкусот не го сакам, ама ако има некаде свеќа со мирис на ванила бегам како ѓавол од крстена вода.
  • Имам неколку guilty pleasures, најново ми е дека ми се допаѓа последниот албум од Тејлор Свифт:sram:banghead. Сите песни ми се убави, out of the woods ја пуштам по сто пати на ден. А не сум фан на ваква музика. Помладата јас да ѕирне во иднината и да види што слушам ќе се усмрти одма:D
  • Сакам да пијам кафе, уживам во кафето, но се нервирам затоа што можам да испијам само едно во денот, инаку добивам тахикардија одма.
  • Исто како @existence од такт ме вади кога некој ми зема од јадењето. Исто објаснување, не дека сум себична или скржава, ама кога некој ми чепка во порцијата се ежам. Многу сакам да не е вака, ама не можам, посилно од мене е.
  • Омилената книга ми е прочитана 4 пати. Стално на поинаков начин ја доживувам.
  • Омилената серија ми е прегледана над 5 пати сигурно.
  • Најмногу ми се гади од луѓе кои по одење во wc не си ги мијаат рацете. Имам начекано неколку вакви по кафулиња, ресторани и библиотеки и косата на главата ми се дигна. Едната ми е познаничка и одбегнувам да се ракувам со неа кога ќе ја видам.
  • Мојата најголема фобија е нешто од кое ми се смрзнува крвта и ми е потиснато во најдалечните комори на мозокот. Неа ја знае само 1 човек, мислам и дека нема на никој друг да ја кажам можеби затоа што малку и се срамам од истата.
Доста е :)
 

EmilijaS

Староседелец
20 јануари 2016
65
39
1,028
27
  • Ме нервираат гласни звуци + ѕвакање, брмчење, чкрипење, ждригање
  • Омилен пијалок ми е смуди од јагода и лимонада - никогаш неможам меѓу двете да се одлучам
  • Омилено овошје ми е мандарина
  • Се плашам од неколку работи, најмногу од забар, па потоа на второ место висина
  • Многу сакам животни, сум имала неколку кои сум ги собирала од по улица и моите ми ги бркале преку ноќ и јас упорно носев нови и нови животни. Најмногу сакам кучиња, а сега имам 3 мачки од кои две ќе ми се умножат
  • Музиката која ја слушам главно зависи од расположението
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
:eek::eek::eek:

Читам неколку страни и никако не можам да ги сфатам овие опсесии и OCD-идни ситуации и зошто не ги елиминирате ако ви сметаат, ако сте свесни за некоја состојба следен чекор е прекинување на таа состојба, пример ако се фатам себеси како правам нешто безвеза имам алерт систем кој ми кажува дека правам нешто безвеза и да не го правам нареден пат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

Брида

Полноправен Член
9 февруари 2016
40
31
8
-Ја љубам Музиката (особено класична)
- Сакам театар
- Сакам книги
- Црн чај
- Во секоја работа наоѓам нешто позитивно
- Сакам да сум сама
- Многу си го сакам мачето
- Турско кафе
- Цигари
tumblr_md0irg4rUF1rttzdwo1_500.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Ако ги наведуваме рандом фактите за мене би било цел форум малку за мене :rofl