Просење

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
298
230
1,043
Не ретко на улица срекаваме луѓе што просат, молат за некој денар да соберат и да купат (демек) парче леб. Али се случува истите тие луѓе да ги видиш како купуваат цигари наместо леб.
Паѓате ли на молбите на питачите или ладнокрвно поминувате покрај нив? Колку пари би им дале? Го оправдувате ли ваквиот начин на доаѓање до пара?
Мене лично се случило питач да ме убеди да му дадам нешто ситно, 10-20 денари. Или било некое мало детенце што звучело толку убедливо или некоја мајка со дете па ајде пуштам срце. Но пред некое време решив да не дадам ни денар на питач. Не ради себичност. Ми се случи дете во инвалидска количка да ми побара пари, па почна да ми збори колку му е тешко, дека се само он и мајка му, која е болна итн итн. Седнувам на клупа 10 метри од местото. Истиот тип таму со количката. Доаѓа негов врсник и му вели стани сеа мене ми е редот. Овој станува си ги делат парите и заминува. Да не го видев бар да не ми беше криво што ме прелагале. И не го оправдувам ваквиот начин на заработување. Тоа е чисто од мрза (според мене)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Премногу ги има тие на семафорите што лажат дека нога им е скршена, рака подуена итн. Јас им давам зависно од расположението. И тие не сакаат да просат но не е само кај нас во Македонија вака, го има по цел свет. Значи не е крива државата. Тие го одбрале ваквиот начин на живот. Некои дури и ако не им дадеш пари па те навредуваат, плукаат и сл. работи. Така да не секој заслужува да му дадеш.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Одамна се спремам да ја отворам темава.
Поголеми лажговци од нив нема! Особено од онаа бабана што стои кај Irish pub и на излез од ГТЦ накај плоштад тука кај ЖуЖу...со Адидас елече и елегантна ташна, солидно облечена застанала и проси....еднаш поминав од таму и оставив 10 денари, после тоа одам на пазар ја гледам како си купува овошје зеленчук и тоа некое вон сезонско што не би можел секој да си дозволи, мислам краставици дека беше тоа,во сред зима...за да плати вади цело купче пари...
и на циганчиња мали им имам давано,ама како пијавици се, на едно ќе дадеш ќе викне цела екипа по него и ќе те гњават ке идат по тебе ќе ти смрдат се дур не им извадиш и на нив... а не дај боже лошо да се однесуваш, еден куп клетвки и пцовки ќе добиеш а можно е и плуканица....некад од страв им давам :zesko
Иначе се согласувам со Сесил дека се мрзи,дека не им се работи,дека сами си го одбрале начинот на живот-легачки.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Има една бабичка, секогаш проси во ГТЦ, или кај Irish Pub или пред Жу-Жу. Од кога започнав на факултет да идам пред 4 години и поминувам скоро секој ден, таа е тука. На -20 степени и на 40 степени. Никогаш не се навикнав, па дури како што поминува времето се покриво и покриво ми е за неа. Кога имам и давам, кога немам, навистина ми паѓа премногу жал. За стари луѓе, исто како и за малечки дечиња, подеднакво сожалувам.
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
501
1,110
393
Жално е што ради тие таквите лажни питачи, страдаат оние што навистина им се потребни тие пари :nah
 
  • Like
Реакции: КрисТина К.

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
137
169
43
Скопје
Единствените "питачи" што добиле пари од мене се тие што свират или продаваат Paloma.

Не прифаќам и не можам да сфатам како секој ден може да лежат на -20, а да не можат да отидат до КАМ маркет, со 34 денари да земат пакување од 10 пакетчиња марамчиња и да ги продаваат по 10 денари. Мислам, има премногу можности, а тие ништо не прават. Па затоа, ако тие не можат да работат, тогаш нека не очекуваат дека јас можам да им дадам пари.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Јас ги сметам за рак на човештвото, за нус-појава на општеството и секако за големи лажговци. Не може да ме убедува некој мене дека моите 5 денари ќе му помогнат. Не е проблем, би му дал и 50 ама да видам дека стварно ќе купат леб, а не цигари, лепак и не знам ти што. Кај мене у близина спроти драмски пред тинекс има еден што ја мава главата (и си има тарифа дури човекот, 10 ден. му е тарифата) преку ден-два го гледам како влегува во тинекс и разменува 1000 метални за банкнота. Ееееј, илјадарка дневница. Па министер не зема толку бе. И после да им дадам? Ма треба тие да ми дадат мене, а не јас ним.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,635
5,809
1,153
27
Western Sky, Land of Oz.
Има една бабичка, секогаш проси во ГТЦ, или кај Irish Pub или пред Жу-Жу. Од кога започнав на факултет да идам пред 4 години и поминувам скоро секој ден, таа е тука. На -20 степени и на 40 степени. Никогаш не се навикнав, па дури како што поминува времето се покриво и покриво ми е за неа. Кога имам и давам, кога немам, навистина ми паѓа премногу жал. За стари луѓе, исто како и за малечки дечиња, подеднакво сожалувам.
E таа баба што ја сожалуваме сите во банка има орочени 60 000 евра. ја имаше по весници сега брзо
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
E таа баба што ја сожалуваме сите во банка има орочени 60 000 евра. ја имаше по весници сега брзо
Доколку е така, мене не ми е јасно зошто би го правела тоа тогаш, зошто би се понижувала и на било какви временски услови би си го ризикувала здравјето за некој денар? Бог да чува...