Просење

the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
42
Омилена тема за мене...
Епа вака, јас сум убеден дека се додека има општество во кое религијата е длабоко вкоренета, и во кое претседател е човек кој е верник до точка на фанатизам и политиката се обидуува да извршува преку цркви и црковни ритуали,ќе има просјаци кои ќе просат, и ќе бенефицираат од црковното учење за сожалување.
Каде е тука проблемот?
- Е Д У К А Ц И Ј А !!!!
Доколку земјата, системот, раководствата повеќе внимание посветуваат на едукацијата и квалитетот од едукација, толку повеќе ќе се обработат моралните вредности и луѓето полека ќе почнат да се водат преку нивните морални вредности, а не преку религиските приказни за деца за доброто и злото од кое се вкоренува страв до срж.
Сега, јас не верувам дека во светот постои човек доволно добро едуциран кој ќе проси, наместо да се бори со достоинство и интегритет да го добие она што смета дека го заслужува во овој свет. Проблемот е во тоа што моралните вредности се темелени според религиските учења за помагање на сиромашните, но забораваме дека така сиромавиот станува зависен од нечија помош, станува лош модел за неговото дете кој најверојатно ќе го следи примерот на неговите родители, ја губи желбата за функционирање во системот, се чувствува индиферентен кон промените и движењата и така останува во мизерна состојба цел живот.
Антитезата: доколку не им се помогне, туку се илуминираат? Се едуцираат?
Секој ќе почне квалитетно да размислува. Ќе го сознае значењето на зборот интегритет. Ќе почне да се срами да проси, и срамот ќе го натера да работи, да биде подобар модел за неговото дете, ќе се инсталира во системот за да од подобра перспектива да ги види можностите од овој свет, и на крајот да сознае дека борбата за живот е смислата на живеењето. Во таа борба среќаваш пријатели, учиш нови техники на преживување, го даваш својот придонес кон подобро општество...
Тука се одземени лицата со специјални потреби, но не мислам дека се тоа обврска на обичниот граѓанин.
Ние плаќаме даноци, придонеси од вработувањето а баш овие средства, де јуре би требало, меѓу другото, да ги сервисираат потребите на тие луѓе со специјални потреби.
На тој начин, ќе им се овозможи и соодветна помош, соодветна социјализација, програми за унапредување на нивниот развој и се друго како што следи.
Да пресечам, категоично сум против просењето, и наместо тоа се надевам дека ќе се изнајде решение преку кое ќе се овозможи и просјаците да бидат потенцијално вработени лица кои ќе плаќаат даноци и кои ќе бидат со свој придонес за дел од масата која не е работоспособна поради најразни причини.
Но, треба да се темели секуларизам во системот а после тоа се ќе почне кон добро.
Утопија е ова знам, само не можев да останам рамнодушен на темата :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and Lena

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Не ретко на улица срекаваме луѓе што просат, молат за некој денар да соберат и да купат (демек) парче леб. Али се случува истите тие луѓе да ги видиш како купуваат цигари наместо леб.
Паѓате ли на молбите на питачите или ладнокрвно поминувате покрај нив? Колку пари би им дале? Го оправдувате ли ваквиот начин на доаѓање до пара?
Мене лично се случило питач да ме убеди да му дадам нешто ситно, 10-20 денари. Или било некое мало детенце што звучело толку убедливо или некоја мајка со дете па ајде пуштам срце. Но пред некое време решив да не дадам ни денар на питач. Не ради себичност. Ми се случи дете во инвалидска количка да ми побара пари, па почна да ми збори колку му е тешко, дека се само он и мајка му, која е болна итн итн. Седнувам на клупа 10 метри од местото. Истиот тип таму со количката. Доаѓа негов врсник и му вели стани сеа мене ми е редот. Овој станува си ги делат парите и заминува. Да не го видев бар да не ми беше криво што ме прелагале. И не го оправдувам ваквиот начин на заработување. Тоа е чисто од мрза (според мене)

На објектот каде што работевме, кој беше веднаш до главната комерцијална банка, позади нејзе што се вели баш на почетокот на чаршијата имаше една бабичка која стоеше до црквата.

Стара, изнемоштена, слаба.Првиот пат кога ја сретнав ми побара пари и ја прашав:
-А гладна ли си бабе?
--Да синко, еве сега собирам пари за едно геврече.Цел ден сум тука за тоа геврече.За повеќе немам.Во нејзината рака имаше цели 8 денари собрано.

Беше во една стара сукња без џебови.Железните пари ги стискаше мислиш дека држи 100 евра.Едното око и беше сосема бело, а другото полузатворено.Толку жал ми падна, срцето ми се кинеше кога ми кажа дека 8 денари има и нема уште собрано за геврек.А беше 2 на пладне.Јас до 2 часот имав јадено сендвич од 100 денари, испиено 2 кафиња во центар, лименка кока кола и испушено пола кутија цигари.Сума сумарум 300 денари сум потрошил.А она? Не може да собере пари за да јаде.

И реков да ме почека.Отидов до првата бурекџилница.И купив геврече, јогурт и осмина бурек со месо.Се вратив.Седнав со нејзе и и реков дека ќе доручкуваме сега.
Гевречето го изеде со сласт заедно со јогуртот, додека пак бурекот не.
-Бабе и ова е за тебе.
--Не синко, не сум научена на тие работи јас.Мрсно е, плус скапо е бабе.

Од тогаш секој ден, негде накај 11/12 часот кога купував храна за мајсторите, обавезно и купував било што најдев од бурекџилница.Најчесто геврече, некогаш и симит погача.
И понудував и пари.Не сакаше.Мене ми е битно вика, да јадам бар еднаш дневно.Пари за друго не ми требаат.Стара сум јас.

Си се дружевме може 8/9 месеци.
Сега на баскерфест кога бев, поминав од таму бабичката не беше веќе тука.Или умрела или сменила место.

Муабетот ми беше.На стари, изнемоштени лица, верувајте дека доволно е да му купиш геврече или симит погача.Понуди му и пари 10/20 денари.И да ги земе, сигурно е уште гладен па ќе си купи пак нешто за храна.
Греота е, да гледаш човек жеден/гладен и да не му понудиш.Не мора да си исклучително богат за да му купиш нешто.Тие пари и така ќе ги потрошиш на глупости.Мастики на пример.

А за младите.Не се сите лешинари.На Југодрво семафорите за да свртиш лево накај кисела вода, стално стои еден дечко кој криви со нозете.Порано сум мислел дека само проси.
Не бе брат.Еднаш му отворив прозор и му реков ела да ти дадам пари.
Чекај бате не, јас само одмарав малце.
Зимање кантата, става сјај вади сунгер шофершабјната ми ја чисти.И чисти мислиш овој ќе ми бара 100 денари.Запна фраерот, стиска зуби.Колку треба?
Колку ќе дадеш бато, јас ти исчистив добро по мое.Еве ти 20 денари.
Значи човекот има проблеми со нозете.Тоа се гледа од километар, ама не проси.Заработува, работи чесно и живее од бакшишот на луѓето и тоа со недостаток е.Не е хумано луѓето да ги бркаат и пцујат таквите.
Дај му шанса.Исто како што вас некој ви дал шанса да се вработите.

А за оние млади што најчесто праат тужни фаци и не работат само просат.Жалам.
Јас на 15 години сум почнал сам да заработувам.Сум го допрел дното уште коа сум бил прва година средно.Никогаш не сум барал помош од другите.сум барал само работа за да заработам за мене.Сум бил упорен и ми се исплатело.
Никогаш не се чека на другите.Ако својот живот не го земеш во твои раце, не очекувај никаква добрина нити од најблиските.
 
Шмекси, не се согласувам потполно со тебе...
Дали мислиш дека си го оправдал постоењето со тоа што си ја наранила бабичката со ѓеврече? Дали мислиш дека на жената и било потребно и топол дом, социјален живот, другарки на нејзина возраст? Дали мислиш дека не може да направиме ништо во однос на тоа?
Јас не мислам така.
Јас мислам дека ние кои не сме на иста позиција, имаме обврска да смениме нешто во причините кои доведуваат до просење.
Мора да го кренеме гласот во нивно име и тогаш ќе спиеме мирно дека сме го направиле вистинското нешто за тие луѓе во потреба.
Се друго е справување со последици, кои никако не ја решаваат ситуацијата.
п.с. Во шведска тешко да најдеш просјак на улица. Доколку не поверуваме дека тоа може и кај нас да го постигнеме, тогаш ние не сме ниту патриоти, ниту ја сакаме земјата во која живееме.
Размисли за ова :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зависи од расположение. Во поголем дел од случаи им давам по некој денар или ако се згребат за цигара (циганчиња обично). Ако имам настап на мизантропија не ги ни перцепирам.
Во споредба со паразитите (политичарите) на кои сакале или не им давате половина од сето она кое го заработувате (кумулативно, сите даноци и давачки се барем половина од вашиот труд) и тие ги трошат на најразлични срања, често и на ваша штета....... 10 денари во неделата нема да ви сменат ништо. А не верувам дека во просек налетувате на питачи повеќе од еднаш неделно. Барем со питачите постои избор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Циганот што глуми дека е глув и нем, и се шета со картички на кои пишува дека бил таков, секоја вечер е на апарати (сенатор) под железничка, и освен што е глув и нем, знае и добро да пцуе и да слушне кога се паѓа џек потот. :gjavol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Седевме прееска со една другарка во Жена парк и доаѓаат две мали циганчиња (Лела-4год и Џингис8год),си седнаа до нас
ни направија муабет,ни дадоа комплименти дека сме биле многу убави,Девојчево почна да ни раскажува дека живеат во К.Вода,живее со уште 2сестри и еден брат кој како бебе починал.Слатка беше со исчупкана шатирана косичка(која сама се пофали дека си ја фарбала) ,со мили очи и слатки бели криви запчиња.Не знаеше многу добро да зборува но се се разбираше што сака да каже.И дадовме нешто ситно и не замоли друг пат ако сме доаѓале да и донесеме облека.Ептен беше дружељубива, и понудив да и ставам парфем ,се израдува и прифати па дури и кога требаше да си оди ме замоли да и ставам повторно... И искрана да бидам Лела ми го разубави денот :)
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Шмекси, не се согласувам потполно со тебе...
Дали мислиш дека си го оправдал постоењето со тоа што си ја наранила бабичката со ѓеврече? Дали мислиш дека на жената и било потребно и топол дом, социјален живот, другарки на нејзина возраст? Дали мислиш дека не може да направиме ништо во однос на тоа?
Јас не мислам така.
Јас мислам дека ние кои не сме на иста позиција, имаме обврска да смениме нешто во причините кои доведуваат до просење.
Мора да го кренеме гласот во нивно име и тогаш ќе спиеме мирно дека сме го направиле вистинското нешто за тие луѓе во потреба.
Се друго е справување со последици, кои никако не ја решаваат ситуацијата.
п.с. Во шведска тешко да најдеш просјак на улица. Доколку не поверуваме дека тоа може и кај нас да го постигнеме, тогаш ние не сме ниту патриоти, ниту ја сакаме земјата во која живееме.
Размисли за ова :)

Мојата совест, бар за таа работа работи.Делот од мене што се вика хуманост и човечност работи и сум помогнал колку што ми дозволуваат средствата и можностите.
Сите ние знаеме што ни треба за да бидеме среќни.Прашањето е дали ние сами одлучуваме за нас или пак има некој фактор кој не спречува во нашето пркнување?
Доволно сум вмешан во цела таа политичка игра преку партијата во која што сум веќе долго време.Сум бил на скоро сите тие состаноци, каде што милиони, милиони од буџетот на РМ се одделуваат за градење згради, катни гаражи, реновирање на позначајни објекти (собрание) итн итн.
И тоа е со една цел.Тие што се богати да станат уште побогати.Рецимо Бауер фирма.Си викаш од кај курац испадна таа фирма.Е ни јас не знам ама знам дека сите можни објекти ги гради таа фирма.И јас сум поврзан со таа фирма.Не од што газдата сака.МОРА.Ама му е гајле, и така ми дава само трошка од неговиот огромен колач.

Верувај дека за проектот 2014, нема да заврши никогаш.Тоа ти е исто како коа ќе земеш отворен кредит на стопанска банка (ОК) :D Никогаш не можеш да го затвориш, па сакал и три пати плати си го кредитот :)
Ради таа урбана мафија народот ќе пати многу.Кој се снајде снајде.

И да државата сака да ги згрижи сите тие бездомници, да изгради не знам ти какви центри за згрижување, нивно школување итн итн немаат пари.Зборам за буџетот.
Во буџетот има доволно пари да се вратат сите кредити, да се изградат сите недоизградени згради, и наредни 20 години од џебот на народот да преживува тој наш буџет.
Ама да не ја терам накај политика.Овие гомнава пак ќе ми лупнат некоја опомена за ич ништо.

Значи сепак, се' би требало да остане на нас луѓето и нашата совесност.Јас знам дека сум подобар од некое мамино и татино синче, кое наместо во пелени од мало го облекувале во сако.Кој не мрднал со мал прст и ги мрази сите, особено бездомниците.
Јас денот го завршувам со добро дело.Па макар и со тоа што ќе дадам 10 денари.На некого тие пари многу многу му значат.

Патем за у шведска.Таму нема бездомници, ама затоа има ТОП опремени затвори.Иде бездомник, крши стакло од излог на некоја фирма и лежи 20 дена у затвор.к*р го боли, има сала за рекреација, плазма тв, засебни купатила итн итн.
Не е се така розево ни во странство веруј.

А инаку знам што сакаш да кажеш и кон што целиш ама...

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
Со 10 денара дадени на просјак можеш да се чуствуваш супериорно,да се чуствуваш дека ти е избришан некој грев:)
Со 50 денара ќе се чуствуваш дека тој поголемиот грев што ти тежи одамна ќе биде избришан од тефтерот.
Давањето милостина ти е потствесно искупување.
 
Smiley_1996

Истакнат Член
14 февруари 2012
345
802
393
Кумановоoo !
Уште од мала си ја пратам интуицијата и срцето ... Секогаш кога почуствувам потреба да им дадам пари им давам ... Еднаш брзав видов на патот мало циганче просеше,толку почуствував камен на срце, но часовите ќе ми почнат,цел пат мислев на тоа циганче,дури и на часовите , па потоа го барав на истото место и го најдов стуткано(беше зима) му дадов 50 денари,ми падна камен од срцето ... Утре ден го гледам со цигара в рака,му реков:Нели си гладан ,па цигаре си докачија? Тој:Не е мое цигаре на пријатеља,а тија паре што ми ги даде, сестра ми се оперира ,Фала! После 1 недела по пат ме сретна сестра му и ми даде ружа,во знак на благодарност (flower)Само да знаете колку ми значеше тоа!:) Се има некоја причина! Како што напиша mspasenoski (Тема:Мисла на денот):Без ветер водата не се ниша (се има своја причина) ! ... Многу ме погоди мислата Позз mspasenoski:* :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and parvati

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Давам колку можам и каде можам...не е убаво чувството кога знаеш дека лепак дишат од тие пари ама за жал неможам ништо да направам во врска со тоа....веќе фаќа поголеми рамери оваа проблематика. Стално у кафуле дечиња дај два денари пет денари ...си купуваат најчесто тост и синалко и ги знаеме тие деца , стално се тука околу нас ...не ги одминуваме....колку можеме им даваме, за жал тоа не е ништо. Обично кога доаѓам во Скопје обавезно ако седам некаде доаѓа по некој човек за пари или кифличка ако седам негде да јадам. Последен пат и дадов пари на една баба , си купи лепче и одма го изеде, после ми беше жал што не и дадов јогуртче да купи...ама после дојде еден дечко и него за лепче , дојде уште една девојка , нејќеше пари сакаше цигара и нејзе...неможам да бидам од типот аа ти цигари сакаш леб нејќеш...и им давам кога имам. Некогаш некои ме плашат, сомнителни ми се,...така, не оти стварно се, него чудни ми биле....човек си , и се плашиш за својата безбедност у секој случај. Само ме изнервирале еднаш оние што идат демек болни собираат пари и више не знаеш кој лаже а кој навистина има потреба. Е за тоа ми е жал, оти може сме се посомневале и не сме му дале на оној на кој му требало пари...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena