една од ретките теми каде што можам да се искажам сериозно
се на се ... имам работено во три фирми, во првите две сам напуштив , не заради платата или работата - едноставно не ме држи "гзов" многу на едно место ...
во првата фирма почнав од самиот почеток на ново отворената фирма ... беше застапник и преставник за цело Скопје !!!
- нова фирма, со нови артикли за прехрана , во која имаше огромна конкуренција ... после 3 месеци работа, стигнавме до некое ниво, после 6 месец веќе бевме на добра позиција , а после 9-от месец веќе бевме на врвот со уште две фирми ...
кога дојде време само да се иде на работа и да се "јаде медот" ... после неполни 3 месеци напуштив ! - на никого не му беше јасно зашто , што , како ... имам сеуште отоворени врати да се вратам таму во секое време ... ама јбг - (
идиот )
- во втората "фирма" (
јака фирма, тешко да се вработиш само со диплома и добра препорака) влегов преку генералниот - една од водечките компании во земјава !!!
работев скоро 4 години ... одлична плата уште од самиот почеток, со сите можни бенифиции ... на почеток се беше екстра, со тек на време почна да ми станува монотоно ... и пак напуштив (
како што кажав, тешко јас да останам на едно место подолго време, ама тука не знам како - издржав скоро 4 год.) - најголем разлог ми беше префрлувањето на мојата професија во професионално играње покер
после пауза од 15 месеци ... кога видов дека за профи покер играч не е доволно само интелегенција и вистински потези во право време - дека за некој нешта треба да се има "талент" и среќа ... почнав во ново отворена фирма како главен менаџер за продажба ... во која и самиот јас инвестирав многу мал процент (тоа што не го поебав на покерот)
школувањето ми е ова, работата си ја обожавам и верувам дека ова ке ми биде последна промена во мојата работна кариера ...
криво ми е за лугето што плукаат по оваа земја и кукаат дека нема егзистенција ... тој што сака да има убав живот со малце напор и труд ... за него и Америка нема да чини !
- I LOVE MY MACEDONIA -