Просење

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Со 10 денара дадени на просјак можеш да се чуствуваш супериорно,да се чуствуваш дека ти е избришан некој грев:)
Со 50 денара ќе се чуствуваш дека тој поголемиот грев што ти тежи одамна ќе биде избришан од тефтерот.
Давањето милостина ти е потствесно искупување.

Гревовите со пари да се искупувале,милионерите светци ќе беа.
Давање милостина не е искупување на гревови туку човечност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Секогаш им давам пари.
Прироа размислувам на нивната животна приказна.
Најчесто се прашувам што е тоа што ги дотерало до тој степен.
Чинам секој еден од нас може да заврши до таму.
Никогаш не знаеме каде ќе не дотера животот.
Жал ми е и сакам да им помогнам(барем моментално).
Но и верувам во тоа дека се се враќа.
Еднаш сакав да си купам карта на автоматите за трамвај.
Имав банкнота со вредност од 50€.
Автоматот не ми ја примаше пошто зема само од 20€ или ситни.
Ако не го фатев тој трамвај ќе закаснев на работа,така да или морав да се шверцам или да каснам.
Случајно помина една жена со налик на просјак.
Имаше мили очи.
Ме праша дали може да ми помогне и и кажав во што е проблемот.
Го зема новчаникот и извади 2€ситни.
Ми рече:земи,можеби некогаш ќе се сретнеме повторно и ќе ми бидеш ти потребна.
Се насмеав,се заблагодарив ги земав парите и купив карта.
Сакам да кажам никогаш не знаеш што ќе ти се случи тебе и ако имаме можност да помогнеме некому па било и за еден момент би требало да помогнеме.
Ми се случувало и последните пари што ги имам да им ги дадам.
Нема да се обогатам и нема да се осиромашам од тоа.
Овде кај мене на улица,живее една жена која секогаш носи тешки ќеси со себе и си зборува самата.
Живее на улица.
Беше зимско рано утро,со многу снег,и многу ладно.
Ја видов и помислив на тоа како ли се чувствува во моментов.
Сигурно и беше ладно.
Отидов до пекарата и и купив топло кафе.
Го однесов до кај неа и и го понудив.
Со беспрекорна свесност и некој презир во очите ми рече:
Јас не пијам кафе.Благодарам.
Ме остави без конентар.
И покрај тоа што е на улица има своја гордост.
Ме интересира нејзината животна приказна и воопшто сите животни приказни на просјаците,а воедно и причината за доаѓањето до тој степен.
 
the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
42
Мојот пост во однос на просењето, во споредба со ваквите алтруистички постови излегува како да е, во најмала рака, повик за фашизам :)
Се шалам.
Чувтвсувам потреба да потенцирам дека во ниту еден момент не велам да не им се помогне на луѓето во потреба. Велам дека потребно е да се подигне свеста кај тие луѓе, и преку нас останатите да се изнајде долгорочно решение за после тоа и тие да продолжат по патотр кој сите одат. Да се социјализираат, да креираат свои семејства и домови, да се вработат...
Мислам дека е наша обврска и одговорност да ги спасиме дечињата кои со нивната детска наивност и страв од повозрасните, цел ден простат на улица, наместо да го живеат нивниот детски сон. Има такви многу деца, и насекаде не само во земјата него и на балканот.
Доколку некој е против сето ова, нека ме корегира.
И сега, доколку ние даваме пари на дечињата кои просат, ги раниме и охрабруваме “макроата“ да продолжат со нивниот бизнис.
Се извинувам, ама јас сум против ова.
Обврска ми е да ги спасам другите дечиња кои ќе дојдат после постојните...
Ги сакам дечињата, и дури предложено ми е до ЦИВИЛ (кога сум работел кај нив за време на студии) да се земат дечињата, и преку нив да се најде казна за нивните родители.
Казни еден, да оставаш порака до другите.
Можеби нема да искорениш проблемот, но и едно дете доколку се сапси, целта е постигната.
Лена, во право беше на добредојдето.
Форумот има добри карактери, и интересни мозоци :)
Поздрав до сите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Верувам дека со твојот пост сакаше да потенцираш нешто друго.
Барем јас како сфатив ти навлегуваш подлабоко во тој проблем.
Не го гледаш сето тоа површински-моментално како ние туку тргнуваш од корените на сето тоа(како би можело да им се помогне трајно,а не моментално) и што би можело да се направи да не би доаѓало до ситуации каде луѓето ќе завршуваат на улица.
Само незнам колку беше сфатен од другите.
Сите ние можеби сме им помогнале моментално,но тоа не менува ништо за утрешниот ден или воопшто иднината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: the.boy

Жално е тоа што ние можеме само да збориме за сериозна тема како оваа која директно тангира во животот на одреден број луѓе, а индиректно и до мене.
Јас би бил многу посреќен кога од многуте работи кои ме мачат, оваа со просењето ќе имаше долгорочно решение, и наместо немили сцени на мали дечиња, изнемоштени лица кои простат на улица, да гледав средени дечиња кои си играат, и изнемоштени лица кои собираат храброст да продолжат понатаму си нивниот живот...
Тука е потребен еден цел систем, не група на индивидуалци...но кога не се може, не се може...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
29
Се сожалувам на лицата што ми доаѓаат до влез со лист потврда дека треба да се оперира или незз што треба да праи во странска болница и ке им дадам по 30 ден , а на просјачишта по улици никогаш не давам зошто знам парите што ке им ги дадеш ги трошат за лепак да "дуваат" и за глипости наместо да купат нешто со што би го поминале денот .. а знаемие дека они се навикнати и можат да опстанат и на - 20 и на + 40 степени така да ич не ми е жал за нив.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Одвратни коментари се изначитав.
Толку ни е ниска емоционалната интелигенција, црева ми се превртуваат. Да не знаеш кога сме Мајки Терези, кога маќеи. Селективност.
Ако сум решила да дадам 10/20/30 денари, а притоа не ми се крши чинот и не осиромашувам, ќе ги дадам без воопшто да ми е гајле што понатака ќе се случи со нив. Па што? За нас важи она „Брат, вечер пијем да је заборавим“, а одеднаш е трагично просјак да оди да си купи цигара или некоја ш-класа ракија?
Ајде бе? По кој дифолт треба само леб да купуваат со тие пари?
Не е квантна физика дека алкохолот загрева, сигурно нема со мои 10 денари да оди капут или клима уред да си купи.
Мене ми е жал за тоа што користат мали деца (за жал постојат и случаи каде тие мали деца се изнајмуваат за просење ко да се предмети) голи и боси за да постигнат нешто. А дека има арогантни деца, има, но таква им е околината и воспитувањето кое не го добиле.
Крајно, никој не ми става нож под грло за ситна пара, па да анализирам ситуација кај отишле и што купиле. Доволно ги удрил животот да дојдат до просјачки стап, непотребни се мои или било чии анализи. Сигурно ако имам барем за скромен живот, нема да се изложувам на милост и немилост од нашите Височества, како и нивните епитети кон мене.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Се сожалувам на лицата што ми доаѓаат до влез со лист потврда дека треба да се оперира или незз што треба да праи во странска болница и ке им дадам по 30 ден , а на просјачишта по улици никогаш не давам зошто знам парите што ке им ги дадеш ги трошат за лепак да "дуваат" и за глипости наместо да купат нешто со што би го поминале денот .. а знаемие дека они се навикнати и можат да опстанат и на - 20 и на + 40 степени така да ич не ми е жал за нив.

Знаеме дека можат да опстанат на -20 и на +40 ,100 стапа по туѓ грб не болат нели ?! Па затоа нивниот век на живот е многу многу пократок од нашиот.
 
Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Имаше еден човек кој проси цел живот, и тоа на исто место. И, верувале или не, доживеа 100+ години и се издржуваше само од просење, а изгледаше како да има 70 години. Еднаш го имав видено како монетите ги става в џеб и ја остава празна кутијата.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Имаше еден човек кој проси цел живот, и тоа на исто место. И, верувале или не, доживеа 100+ години и се издржуваше само од просење, а изгледаше како да има 70 години. Еднаш го имав видено како монетите ги става в џеб и ја остава празна кутијата.
Да бе 100 години од просење се издржувал, па дури изгледал како 70. Тој ако стварно доживеал толку сигурно не е без ич, преку ден е просјак, а навечер си оди во куќа со 4 спални.