Работно искуство

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Леле девојко дај не се акај од земја со безвезни муабети налик твојне. Разбери дека во Македонија владее непотизам и иронично е што истиот е забранет со закон, но во пракса е широко распослан.
Вината да не се барала кај вујковци и тетки, баби и стрини што своите полуписмени деца и внуци ги напикаа на своја слава и пристапот го ограничија на некому кој стварно учел?

Како најсвеж пример ќе го земам Битолскиот универзитет. Додека не се пишуваше по медиумите, таму на големо царуваше токму тоа - непотизам. Штом почна да се пишува, почнаа да се применуваат мерки. Треба ли некој да „урла“ по медиумите за да течат нормално работите како што течат во други земји? Дечкото што опишува погоре е токму тоа - реален живот и место да му речеш идат бољи времиња (што нормално нема да дојдат), треба да сфатиш од неговиот пост дека средната класа (на чесните луѓе во Македонија полека умира). Дека повеќето не сме деца на апаши и силеџии и дека без курвање и книшка сакаме да заработиме чесен леб и дека покрај еден куп положени испити со наш труд и мака, не е сеедно да гледаш како ЛИНГУР доаѓа на место каде што треба да си ти. Заслужено! Ај сеа умислувај се Парис Хилтон, пошо не умееш да разликуваш луксуз од просечна - нормална живеачка.
Види вака како прво подобри си го начинот на комуникација и не кревај тензија за да не се караме овде, со тоа твое однесување. Од секогаш сум и јас и против непотизам и против се и јас сум осетила на мој грб и дури сум студирала и се, гледав и тие до мене што седеа ќе оставеа празни тетратки и ќе положеа а јас ќе требаше да се отепам од пишување и учење за да положам и на работните места исто..Ама што ми беше муабетот ако ги гледав нив што требаше да плачам и да кукам оти некој положил а јас не, тоа немаше да ми помогне ако не се трудев и ако не си гледав јас сама да успеам. И мене никој не ми помогнал па ШТО...И не ми се понашај овде ко Бранко прибери се малку...
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Kitty И ти си била сведок на каква е тоа реалноста тука во Македонија, и сепак викаш „Ќе дојде подобро утре“ е која е предноста да се биде оптимист...
Само да ти речам Браво, во најмила и најискрена форма што може да биде.
Па колку сака нека бидам оф оф оф топик :)
 
  • Like
Реакции: WomanInRed and Kitty

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Kitty И ти си била сведок на каква е тоа реалноста тука во Македонија, и сепак викаш „Ќе дојде подобро утре“ е која е предноста да се биде оптимист...
Само да ти речам Браво, во најмила и најискрена форма што може да биде.
Па колку сака нека бидам оф оф оф топик :)
Мразам песимисти и луѓе со негативна енергија, сепак секогаш постои и подобрео и полошо..Ние сме некаде во средина, тоа е... овде сме се родиле и ќе го прифатиме тоа. Познавам еден куп луѓе колеги од факултет и средно па сите што завршија се вработија, кој што не сакал во Мк замилал низ светот, па шетаат уживаат секаде... значи за се има начин ако се сака.
 
  • Like
Реакции: WomanInRed, JaMi and 4FUN

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Kitty Тие што шетаат така не се толку поврзани со семејствата :) Јас пример, тука сум заврзан со синџири од старт. А да отидев пред неколку години во Шпанија(сега и таму нема аир) ќе си најдев работа како професор и ќе ми беше се’ мед и млеко.
 
  • Like
Реакции: Kitty

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Kitty Тие што шетаат така не се толку поврзани со семејствата :) Јас пример, тука сум заврзан со синџири од старт. А да отидев пред неколку години во Шпанија(сега и таму нема аир) ќе си најдев работа како професор и ќе ми беше се’ мед и млеко.
Е па сите некогаш си ги испуштаме шансите, сега знаеш како сакам да заминам некаде..Гледајќи мои пријатели и пријателки како уживаат по светот..баш ми е мака што кога имав шанси не заминав..Ама тоа е, на секој различно му било речено..:sreken
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Е па сите некогаш си ги испуштаме шансите, сега знаеш како сакам да заминам некаде..Гледајќи мои пријатели и пријателки како уживаат по светот..баш ми е мака што кога имав шанси не заминав..Ама тоа е, на секој различно му било речено..:sreken
Јас па ич не сакам... Мака ми е што не го работам тоа што го сакам, ама кога би бирал помеѓу Маркет и Професор(ама ако бидам професор да немам дечиња) со две раце заокружувам Маркет :)
 
  • Like
Реакции: Kitty

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Види вака како прво подобри си го начинот на комуникација и не кревај тензија за да не се караме овде, со тоа твое однесување. Од секогаш сум и јас и против непотизам и против се и јас сум осетила на мој грб и дури сум студирала и се, гледав и тие до мене што седеа ќе оставеа празни тетратки и ќе положеа а јас ќе требаше да се отепам од пишување и учење за да положам и на работните места исто..Ама што ми беше муабетот ако ги гледав нив што требаше да плачам и да кукам оти некој положил а јас не, тоа немаше да ми помогне ако не се трудев и ако не си гледав јас сама да успеам. И мене никој не ми помогнал па ШТО...И не ми се понашај овде ко Бранко прибери се малку...
Политика е строго забранета на форумов. Нема да се симнам да ти речам дека се понашаш као Гвујо и дека ти фалат две розеви наочарчиња да докомплетираш имиџ.

Сите се снаоѓаме. По дифолт. Секој од нас земал крпа и миел садови и преминувал на нешто друго за да не трпи за леб. Меѓутоа ако јас сум задоволна од сето тоа нема да го коментирам ниту пак пишувам јавно. Ќе бидам помирена со истото. Розово гледаат луѓе што не виделе што значи да се работи. Во буквална смисла. И не дебатирам со такви.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
136
1,053
Додека траеја летните одмори, одев на пракса кај судски преведувач, но без да ми плати за тоа. Кратко време работев за преведувач во Скопје и за тоа бев плаќана. Друго освен преведување не сум работела. Искуство во други области немам. А за работа преку интернет, не е сигурно. Треба да се вложат пари за да ми исплатат пари, мене тоа ми нема никаква логика. Сум пробала работа преку интернет, но огласите за работа преку интернет се лага.
 
  • Like
Реакции: -alf-