Рандом факти за мене

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Туф, ниеден факт поврзан со брат ти нема :(
Ауу глумицо, не се чудам брат ти сега на кој е толкав глумец :mstickle

И глумица и пеачка бев, во некој тежок филм бевме со другарка ми, се` то аматерски беше, сакавме славни да станиме.(wasntme) А и да кажам дека брат ми многу поубо глумит од мене.

Еве уште нешто што ми текна.
-Јас му го дадов името на брат ми.:cool: И секаде сум се фалела дека тој се родил, ама не знам што сум мислела дека е тоа брат, ко сум видела дека е бебе рамнодушно сум ја напуштила просторијата.
-Левичарка сум, татко ми во прво ме тераше да пишувам со десна, дури и ми делеше комплименти дека поубо пишувам со десна а то благе везе немаше, едвај го држев моливот со десна, и така до ден денес една права црта не можам да подвлечам со десна.
-Многу растев до кај 8 одделение и ич не си ја сакав висинита.|-( Сега се` би дала за 5цм повеќе.
-Ко бебе многу сум сакала топки, за први мај со родителите сме биле излезени, јас една година ако сум имала или 2 и сум трчала по сите топки, сум мислела дека сите се мои.:giggle
- До сега 3 пати имам пишано спортска и се` уште сум без добивка.
-Имам одено на училиште со влечките на дедо ми, не знам што ми бил филмот, ама ете сум отишла.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty and emzzy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123

ХАХАХАХХАХАХХАХАХХАХАХАХАХХАХАХХАХААХХАХАХХА леле бе!
Иначе си приметив дека рамен му е на Бред Пит во глума ахаххахаха
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Уф премногу интересна тема, ај да си раскажам и јас нешто за мене..
Од мала да почнам :D
- како мала сум преодила на 7 месеци, е така сите се чуделе и за тоа сега не можам да седам на едно место, прво ми пораснал горен заб, а после долу, а секогаш е обратно кај малите деца долните запчиња прво излегуваат...Имав 7 или 8 години и со братучедми кај бабами игравме авиони и вртевме околу маса и нормално ми се сврте умот и ја скапав главата, па имав конци на чело и уште ми се познава од тоа, значи голем темперамент сум била..дури повеќе од колку што треба.
Друг интересен факт е што паметам работи од многу мала, дури моите некогаш не ми веруваат кога ќе им кажам на што све се сеќавам.
Како растев си играв со братми цело време и нај голема желба ми беше да бидам нинџа, и по цели денови се трудев шпага да направам ама никако не научив..Професионална деформација како мала ми беше да вртам по телефони на непознати броеви да се зезаме, и нормално по цели денови вртев на радио во сите емисии и секако сите награди ги собирав: карта за диско, аудио касета, видео касета што и да е, битно мене ми се паѓаа.
Голема желба имав да играм и во некоја денс група и да се појавам на некој натпревар, ама и тоа неуспешно. Сега ми текнува дека во едно радио секоја сабота снимавме една емисија и читав песни или некој состав, а и до ден денес се занимавам со тоа на сите комшии, внуци , деца на другарките им пишувам песни и состави за на школо.
Еднаш отидов во продавница за да купам чоколадо со ориз и продавачката ми вика “Ама нема со ориз“ и јас и викам е па тогаш дај ми со грав :giggle..До ден денес ме зезаат сите за тоа.
Бев смеѓа, па црвена во косата и сега станав плавуша, и за тоа нај многу ги сакам вицовите за плавуши. Порано на излегување сите по една пијачка ќе порачаа а јас и една другарка порачувавме една ама дупла, и така кога ќе порачаш две , три , нешто не арно ти станува, :x и од тогаш ништо освен пиво и џин не можам да пијам.
Сакам да шетам да излегувам навечер, да одам кафе со друштво, и тоа го правам скоро секоја ден се уште. Не сакам да се повлекувам во себе и да размислувам песимистички. Сакам позитивни и откачени луѓе,со добра воља за живот. Како што го прочитав Мајорот и јас така, што ќе помислам ми паѓа во раце :) одма, ама некако секогаш пред време знам што и како ќе заврши.
Ич не сум креативна и уметничка душа, едноставно тапа сум за тие работи, ама за тоа пак многу сакам да бистрам политика, и секако тоа што сакав таму и ме однесе патот, и среќна сум за тоа.
 
Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
Ај и 3 дел (знам дек сум досадна ама шо да прам :|)
- Ко сум била мала во Грција во некоја продавница ме заборајле родителине |-(
- Имам многу убав глас ама секогаш коке ме терет да пеам се поцрвенвам и коке почнам да пеам се брукам -.-
- Обожавам да нервирам некој ама мразам да ме нервирет :giggle
- Мразам коке учам цел ден и мајка ми ќе дојде вечер од на работа и ми вика "Ајде седни учи!" :banghead
- Не знам да лажам
- Повеќе гледам фудбал од брат ми
- Цел живот навивам за Барса :wavespin
- Вервам во духој
.....
 
Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
3 дел и толко од мене:
  • Док идесмо на одмор у Бугарију од 10 дна тамо ја само десетти дн се бањаше |-(
  • Кт беше помал тато увек ме водеше сс њега али под услов на жене несмем да кажују куде идемо и такој си си стално шеташе. Кт ме прашав после жене куде смо биле ја ги кажеше прашајте си ги њима. :rofl И дн днске такој праву.
  • Школа не ми иде, а богами и ја на њума
  • Математику незнам ама затој физику појма немам
  • Омилена хумористична серија ми е Жикина Династија(цел серијал од 10-11 епизоде)
  • Омилен филм немам
  • Најголем кошмар на проф. е ја да га ставу "на зуб"
  • И ја верују у духови
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Да си дополнам. :D

- Звукот на ТВ, лаптопот, МР4, телефонот итн. секогаш мора да ми биде на непарен број, во спротивно, се чувствувам непријатно и осеќам притисок дека нешто не е во ред.
- За разлика од горното, повеќе сакам парни години кај човек, отколку непарни.
- Менувам расположение и емоции. Еден час душа давам за нешто, наредниот веќе, истото ми е тотално небитно.
- Ко помала пцуев и се расправав многу...ок...премногу, после научив што е сарказам.
- Во 2008 сум се расправала со апликациине на фб... (facepalm)
- Наш композитор ми има украдено текст за на “Златно славејче“, бич...
- Кога веќе зборам за пеење, располагам со мецо-сопран од 3 октави и 4 ноти, и тоа е нештото што го сакам највеќе кај себе. Понатака звучам ко недотешена свиња пред колење, ама тоа нека не ве спречи да ме викате да ви пеам на свадби, крштевки и остали весеља. :zelen
- Седмомесче сум + премрена 2 пати, а они Исус го сметаат за чудо...пф...
- За роденден имам добиено касета од Драгана Миркович, од тетка ми. :frantic
- Пребирлива сум ептен за јадење. Мразам кромид, лук, пиперки, боранија, леќа итн.
- Возам ролерки од 5 години, а на 8 години имам лупнато во паркирана кола дури сум изигравала Шеклер. (nod)
- Немам одреден стил, можам да бидам готик, винтејџ, олд скул рок/рап, класика, спортски тип итн. во зависност од расположението и околностите. Сметам дека тоа никако не влијае врз мојот карактер, ниту пак ме прави одредена личност, па затоа премногу се иритирам кога ќе видам како некои две чисти немаат од бендот што го носат на маица, а ги етикетираат ко рокери, рапери и што ти знам таму, само поради “стилот.“
 
elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
Да си дополнам. :D

- Звукот на ТВ, лаптопот, МР4, телефонот итн. секогаш мора да ми биде на непарен број, во спротивно, се чувствувам непријатно и осеќам притисок дека нешто не е во ред.
- За разлика од горното, повеќе сакам парни години кај човек, отколку непарни.
- Менувам расположение и емоции. Еден час душа давам за нешто, наредниот веќе, истото ми е тотално небитно.
- Ко помала пцуев и се расправав многу...ок...премногу, после научив што е сарказам.
- Во 2008 сум се расправала со апликациине на фб... (facepalm)
- Наш композитор ми има украдено текст за на “Златно славејче“, бич...
- Кога веќе зборам за пеење, располагам со мецо-сопран од 3 октави и 4 ноти, и тоа е нештото што го сакам највеќе кај себе. Понатака звучам ко недотешена свиња пред колење, ама тоа нека не ве спречи да ме викате да ви пеам на свадби, крштевки и остали весеља. :zelen
- Седмомесче сум + премрена 2 пати, а они Исус го сметаат за чудо...пф...
- За роденден имам добиено касета од Драгана Миркович, од тетка ми. :frantic
- Пребирлива сум ептен за јадење. Мразам кромид, лук, пиперки, боранија, леќа итн.
- Возам ролерки од 5 години, а на 8 години имам лупнато во паркирана кола дури сум изигравала Шеклер. (nod)
- Немам одреден стил, можам да бидам готик, винтејџ, олд скул рок/рап, класика, спортски тип итн. во зависност од расположението и околностите. Сметам дека тоа никако не влијае врз мојот карактер, ниту пак ме прави одредена личност, па затоа премногу се иритирам кога ќе видам како некои две чисти немаат од бендот што го носат на маица, а ги етикетираат ко рокери, рапери и што ти знам таму, само поради “стилот.“ Бичез, плиз...
A jaс пак мислев само јас ја имам таа манија звукот секогаш да го ставам на непарен број :) (и омилените програми ми се на непарни броеви):)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
да надополнам листата:

-претерано сум љубоморен, и неможам да се сменам на тоа поле.
-левата рака ми е секогаш поладна од десната (поради намалена циркулација во истата, да не помислете нешто друго)
-имам очи со измеѓунијанси на 2 бои, некои ми викаат дека имам зелени, некои ми велат дека имам сини очи, зависи од расположение и од светлина
-пораснав со бугарска и со српска музика а сепак слушам ну/мело/хеви/ метал/рок, it all went good.
-На аеродром ме имаат обвинувано дека носам оружје иако тоа беше само играчка за мојот помал братучед па малку трауми ми донесе тоа искуство :D
-Во авион еднаш до мене седеше една многу убава швајцарка и многу се каам што не и прозборив па така чмаев 10 саати во авион до нејзе цветајки како зумбул.
-Имам спасено живот. jej.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba, Nighty and Hkakashi

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
*Левучар сум, сите можни активности ги правам со лева рака (и нога :D);
*Љубовта кон англискиот ја „негувам“ уште од мали години, кога по 24/7 гледав Cartoon Network на третиот канал на МТВ и обожавав да ги имитирам цртаните ликови во нивното зборување (тон и фрази), а особено пред гости :D;
*Си ги мразам шишките на косата, затоа и секогаш гледам да ми е крената и/или со боцки;
*На 6 години ми ги вадеа сите крајници. На ден пред операцијата, додека лежев во државна, помогнав на едно 10-годишно девојче кое се гушеше, а сестрите не беа во близина да ја слушнат, со тоа што отидов до мини-кујната, претурив топол чај од чајничето во чаша, и и’ однесов да се напие, по што успеа да се искашла како што треба. Потоа пола час бев станат од кревет и ја држев за рака, додека да дојдат сестрите (muscle) ;
*Неисполнета желба ми е да сум повисок барем уште 5-6 сантиметри, односно да сум 190+.
*Ја мразам србоманијата во земјава и отворено се спротивставувам на неа;
*Слабост ми се парфеми, мора да имам на мене кај и да одам, и сакам нападни миризби;
*Откако се појавија пред 8 години црвените Орбит (со вкус на лубеница), ги џвакам САМО нив, и секогаш имам пакетче во мене;
*Истовремено сум и непушач, и антипушач;
*Ретко пијам алкохол, но кога се случува тоа, сакам чиста вотка (убаво ми го топли грлото :rolleyes:) и дозволувам да ме потфати така повеќе :zelen ;
*Во втора година средно, и почетокот на трета, си имав т.н. „готска фаза“, во која се облекував речиси секогаш во темни комбинации, постојано носев црни ракавици на рацете (исечени кај прстите), слушав готик-рок музика и ме импресионираше готсктиот стил на уметност;
*Ме нервира македонската неписменост, ПОСЕБНО кога читам грешки од типот „незнам, сваќам, сеуште, предходно, Македонски/Англиски...“;
*Кога се допишувам, сакам тоа да е уредно, правописно и „читливо“. Доколку користам латинична азбука за македонски, знајте дека сум во некакво брзање :D;
*Немам трема - напротив, сакам да настапувам „на сцена“;
*Нема чипс што немам пробано :D;
*Буквално сите девојки кои посериозно ме привлекле физички биле : сини/зелени очи, смеѓа/руса долга коса, височки, слаби и со речиси аристократски тен;
*Шеќер не конзумирам во никаков вид уште од седмо одделение. Слатки, колачи и торти не јадам, но затоа во чоколади се „давам“;
*Не сакам мобилни телефони на тач-скрин и со карактеристики на мини-компјутер, ниту пак сакам лаптопи. All-time фаворит ми е Nokia N95, и секогаш ќе си имам обичен, десктоп компјутер.

Засега ова ми паѓа на памет, следна прилика повеќе... :)
 
Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
  • Кога последен пат се измочкав во гаќи бев скоро возрасна.
  • Кога поради исеченица прстот ќе ми прокрвари го ставам в уста. Ја мразам глетката, но вкусот на крвта ми се допаѓа. :sreken
  • Крадам, одвреме навреме, кога ќе ми се пружи прилика.
  • Не се шминкам. (Озбилно)
  • Некреативна сум (:|
  • Посесивна сум и понекогаш завидлива. :unsure
  • Желбата за самодокажување ми е понекогаш поголема од способноста да направам нешто.
  • Не сакам шеги на моја сметка.
  • Не сакам некој да е изнервиран или лошо расположен поради мене, затоа и внимавам како се однесувам со луѓето.
  • Не сакам да ги откријам и се плашам да ги споделам моите чувства.
  • Во основно не сакав никој да има подобри оценки од мене. (Сега се осеќам глупаво поради тоа :D )
  • Кога некој ќе ме изнервира молчам и изгледам искулирано, а во мислите го имам неколкупати проколнато.
  • Искрена сум. :)