Работно искуство

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Инспирирана од темата математика и последните неколку постови,ме заинтересира вашето работно искуство до сега во животот?
Што сега во моментов работите?
Дали сте задоволни од условите во кои работите?
Дали вашето школување има врска со она што денеска го работите?
Што би сакале да работите?
Дали желбите со она што би сакале да го работите,можат да ви помогнат за една добра егзистенција.
Воведов на темава се сведува на повеке прашања,а во следен пост ке го објаснам моето работно искуство до сега и ке дадам одговори за моите видувања околу овие прашања.
 
  • Like
Реакции: JaMi

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
414
663
27
Pax Terra
Доколку за она што си го учел и си го сакал и сега го работиш е задоволство и привилегија која малку ја имаат, во земјава секој работи за егзистенција. Па немаш можност да го работиш тоа што го сакаш, работиш што и да е да преживеиш. Моментално не работам, и немам некое си работно искуство.
 
  • Like
Реакции: TIGERWOMAN31SK

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,683
3,863
1,183
Работам како шанкер во хотел, но сепак не секојдневна работа,туку за викенди, за свадби и било какви свечености / прослави.
Условите се добри .. но можат да бидат и подобри :)
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,130
1,066
113
Скопје
www.statik-group.com
Инспирирана од темата математика и последните неколку постови,ме заинтересира вашето работно искуство до сега во животот?
Што сега во моментов работите?
Дали сте задоволни од условите во кои работите?
Дали вашето школување има врска со она што денеска го работите?
Што би сакале да работите?
Дали желбите со она што би сакале да го работите,можат да ви помогнат за една добра егзистенција.
Воведов на темава се сведува на повеке прашања,а во следен пост ке го објаснам моето работно искуство до сега и ке дадам одговори за моите видувања околу овие прашања.
Уште од многу рано почнав да работам за да си имам пари.Низ неколку наврати сум давал откази, сум наидувал на газди кои вршат тортури, мали плати итн итн.
До сега имам сменето 5/6 работни места, со тоа што траеле многу кратко.
Моментално работам во фирма основана со мои најдобри другари, и тоа со функција супервизор и менаџер.
Моето школување досегашно нема допирна точка со тоа што сега го работам.
А моментално го работам токму тоа што сум го сакал.Помалку или повеќе.Можеби навистина има пари, ама знаеш, колку повеќе пари толку повеќе проблеми/нервози/стресови.
За да имаш за егзистенција и за нешто повеќе од тоа, т.н луксуз тогаш треба да бидеш амбициозен.Најголем мотив да ти биде желбата за амбициозност.
Секој еден кој е амбициозен, гази преку се’, се истакнува пред другите со неговите вештини и видливи резултати во работата тој ќе биде таа фаца што ќе го лапа кешот.
Останатите кои што се задоволуваат со 9.000 месечно и потоа кукаат дека немаат пари сами си се криви.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Најпрво што имам работено за баз пари и чисто задоволство е што имам пуштано музика во средното училиште на одморите
Во радиото на мојот град имам краток период пуштано исто музика и си ја пробав среката и како водител :D
Имам работено по кафичи и дискотеки
По приватни журки по студенските домови исто имам пуштано музика,ако може да се нарече тоа еден вид работно искуство.
Во Англија работев повеке работи а најмногу ми се допадна кога работев како контролор на квалитетот на производите што се пакуваа во фабриката за супермаркетите низ Англија.
Во електронски казина работев 7 години.
Сакав никогаш повеке да не работам по казината,не успеав да извадам виза за Англија и да се вратам пак таму и за замена заминав на извесен период во Црна Гора кај што прифатив да работам дури и како помошник кувар и сум пре задоволна од тоа работно искуство,не од работата што ја работев,тоа и онака си го знаев,туку од периодот што го поминав во тие 4 месеци.
За жал пак им се вратив на казината,сега веке сум да не речам менаџер оти ме нервираат такви титули ке кажам одговорно лице во едно казино.
Реков за жал оти работата што ја работам е многу наблегодарна и не човечна иначе го сакам она што го работам и не би го сменила засега за ништо.:)
Може нешто испуштив но одприлика напишав и исто сакам да додадам дека сум присталица на поговорката џабе работи џабе не седи.
Никогаш неможеш да знаеш која работа кон што може да ти ги отвори портите во животот и кон што може да те усмери.
Не сакам да работам, сакам да учам... Немам работно искуство.
И јас сакам Бобо да учам и да не работам,имав услови да не работам уште на мои 18 а можеби и ден денеска ги имам тие услови но го сакам вкусот на самосталноста,сакам моите знаења да ги увреднам и да си го задоволам своето јас,самата.
Не дека твоето е погрешно ама ете јас го одбрав овој пат,понесена од условите,околината и тогашните мои размислувања.
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum and slb_bobo

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,838
6,527
1,153
Градибачалник на Прибој
Цел живот работам (и додека се школував и додека студирав и сега нормално) и не сум задоволен со моите достигнувања. Дококлу би ги правел истите работи во некоја од поразвиените земји до сега би имал минимум пола милион на сметка. Познавам премногу луѓе кои имаат идеи, кои се залагаат влегуваат во секакви бизниси и повторно нивнот буџет не се зголемува. Едноставно не се исплаќа да функционираш во оваа држава во приватниот сектор.
Тоа што го имам завршено нема никаква допирна точка со сите работи во кои сум влегол, не ме ни влече банкарстовото.
Најдобра работа која сум ја работел била менаџирање на дискотеки, секако е презаморна и нервозна но барем немаш ризик околу финансиите, други вложуваат ти работиш. Исто така испадна и една кратко трајна работа за која не би говорел тука и се залагам повторно да влезам ако има можност, каде работиш само по телефон и состаноци. Во таа работа јас немав некој голем ризик само посредував и земав одреден процент.
Моментално функционирам со приватна фирма и не знам како да се изјаснам (дали е добро или не):confused:
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Уште од многу рано почнав да работам за да си имам пари.Низ неколку наврати сум давал откази, сум наидувал на газди кои вршат тортури, мали плати итн итн.
До сега имам сменето 5/6 работни места, со тоа што траеле многу кратко.
Моментално работам во фирма основана со мои најдобри другари, и тоа со функција супервизор и менаџер.
Моето школување досегашно нема допирна точка со тоа што сега го работам.
А моментално го работам токму тоа што сум го сакал.Помалку или повеќе.Можеби навистина има пари, ама знаеш, колку повеќе пари толку повеќе проблеми/нервози/стресови.
За да имаш за егзистенција и за нешто повеќе од тоа, т.н луксуз тогаш треба да бидеш амбициозен.Најголем мотив да ти биде желбата за амбициозност.
Секој еден кој е амбициозен, гази преку се’, се истакнува пред другите со неговите вештини и видливи резултати во работата тој ќе биде таа фаца што ќе го лапа кешот.
Останатите кои што се задоволуваат со 9.000 месечно и потоа кукаат дека немаат пари сами си се криви.
Не се согласувам дека амбициозноста мора да гази се,има и друг начин кој се разбира признавам дека можеби е потежок ама совеста е чиста.
 
  • Like
Реакции: Jericho and slb_bobo

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,635
5,810
1,153
27
Western Sky, Land of Oz.
студирам сметководство и ревизија , не сум работела уште а се гледам како ревизор еден ден.. Праксата ми е единственото нешто најблиско до работење до сега :)
 
  • Like
Реакции: Mnogo Bitno

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Цел живот работам (и додека се школував и додека студирав и сега нормално) и не сум задоволен со моите достигнувања. Дококлу би ги правел истите работи во некоја од поразвиените земји до сега би имал минимум пола милион на сметка. Познавам премногу луѓе кои имаат идеи, кои се залагаат влегуваат во секакви бизниси и повторно нивнот буџет не се зголемува. Едноставно не се исплаќа да функционираш во оваа држава во приватниот сектор.
Тоа што го имам завршено нема никаква допирна точка со сите работи во кои сум влегол, не ме ни влече банкарстовото.
Најдобра работа која сум ја работел била менаџирање на дискотеки, секако е презаморна и нервозна но барем немаш ризик околу финансиите, други вложуваат ти работиш. Исто така испадна и една кратко трајна работа за која не би говорел тука и се залагам повторно да влезам ако има можност, каде работиш само по телефон и состаноци. Во таа работа јас немав некој голем ризик само посредував и земав одреден процент.
Моментално функционирам со приватна фирма и не знам како да се изјаснам (дали е добро или не):confused:
Да но целиот бизнис во било што 80 посто зависи од менаџирањето,ако не успее бизнисот значи не чинело менаџирањето.
Тој што еднаш започнал со оваа одговорна работа,претежно престанал само доколку не ја извршувал како што треба.Секако и тоа е пропратено со икс влијаниа однадвор.
 
  • Like
Реакции: slb_bobo