Рандом факти за мене

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
- пијам вода
- пијам кафе
- јадам леб
- јадам еурокрем
- понекогаш и маргарин
- имам скајп
- имам компјутер
- имам интернет конекција
- се бричам
- спијам
- се облекувам
- се соблекувам
- слушам музика
- гледам филмови
- читам книги
- носам патики
- имав мачор
- имам секси аватар
- постирам на црно бело форум
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
1. Пред 30 минути си ја треснав раката од столот и сега ми е излупена кожата и раката ми е сина.
2. Мразам лакирање ноктки, вештачки нокти, кубење веѓи...
3. Сакам аниме.(inlove)
4. Многу брзо сфаќам. Имам одлични оценки, а лекциите ги читам само по еднаш (секако, коцентрирано и со размислување).
5. Татко ми е тежок пушач а јас мразам цигари и не можам да се навикнам на нивниот мирис цел живот.
6. Сакам да возам велосипед, но сум имала многу „сообраќајни несреќи“ со него: неколку пати сум паѓала во последната година а еднаш и ме удри друг велосипед и потоа ме болеше ногата неколку дена.
7. Иако сум одлична ученичка, се тепам и се дружам со многу слаби ученици.
8. Се сметам себеси за убава.
9. Никогаш не се шминкам.
10. Мразам жени/ девојки кои се сметаат за нежни и неспособни и го злоупотребуваат тоа.
11. Кога бев мала сите мислеа дека сум машко.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Сум се родила 15 минути пред 12 како црно бебе, со два заба и виткана коса. Уште истиот ден вечерта сум рекла мама, на 40 дена кога сум била пак сум рекла мама. Сум проодела и прозборела пред да наполнам година. Немало човек од кој не сум плачела. Голем инат сум била и многу заштитнички сум се однесувала спрема мајка ми.
А сега сум само еден идиот кој ништо не памти. Се уште сум инат ама се инаетам само кога ми водат инат и често попуштам (сум омекнала), во последно време муабетот ми тргна со бабичките и дедовците отколку со некои на мои години или тука некаде, сакам да помагам и секогаш кога можам помагам. Косата ја чешлам од миење на миење или во краен случај кога ќе се заплетка оти е малку подолга. Мразам долги нокти, а моиве ко за инат брзо ми растат. Додека спијам знам и муабет да си направам, а ко мала (додека спиев) многу често го промашував вецето. За брукање часови можам да држам, се сопнувам без никакви проблеми не сум талентирана за ништо, кршам чадори одма штом ќе ги допрам у кратки црти тромава сум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Сум се родила 15 минути пред 12 како црно бебе, со два заба и виткана коса. Уште истиот ден вечерта сум рекла мама, на 40 дена кога сум била пак сум рекла мама. Сум проодела и прозборела пред да наполнам година. Немало човек од кој не сум плачела. Голем инат сум била и многу заштитнички сум се однесувала спрема мајка ми.

Ти ко Ајнаштајн бре,машала. Едно раѓање мама. (немој погрешно да ме сфатиш само ми е чудно.

Кога ја видов темата сиреков да си дополнам нешто, ама морав за ова да искоментирам.

  • ми фалат 2 заба и никогаш нема да ми никнат (ама па сум убава, треба ептен да ми се “зјапа“ во устата за да се види :giggle)
  • немам дечко ахххахах :D
  • волонтер сум во Црвен Крст
  • знам да укажам прва помош
  • имав дечко од форумот,но тоа заврши одамна, и веќе не комуницираме
  • на моменти сакам да се откажам од модераторството на форумот
  • обожавам се што е тегет и има риги
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Y1K991

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ти ко Ајнаштајн бре,машала. Едно раѓање мама. (немој погрешно да ме сфатиш само ми е чудно.

Ех да бев ко Ајнаштајн и сериозно сум рекла мама па сега твое е дали ќе веруваш. Не можам, а богами не ни сакам некого да убедувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
1.Бик сум во хороскоп
2.во прво одделение тргнав со ишишана коса на нуларица
3.сакам да патувам и патувам сама
4.јадам благо
5.се врзувам многу брзо за луѓето и во сите го гледам најдоброто
6.незнам да се карам
7.имам несоница
8.срамежлива сум
9.убаво готвам:D
10.мразам лаги
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Да се надополнам.
- Кога спијам мрдам толку многу што понекогаш се будам со главата на другата страна од кревтетот или дури надвор од креветот.
- Понекогаш сум како мало дете и се смеам на глупости
- Мразам апчиња, сирупи и било какви други лекови
- Мразам долги телефонски разговори на глупави теми
- Не знам да играм одбојка
- Сакам да пеам во бањата и во тоалетот
- Не можам да поднесам хулахопки и затоа речиси никогаш не ги носам
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Факт за себе кој денес го дознав:
-Не се чувствувам лошо додека се наоѓам на некое грозно морничаво место, но откако ќе се сетам подоцна,целата се наежувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Доколку се разбудам сред ноќ,ги гледам душите надвор од нивните тела на оние кој спиат со мене во соба.Душата на човек никогаш не спие..некои седат покрај своите тела како да се замислени,други стојат со лицето кон аголот од собата,а деца си играат сами,но можам со сигурност да кажам дека кога телото е по лекарства - антибиотик душата е како збудалена.
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
  • Сеуште спијам со плишано мече
  • многу сакам да читам руски класици
  • овие денови јадам многу благо и подитно морам на диета
  • себична сум
  • мразам ироноија и сарказам
  • не верувам секому
  • претежно ми се свиѓаат црни дечки
  • обожавам да носам црвен кармин
  • обожавам штикли и ташни
  • покрај англискиот зборувам солидно германски и грчки јазик
  • не пијам газирани пијалоци
  • голем гурман сум
  • сакам да патувам
  • сакам да бидам хирург
  • најбитните одлуки во животот ги носам во креветот
  • секоја вечер пред спиење размислувам што е смислата на животот
  • 7 години тренирав ракомет и се откажав
  • пеам 24/7
  • левак сум
  • обожавам да го слушам Тоше Проески
  • омилен актер ми е Рајан Гослинг
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet and МиГ 21