Леле девојко дај не се акај од земја со безвезни муабети налик твојне. Разбери дека во Македонија владее непотизам и иронично е што истиот е забранет со закон, но во пракса е широко распослан.
Вината да не се барала кај вујковци и тетки, баби и стрини што своите полуписмени деца и внуци ги напикаа на своја слава и пристапот го ограничија на некому кој стварно учел?
Како најсвеж пример ќе го земам Битолскиот универзитет. Додека не се пишуваше по медиумите, таму на големо царуваше токму тоа - непотизам. Штом почна да се пишува, почнаа да се применуваат мерки. Треба ли некој да „урла“ по медиумите за да течат нормално работите како што течат во други земји? Дечкото што опишува погоре е токму тоа - реален живот и место да му речеш идат бољи времиња (што нормално нема да дојдат), треба да сфатиш од неговиот пост дека средната класа (на чесните луѓе во Македонија полека умира). Дека повеќето не сме деца на апаши и силеџии и дека без курвање и книшка сакаме да заработиме чесен леб и дека покрај еден куп положени испити со наш труд и мака, не е сеедно да гледаш како ЛИНГУР доаѓа на место каде што треба да си ти. Заслужено! Ај сеа умислувај се Парис Хилтон, пошо не умееш да разликуваш луксуз од просечна - нормална живеачка.
Види вака како прво подобри си го начинот на комуникација и не кревај тензија за да не се караме овде, со тоа твое однесување. Од секогаш сум и јас и против непотизам и против се и јас сум осетила на мој грб и дури сум студирала и се, гледав и тие до мене што седеа ќе оставеа празни тетратки и ќе положеа а јас ќе требаше да се отепам од пишување и учење за да положам и на работните места исто..Ама што ми беше муабетот ако ги гледав нив што требаше да плачам и да кукам оти некој положил а јас не, тоа немаше да ми помогне ако не се трудев и ако не си гледав јас сама да успеам. И мене никој не ми помогнал па ШТО...И не ми се понашај овде ко Бранко прибери се малку...