*Работев две години хонорарно во преведувачката компанија Нексус (Nexus), бев задолжен за преводи на емисии и документарци што се емитуваа на каналите Discovery и Animal Planet. Ме препорачаа од факултет поради високиот просек и одличното познавање на англискиот, и третманот од страна на Нексус беше одличен. Финансиските услови беа беспрекорни за студент како мене, и месечно заработував од 200 до 500 евра, во зависност од тоа колку епизоди ми доделуваа за преведување. Ми се допаѓаше и тоа што си работев од дома, односно од Нексус ми праќаа само Word-скрипти преку мејл, а јас потоа ги симнував епизодите од серверите на Дискавери и АП, ги гледав и преведував според скриптите. Нормално, требаше да испочитувам краен рок за праќање на преводите.
Година и пол се’ беше во најдобар ред, и често дури и ме форсираа и „опсадуваа“ со многу материјали за краток период, зашто беа задоволни од тоа што го сработував. Но последните шест месеци веќе почнаа силно да се чувствуваат последиците од НЕспроведувањето на законот за задолжителни македонски преводи, па така од компанија почнаа постепено да кратат на материјал, а и да се „ослободуваат“ од хонорарците, еден по еден... Токму јас останав како последен хонорарец, зашто од мене беа и најзадоволни од постигнатото и работата, и ми праќаа колку-толку скрипти се’ до ланскиот ноември. Оттогаш, ни мејл - ни ништо... Знам дека и многу вработени со договор си заминаа од компанијата, и дека сега опстанува како компанија во сенка... за жал.
Но тоа е, кога нелегалните српски/хрватски преводи пак наголемо ни чукаат на врата, а ние со отворени раце и ју-носталгија ги прифаќаме.
*Имам работено и во американската стопанска комора на Македонија, или скратено АмЧам. Преку факултет и таму ме пратија, и се задржав 2 месеци на пракса. Работев како преведувач на нивните официјални документи и закони, и како толкувач на неколку конференции од меѓународен карактер. И тоа, севкупно, беше едно непроценливо и одлично искуство во кое и вработените одлично се поставија кон мене. Јас им овозможував преводи и толкувања на ниво, кои тотално ги исполнуваа нивните потреби, а за возврат бев третиран еднакво, како дел од нив.