Поголемиот дел од детството го поминав со првиот братучед, кој е само две недели постар од мене, ко близнаци сме растени.
Голем фанатик сум била за барбики, најголемата дилема за мојот 6 или 7 роденден ми била дали вујко ми да ми купи нинтендо или куќа за барбики.
Како мала го мразев своето име, затоа што е многу ретко.
Не ја сакав медицината, ама ич не ја сакав и на крај испадна да студирам фармација.
На 8 години ме касна куче, од тогаш ми е страв од кучиња.
Имам одено на модерни танци, на играорна, на ракомет, на драмски абе на што не.
Немам ич трпение, тоа го имам наследено од татко ми. Голем месар сум и тоа го имам наследено од татко ми, не можам ден да замислам без месо.
Повеќе ја сакам зимата од летото.
Аууу како можев ова да го заборавам, ко беше Макфест, од песната Магија од истоимената група ги научив сите чекори како ја играа и членовите од групата и симпатија ми беше Јован Јованов.
И моето црно минато го заборавив, ко слушав бугарски песни, со едно другарче бевме и на концерт на Милко и Мира, еј малката
абе хит беа. И заборавив да пишав дека со една другарка снимавме филм, па сминавме песни и така, абе будали деца.