Пренатрупаност во домот

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ах да, „нека го, ќе се најде за нешто“. Не знам од кај да почнам колку борба водев со моите за глупости, што еден период станав и јас таква т.е. моето беше повеќе носталгично, ама сепак.
Хордање е опасна работа. Штом се појде по тој пат, веќе станува опсесија и дури ги фаќа луѓето грев во смисла „Ај па она не го фрлив, ова поубаво е, зошто да го фрлам?“ а станува збор за украсни шишиња од 90 годишнината на Скопско. Да, за себе зборам. Ги чував со години и ги фрлив пред некој месец. :zelen

Како и да е, освен тоа, сакам да ми е средено. Не го сакам она ептен под конец, прашинка да нема или да мерам милиметри со саати, ама па не сакам ни да се губам меѓу триста играчки на кревет ко некои носталгичари што не исфрлиле ништо уште од 87-ма.