Имаше една емисија на TLC за компулсивни собирачи, не ми текнува како се викаше.
Значи луѓе кои немаат контрола над себе, собираат буквално ѓубре и се доведуваат во ситуација да не можат да поминат од една соба во друга, БУКВАЛНО! Живеат во легло на зарази и не сакаат да се ослободат од предметите, ќе напоменам пак најголем процент е ѓубре тоа, ама кои драматични сцени ги прават кога ќе треба да фрлат барем нешто од тоа. Страшно!
Една жена имаше, како пијат кафе, чашите си ги фрлаат на под, како јадат, чиниите на под...и може да замислите.
Мене искрено хаос ме ужаснува.
Не сакам расфрални работи, пренатрупаност, непотребни нешта и фрлам се кое знам дека само ќе ми стои без да го употребам никогаш или еднаш во една година.
Сакам минималистички нешта, едноставност и чиста средина во која ќе функционирам, без разлика дали е соба, работно место и сл.