Просење

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Ги има насекаде во цел свет, но точно е дека не им е дозволено да се стационираат било каде.
На пример овдека во Канада не им е дозволено во строг центар, но затоа малку подоле ги има по семафорите.
Генерално поради менталитетот на лугето овдека, тие што бришат прозори се прифатени од лугето и пола од лугето им даваат пари.
Сум разговарал на таа тема овдека и заклучок од тоа беше дека, наводно не било срамота да се работи и заработи од било што чесно.
За разлика од нив клошарите низ даунтаун не смејат да ланѕаат насекаде по лугето, се рачуна тоа за малтретирање. Наместо тоа секогаш се стационирани на неколку места и статично седат со некоја кутија или капа, па кој поминува ако сака може да им остави пари.
Истото важи и за уличните свирачи. Метроата во зимно време се нивно престојувалиште, најчесто.
Кај нас ги има насекаде, безобразни и дрски, се движат помеѓу коли..и можеби нема да звучам добро ама се оддава грда слика за градот, нарочито многу ме нервираат циганите кои имаат од оние запрежнине коли со коњи и кога ке пројдат баш низ центар во градот, со огромни вреќи полни со пластични шишиња...Треба социјалните служби малку повеќеееееееееееее да поработат на оваа проблематика.