Пренатрупаност во домот

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Мојата соба е пренатрупана со кабли. Тоа е пренатрупаност, има масичка, два кревети, витрина. Треба што побзо да се оттарасам од тоа што не ми треба, ама сакам да ми биде расфрлано околу компјутер, слушалките, елкстерниот, ....
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Имаше една емисија на TLC за компулсивни собирачи, не ми текнува како се викаше.
Значи луѓе кои немаат контрола над себе, собираат буквално ѓубре и се доведуваат во ситуација да не можат да поминат од една соба во друга, БУКВАЛНО! Живеат во легло на зарази и не сакаат да се ослободат од предметите, ќе напоменам пак најголем процент е ѓубре тоа, ама кои драматични сцени ги прават кога ќе треба да фрлат барем нешто од тоа. Страшно!
Една жена имаше, како пијат кафе, чашите си ги фрлаат на под, како јадат, чиниите на под...и може да замислите.

Мене искрено хаос ме ужаснува.
Не сакам расфрални работи, пренатрупаност, непотребни нешта и фрлам се кое знам дека само ќе ми стои без да го употребам никогаш или еднаш во една година.
Сакам минималистички нешта, едноставност и чиста средина во која ќе функционирам, без разлика дали е соба, работно место и сл.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Помалку или повеќе кај овдешната раја постои компулсивно собирање, подруми во кои за да се протнеш треба да поседуваш гимнастички способности, лево на полицата меѓу сликата од Тито и внатрешна гума од точак ќе најдеш тегла со слатко од смокви кое е збогатено со пеницилин (мувла)... Скоро и да нема семејство, барем не од оние кои со малку имагинација би можеле да ги сместиме во средна класа и оние од радничката класа - кои немаат сосема непотребни купови предмети.

Социјалната историја си го прави своето, и да не се луѓето во моментот сиромаси, стравот секогаш постои, никој не знае кога ќе почне следната војна, ембарго, транзициски арамилак, до вчера се мотале аги, бегови и политички комесари... немаштијата е длабоко вкоренета во колективната потсвест на балканската раја. И покрај конзумеризмот кој, благодарејќи на кинеската армија робови во некоја срамежлива форма се појави пред 10-15 години...
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Не сакам да живеам опколена со милион работи...сакам се да ми е наредено,подредено и на дофат!Сакам уредна соба,уредно здиплен плакар итн итн...големо внимание обрнувам на малите нешта на пр како е наместена рамката на сликата и сакам се да ми е во ред во мојата соба...Не сум ко Монк :) но ми пречат безврска наместени и натрупани работи кои само заземаат место а воопшто не изгледаат убаво..со еден збор сакам чиста и уредна соба и се трудам секогаш да ми биде таква!
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Да не е мајка ми нема да биде ништо пренатрупано. Ама според неа се нешто може да ти притреба еден ден. А бе има дома ствари што не се употребени 20тина години ама нека може во следните 20 ке се употребат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo and Furby

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Обично сакам ред на работите,се соочував со пренатрупаност во плакар, но од кога донирам по луѓето облека немам таков проблем, но имаме проблем во подрумот кој е полн со маси, столеви кревети , завеси, железо и што ти знам, треба да ставиме крај на тоа и некаде да ги дадеме или фрлиме. Некои од нив успеавме да ги реставрираме и креативно да ги употребиме ама онолку колку што ни дозволува просторот. И подрумот да стане можеби едно убаво собиче со приватна винска колекција.))) тоа ми е и голема желба впрочем.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јас не сакам да фрлам работи. Ама исто така не сакам да ги наоѓам неуредни.
Токму затоа, во подрумот имам две сталажи со работи што не ги употребувам, ама знам дека ќе спритребаат.
Така ги чував и шините и возот со кој играв како мал. Денес откако убаво ги исфарбав шините, за да не се познава рѓосаното, син ми може да си игра со возот како да е нов.
Исто така сум фанатик на чување на секој купен весник. Уште имам весници од времето кога Нова Македонија беше во малку поголем формат...
Колекционер сум на стари македонски работи....така да во дневната соба можат да се видат многу стомни, но не изгледа пренатрупано...барем мене не ми изгледа.
Исто така сум голем љубител на книгата, па имам направено сам нешто како библиотека. Тоа се книги еднаш прочитани, некои недопрени повторно, некои препрочитани.....луѓето ми викаат што ќе ми се да ги купувам, јас викам дека вредат богатство....
Така да... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and kizzo

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
Мене пак мислите ми се пренатрупани никако да ги средам, а и на работа исто така. Дома ми е ок мајка ми се средувва да е жива и здрава ако не е она ќе биде пренатрупано :D
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Ауу колку ме нервира ова. Мајка ми се нешто чува. Ќе се најдело. Јбг од таа генерација е што тешко се одделува од нејзините работи, само оние моите не ми требаат. Украси, чаши, кристали, 100 години стари. Нека е и расипано, може ќе се напраи. И после леле се нервирам, нервирај се....од 60 м2 ќе добиеш 120 ако исфрлиш некои работи.