Рандом факти за мене

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
  • Родена у јули точно у 3:15 сабајле
  • Во прво одд наставникот цело време ме гњавеше да читам пред цело одделение,оти само јас знаев да читам на почетокот...
  • Многу сакав да фотографирам и во 3то одд се запишав на некој курс кој после 2 дена се растури,со објаснување дека немало доволно пријавени деца! :D (у депресија до ден денес!! )
  • Имам фобија од вода и незнам да пливам..
  • Имам брат 6 години помал од мене...
  • Повеќе сакам чај од кафе..
  • Често носам марами
  • Обожавам старки
  • Знам да свирам клавир
  • Животна желба ми е да си оформам бенд по можност јас да сум певаљката :D
  • Не слушам српско.. јок! :nah
  • Се нервирам кога врни дожд..
  • Мразам да носам чадор !
  • Сакам да се излежавам (со денови) :D
  • Се плашам од темница (спијам со запалена ламба)
  • Сакам пиво! (inlove)
  • Сакам да носам чуден накит :D
  • Неможам да поднесам зелка
  • Не јадам ќофте ако не е правено од баба ми, или од на mAcIkA баба и :D
  • Не сакам црн сок
  • Сакам да слушам музика на слушалки (на најгласно)
  • Ја сакам жолтата боја
  • Омилена книга во детството ми беше Хајди и Том Соер
  • Сакам наострен молив
  • Сакам да си направам тетоважа
  • Од цвеќињата омилени ми се калите и белите орхидеи
  • Сакам да одам во Бора Бора
  • Мразам неорганизирани луѓе
  • Се нервирам кога чекам нешто..
  • Сакам лимонада и мохито..
  • Сакам чоколадни торти и колачи.
  • Мразам овошен сладолед
  • Се плашам од гасеници,бумбари,оси,пчели и лебарки
  • Ме нервираат флегми :D
  • Знам понекогаш да кажам нешто непромислено
  • Сакам да си ја чистам собата
  • Го сакам мирисот на асфалт после дожд
  • Сакам изгрејсонца
  • Ја сакам ''Dream on'' од Аеросмит
  • Го обожавам Дејмон од Вампирите
  • Сакам саркастични луѓе
  • Имам црвена коса и сакам да се фарбам портокалова
Доста е јас мислам :D Ако ми текне уште нешто ќе има и 2 дел :)
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
  • 2ати заклучувам вратата, и 2пати проверувам дали е заклучено
  • Кога станувам од креветот каде спијам станувам од левата страна, а ако мислам дека нешто ќе се случи тој ден станувамод другата страна или ако станам од десната страна тој ден ќе ми биде посебен.
  • Во собата може секогаш да најдам некоја мастика, бонбон...
  • Секогаш затворам врати кога излегувам од соба и гасам сијалица во ходник.
  • Кога ќе влезам дома мора да ја заклучам вратата и да проверам дали е заклучено.
  • Од спортови само на тенис не се запишав (тиое што ги имакај нас во градот).
  • Како мала бев доста дебелка и нагло ослабнав.
  • Немам испушено цела цигара.
  • Само 2пати така повеќе се имам опиено.
  • Не знам убаво да одам во штикли.
  • Многу ретко зборам со тато на скајп.
  • Со моите си кажуваме перверзни вицови и мама во телефон ми е потпишана рацмила. :rofl
  • Со брат ми спиеме во посебни соби.
  • Не можам да најдам градник што ми е таман, секогаш има само помали.
  • Од сите деца Борис Трајковски ме зеде во раце и се сликаше со мене, а јас плачев.
  • Лаптопот најчесто ми е во скут.
  • Поу-то ми се вика Johny Sparks.
  • Еднаш плачев кога готвев бидејќи мама почна да ми се меша.
  • Баба прави најууууубави палачинки.
  • Ги сонував 2та дедовци кога умреа, како се е бело и влегуваат низ некоја врата и се збогуваа со мене.
  • Во плакарот боите наоблеката претешно се темни бои и баба ме кара за тоа.
  • Не сакав брат ми да се роди.
  • Многу сакам да готвам.
  • Иам освоено второ место на дуатлон.
  • Волонтер сум во Црвен крст и сум обучена за Прва помош.
  • Кога бев помала баба ме викаше царче, а едниот дедо знаеше да ме рече ќере.
  • Многу сум љубопитна.
  • До кај 7-8 години скоро секоја недела одев за Бугарија и гонаучив бугарскиот јазик.
  • Во градот каде што живеам немам многу роднини.
  • ПРед неколку години за прв пат ги запознав роднините од Австралија.
  • Лани неколку недели спиев само во 2-3 часа. (летото)
  • Правам најубаво фрапе.
  • Постара сум од брат ми 7години.
  • Сум се родила на 10месеци, магарешки инат тоа е. Ме правеле во Ноември и требало да се родам во август.
  • Перфекционист сум.
  • Спијам точно 8часа, ни повеќе ни помалку.
Се распишував, но има уште. Во некоја наредна прилика.
 

Amelia

Полноправен Член
10 април 2013
35
76
18
- Кога сум се родила мајка ми немала млеко па затоа пораснав со Зора сокови.
- Проодев на 11 месеци за инает на другарка ми која беше 1 година поголема од мене и одеше.
- Возам велосипед од мојата 1 година а без помошни тркала од мојата 3 година.
- Од мала си играв со коли, пиштоли, играв фудбал. Куклите одсекогаш ми биле морничави.
- Обожавам газирани сокови.
- Тренирам кошарка.
- Два пати ме има удрено кола.
- Ми има пукнато слепото црево.
- Од мала навивам за ФК Барселона.
- Обожавам рок музика.
- Љубовта кон животните ја имам наследено од баба ми. Секогаш заедно прибиравме животни во дворот.
- Волонтер сум во Црвен крст.
- Левучар сум.
- Кога лажам секогаш се смеам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Foxboro

La Bruha :)

Истакнат Член
28 јуни 2013
74
157
333
Скопје
  • До 4 години цело време сум била болна и по лекари, сега немам гајле
  • Левата рака ја имам скршено трипати на исто место
  • Многу сум срамежлива
  • Опседната сум со грчката историја и култура
  • Мразам саркастични и радознали луѓе
  • сакам водни животни
  • обожавам цвеќиња, а никогаш не ми подариле
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Lady*

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
  • Кога сум се родила, сестра ми не ме сакала, сакала да има братче
  • како мала сите играчки што биле од сестра ми сол сум ги правела :giggle
  • на 5години сум правена операција за крајниците и сега немам крајници
  • во основно бев на натпревари по кошарка и ракомет
  • имам тренирано ракомет и одбојка
  • најомилен предмет ми беше физичко, обожавам спорт :D
  • кога игравме со машките, се бркавме, се задеваа најчесто се случуваше на некој да ги „заболат јајцата„ :giggle
  • бев одлична, солидна ученичка, но не спаѓав во мирните
  • Обожавам животни, особено мачки
  • Многу сакам на коњ да јавам
  • обожавам рок музика
  • најмногу го сакам Bon Jovi (inlove)
  • песната Crazy од Аеросмит ми е нешто посебно, во која се пронаѓам тотално
  • тврдоглава сум и инает невиден, ќе пукнам ама по мое има да излези :D
  • мразам лицемерни, дволични суштества
  • обожавам пиво
  • пијам текила, коњак и узо
  • опседната сум со благо, чоколадо, чоколадни торти, не можи да помини ден без нив, не можам да функционирам додека не се предозирам со благо
  • не можам без вода, вечно дехидрирана сум, на ден не знам колку вода пијам
  • читам книги, ме релаксираат
  • изгледам студена, безчуствителна, но далеку сум од тоа, многу добро знам да ги прикријам чуствата, а на лик на изгледам ледена
  • темпераментна сум
  • имам една мана, многу тешко се заљубувам
  • имам кафеава коса, но сакам да ја направам црвена
  • обожавам да се смеам :D
  • кога сум нервозна никој да не ме чепка, да не биди во моја блзина, сакам тогаш да сум сама, да пешачам или пак да слушам музика
  • многу сакам да се научам да свирам на гитара
  • имам фобија од темнина
  • немам запалено цигара, не пушам
  • обожавам да патувам
  • го сакам мирисот на дожд
Останатото во наредна прилика :)
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
  • Тврдоглава
  • Oбожавамм кучиња (омилена раса-златен ретривер/лабрадор)
  • Животна желба ми е да создадам дом за бездомните животни и подобри услови во ветеринарните
  • Одсекогаш сум имала многуу долга коса
  • Премногу директна и искрена
  • Се плашам ептен од инсектни, особено скакулци
  • Не јадам месо, освен стек и тоа многу ретко
  • Мразам лицемерие
  • Одсекогаш сум била слаба, никако да се поправам
  • Никогаш ништо не заборавам,ако понекогаш така се правам.
  • Рацете и на најголемата жештина ми се ладни многууу
  • Обожавам да пејам и цртам
  • Сакам да патувам
  • Не трпам неправда, затоа можеби понекогаш сносувам последици борејќи се за правда
  • Перфекционист
  • Цел живот чувам папагали
  • Мразам да зборувам за себе, па најчесто сум во улога на слушател и добар советодавач
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Aquarius and Gemini

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Продолжение..

-Зависник сум од помада(wasntme)Во зима особоено а преку лето и не баш ама кога ќе станам од сабајле и кога ќе го измијам после тоа морам да ставам инаку осеќам како од лушпи да ми е лицето ..и некоја мрсна по можност:D
-Премногу сакам да чувам милениче дома но моите никогаш не би ми дозволиле најмногу мајка ми ама јас сум инает и затоа во двор си чувам мачор
-Не сум љубител на накит
-Си ја пуштам косата да ми расте долга од 6-то одделение и сега ми е точно до над задникот
-Имам лош ракопис се трудам да го променам но не можам..се сеќавам како помала кога ќе пишував домашно татко ми секога ми го прегледуваше и поради ракописот ми ги кинеше листовите ама џабе и тоа не помогна да се промени :)
-Маката што ја имам не можам да ја споделам со никого како да ми е зашиена устата па си трпам во себе
-До пред некое време не пиев никакво кафе едноставно не поднесувам но сега си правам нескафе со повеќе млеко и кога ќе видиш и тоа не е кафе:D
 

Roxelana

Староседелец
13 март 2013
134
277
1,063
Скопје
1. Мајка ми ме родила на почетокот од седмиот месец од бременоста.
2. Дури и во зима не можам да трпам дебели џемпери од непријатен материјал кој ми создава склет и боцкање и си одам по тенки, памучки блузички или дуксерки. Ретко, многу ретко носам џемпери и некои волнени или многу дебели работи.
3. Обожавам псај транс и рок музика.
4. Не пијам газирани сокови.
5. Опседната сум со Рокселана.
6. Никогаш не мавам корпи, туку на убав начин покажувам дека не сум заинтересирана.
7. Обожавам да се облекувам уникатно и да изразувам уметност преку оригинален начин на склопување на парчињата облека.
8. Во принцип не сум толку драматична колку што се прикажувам.
9. Секогаш сум заљубена или ми се свиѓа некој.
10. До сега сум имала вкупно 15 мачки, но само Госпоѓица Лили успеав да ја задржам (без искомплексираниот сосед да ми ја отруе)
11. Обожавам природна убавина и искулиран стил.
12. Слушалките не ги тргам од уши дури и кога јадам.
13. Секогаш сум имала таман тежина, ниту некогаш сум била дебела, ниту многу слаба.
14. Многу се врзувам за луѓето и секогаш ги искажувам чувствата.
15. Мојот најголем страв се пајаците. :ladno
16. Не поднесувам многу организирани луѓе и перфекционисти, затоа што и самата не сум таква.
17. По полиците во плакарот обавезно имам заборавено, скриено чоколадо. :D
18. Воопшто не сакам совршенство, во било која форма.
19. Си ги обожавам сите бемки на телото, а посебно тие што ми се најголеми (на десната клучната коска, над десното колено на ногата и на препоните)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
-сум бил статист во еден македонски филм
-не знам да зготвам ништо
-не знаев да пливам до пред две години а и сега не сум сигурен дали пак би знаел
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Saladin