Прашања за акваристика

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
post-1-1199645831.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Уф, колку ми е драго што се отвори темава и што има некој кој се разбира.

Вака, добив аквариум со 20 и кусур риби на поклон пред околу 3 месеци.

Аквариумот е со димензии:
должина: 58cm
висина: 42cm
ширина: 29

Нема живи растенија во него, само подлога со песок и неколку вештачки растенија.
Со него имам поприлично голема пумпа со филтер, грејач и неонка.
Грејачот е подесен на 28 степени (толку го подесил продавачот, наводно тоа била најсоодветна температура за тие риби)

Типот на рибите - појма неам кој е, ќе прикачам слика да ги ѕирнете.

Ми беше кажано дека филтерот треба да го чистам на 1 недела, а вода да менувам по 30% на 2 недели. Водата ја отстранувам со црево (влече од дното), а ја додавам дирекно од легенче. При додавање не ја оставам да стои, туку дирекно (од болјер) со приближна температура (гледам да е млака).

Храна им давам еднаш на ден, од сабајле. Појма немам што тип е, микс некој е - едната е во форма на зрнца, другата како ливчиња.

Проблемот е што пред месец дена почнаа да ми умираат риби. Во моментов една седи постојано на дното...

Ако има искусен некој, би ценел доколку ми даде неколку совети и да ми посочи во што грешам.

Поповски, аквариумот, ти е прилично добар а и добри димензии има да би бил нормален за одреден вид на риби.

Од рибите што ги имаш во аквариум, вака се:

Тој ко триаоглник големиот, со долги перки како мустаќи, е СКАЛАР.
Црната се вика Black Molly
Тоа проѕирната риба, е фантом тетра.
Тие со долги опашки шарени се гупи, тие ситните.

Стави на задното стакло позадина, купи си од продавница со тревен дизајн да изгледа подобро аквариумот.
Греачот е добро на 28, и онака не се точни кинеските 26 сигурно ќе грее што е одлична температура.
За чистење, грешно си разбрал.

Секоја недела ќе менуваш по 30 % од водата од аквариум, а коа менуваш добро го сифонираш дното. Ако има потреба менувај и понабрзо, зависно од рибите, ако стојат на дното, ако стојат само горе, значи има проблем, ако дишат со шкргите брзо не чини водата и одма смени 30 % никако поеќе оти ќе спадни брзо пх вредноста.

Далје, изборот на рибите е добар, но една риба во свое јато. Ова е каша попара, од се по нешто. Тетрата е јатна риба и сака 20 парчиња такви риби да би било океј. Кога се сами се поизгубени и полесно подлегнуват на болести.

Према мене, остави ги во аквариум гупите, не растат повеќе од тоа а и имаат добар колорит. Купи му некоја женка, ќе ти раѓа риби, можеш моли, ксифо, платица али не повеќе од 20 риби.Алгар исто ќе ти треба, некој коридорас и тоа е тоа.Скаларот нека не се мачи дај го на некој што има голем аквариум или замени го во продавница, оти ќе ти ги гризи гупите а коа ќе нарасти и ќе касни по некоја риба..

Зошто рибите ти биле на дното,зголемено е нивото на амоњак, а тоа е затоа што го периш често сунгерот. Во акваристиката има назив “полезни бактерии“ тоа е нормална бактерија која се создава во водата каде што има живот, и го користи отпадот (изметот) од животните како храна. Со оглед на тоа што е затворен систем аквариумот со малку вода брзо ќе се загади и бактериите се тие што го отстрануваат амоњакот по природен пат, и рибите се здрави. Ти го миеш филтерот често, а поеќето мислат оти слуижи за да ја бистри водата, што е грешно, служи за биолошка филтрација, значи бактериите се населуваат во сунгерот и тука се случува процесот на отстранување на амоњакот. Кога филтерот смрди на земја, на тиња, значи имаш голема колонија на бактерија, шо е потребна, ако го испереш филтерот, ќе ги умриш бактериите, и почнува одново процес на создавање што е многу долг. Во меѓувреме, ќе ти изумри голем број на риби...

Филтерот миј го 1 месечно, и кога го миеш, строго со вода од аквариум, ако го миеш од чешма хлорот ќе ги убие бактериите, затоа не треба вода од чешма директно да се стави во аквариум. Значи, филтерот го вадиш, црпиш литро две вода од аквариумот и ги периш сунгерите, краткотрајно колку да се исчисти ѓубрето, а не смееш темелно перење оти ќе ги сјебеш бактериите, после 1 минута перење највеќе колку да не е запушен сунгеро се враќа и се остава другиот месец за чистење. Вода прави промени еднаш до два пати неделно, 30 % ама секако да е отстоена. Остави вода да отстои, а после тури вриена вода, со цел да дојди млака. Значи на 10 литра отстоена, ставаш пример 2 литра вриена вода, да дојди млака водата и тоа е тоа. Храни ги со купечка, брендирана храна, SiLine Арамин, Карамин секакви има, универзал, едно пакетче месец дена и повеќе ќе тера. Давај им по малце, 2 пати дневно. Тоа е се околу твојот аквариум засега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: efederer

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Најпрвин фала за темелниот одговор.

Еве сега што разбрав, што не разбрав :)

Значи Скалари имам 3. Беа 4, еден ми умре. Викаш овие не се соодветни? Зошто? Најубави ми се...

Стави на задното стакло позадина, купи си од продавница со тревен дизајн да изгледа подобро аквариумот.
Моментално има плава некоја позадина, тоа се вади лесно?


Секоја недела ќе менуваш по 30 % од водата од аквариум, а коа менуваш добро го сифонираш дното. Ако има потреба менувај и понабрзо, зависно од рибите, ако стојат на дното, ако стојат само горе, значи има проблем, ако дишат со шкргите брзо не чини водата и одма смени 30 % никако поеќе оти ќе спадни брзо пх вредноста.
Има некое посебно „помагало“ за добро сифонирање на дното?

Према мене, остави ги во аквариум гупите, не растат повеќе од тоа а и имаат добар колорит. Купи му некоја женка, ќе ти раѓа риби, можеш моли, ксифо, платица али не повеќе од 20 риби.Алгар исто ќе ти треба, некој коридорас и тоа е тоа.Скаларот нека не се мачи дај го на некој што има голем аквариум или замени го во продавница, оти ќе ти ги гризи гупите а коа ќе нарасти и ќе касни по некоја риба..
Може да ми посочиш слика за овие, или барем оригиналните имиња да ги ѕирнам како изгледаат?

Моментално една седи на дното и дише на шкрги веќе 2 дена.
Пред 3-4 дена сменив вода и го исчистив филтерот, незнам што да и правам...

Инаку имам и чистач, атачирам слика да го видиш, незнам што сорта е. И уште една слика од други две што одат по дно цело време со мустаќи :)

П.С. Оваа во атач црвената, беа 2, и еден ден го видов чистачот во уста со едната... мора да средам...
 

Прикачувања

  • photo(1).JPG
    photo(1).JPG
    340.7 KB · Прегледи: 41
  • photo(2).JPG
    photo(2).JPG
    566.6 KB · Прегледи: 44
  • photo(3).JPG
    photo(3).JPG
    621.5 KB · Прегледи: 42
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Најпрвин фала за темелниот одговор.

Еве сега што разбрав, што не разбрав :)















Инаку имам и чистач, атачирам слика да го видиш, незнам што сорта е. И уште една слика од други две што одат по дно цело време со мустаќи :)

Значи Скалари имам 3. Беа 4, еден ми умре. Викаш овие не се соодветни? Зошто? Најубави ми се...

Не се, растат 30 цм висина, а 25 ширина со се грбни перки. Потребата од простор, расата -циклид, си го прави своето да биди сепак предатор, а и потреба од широк простор, за нормален живот. Скалар, испод 200 литри миниум вода, не бива скалар, иако може и во 100 литри + да живее сепак треба и повисок аквариум и поширок. Еве како изгледа аквариум за скалар:




Моментално има плава некоја позадина, тоа се вади лесно?

Toa e обична фолија, залепена, тешко се вади имав и јас таков аквариум,ако ти е добра остави ја.


Има некое посебно „помагало“ за добро сифонирање на дното?
150 денари се обично црево, џабе фрлени пари на исти принцип сите работат. Арно ти е тоа до бавча што го користиш:)



Може да ми посочиш слика за овие, или барем оригиналните имиња да ги ѕирнам како изгледаат?
Абе слика, ќе ти ги пишам латинскиве имиња, најди ги на гугл оти ми кочи xenforo ептен кога пробувам да ставам слика.

Guppy (тие со шарени опашки) *гупи
Таа црвената е ксифо (Xiphophorus Heleri)
Тие со точки, црниот голем чистач ги викат: Ancistrus
Тој малиот сив чистач е : Corydoras *(коридорас на наши, истите имиња ги имаат од латинското име)
И скаларо, ќе пишиш Scallare, Angel Fish или било шо ќе излези посложено е латинското име, не ми текнува.

Моментално една седи на дното и дише на шкрги веќе 2 дена.
Пред 3-4 дена сменив вода и го исчистив филтерот, незнам што да и правам...
Оваа во атач црвената, беа 2, и еден ден го видов чистачот во уста со едната... мора да средам..
Чистачот не јади риби, туку била мртва и зел да ја шмука во распаѓање. Ок е е што си ја тргнал, тие се вегетаријанци, и би го сјебал хранопроводот ако ја изеде мртвата риба. Таа што дишела на шкрги, фактички дишела и претходно на шкрги, пошто ниедна нема боца со кислород, туку паднала и не станала од зголемено ниво на амоњак. Значи сум отворил триста теми на форумов, некој ги спои во една, земи прочитај ја, ќе ти одземе 15 минути од скапоценото време, и ќе научиш прости правила за аквариум, али најбитното овде ќе ти го кажам. Аквариумот е биолошки круг. Рибата сере во водата, и се создава во неа амоњак, кој е најголем убиец на рибата. Риба може 20 минути на воздух да остани жива, ама 15 секунди се потребни да умри во 100 % амоњак. Па види сега од што умираат. Е сеа, филтерот не служи да ти ја бистри водата пошто рибите и не се замараат туку служи за биолошка филтрација. Како што кажав, постојат ПОЛЕЗНИ бактерии што се исхрануваат со амоњак, кога рибите какаат во аквариум, се создава амоњак низ водата. Штетен е за нив, а филтерот како што ја вшмукува водата ја носи во сунгерот. Таму се наоѓаат бактериите, по правило,затоа што се населуваат на рапава површина, како сунгерот, и на темни места, затоа е затворен во кутија, и тука водата помина, и во тој процес земаат од амоњакот и создаваат нитрит од истиот. Е сеа нитритот не е опасен, а растенијатас може да го користат како храна, ама пошто немаш растернија истиот тој ако се наталожи може да им предизвика воспаление на шкргите. Затоа потребни се почести промени на вода, а тој што ти рекол на 2 недели, да си јади ушите, си ги умрел сите риби, пак имајте осет, жал према животното зошто да трпи маки, за само да биди еден обичен украс во домот кој ќе го погледните 2 мин во годината? Значи, за тој аквариум, ќе менуваш на 4 дена вода , по 30 %, за да ги отстраниш сите тие штеточини што се создаваат од измет, од скапана храна, мртви риби и др.
Филтерот 1 МЕСЕЧНО ПЕРЕЊЕ, И ТОА СО ВОДА ОД АКВАРИУМ, И КРАТКОТРАЈНО СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗАЧУВА КОЛОНИЈАТА НА БАКТЕРИИ КОИ НЕ ГИ ГЛЕДАШ АМА ПОЧУСТВУВАЈ МИРИС НА ЗЕМЈА, ТОА Е ЗНАК ДЕКА ИМА БАКТЕРИИ ВО НЕГО И ВРАТИ ГО НАЗАД ВО ПУМПАТА. Ете тоа е се што треба да правиш, поедноставно не може да биди, земаш канта вода ја полниш и ја оставаш да стои долго, долго време. Кога ќе дојди време да мениш вода, празниш 30 % во некоја канта, а од стоената, додаваш ама гледај да биди топла, па додај од болјер жешка, околку 1 литар со цел да дојди млака, а од болјер да има малку вода а повеќе отстоена. и ја враќаш полека, без некои стресови, цела вода никогаш не се менува оти пх вредноста ќе варира.

Филтерот, ако го измиеш со жешка, ладна, вода со хлор од чешма, или било каква вода, ќе си е*е матер. Буквално. повеќе од 5 минути ако е изложен надвор, на суво, голем дел од бактериите ќе сјебеш. Ако е на светлина исто така можеш да зезнеш. Значи, вади го сунгерот, набрзина го миеш строго во ВОДА ОД АКВАРИУМ НАЦРПЕНА ВО НЕКОЈА КОФА, и го стискаш 10-тина пати во кофата, и ќе испадне црнило, гнасотија и шо и да е и го враќаш. За неколку часа, ќе се средат бактериите и следно чистење, дури другио месец. Ако е многу запушен, нормално поеќе ќе го истегаш.


И мал совет, ако купуваш риби не земај се што гледаш. Повеќето се фиктивни риби, во превод, риба што е мала, измрестена или агресивна или генетско модифицирани. Не ти треба тоа ѓубре, а најмалце земај карас. Тој е речна риба, сака брзи и ладни води, гнаса голема е, расти преголем, а овие во дуќаните ги продаваат како риба за во кугла, а таа сака највеќе простор. Само шупелкиве наши ги купуваат оти продавачо има сигурно 1000 денари промет на тоа, а не сфаќаат дека за 1200 денари вкупно се купува мал аквариум со филтер,греач и риби.
Исто, чување во тегла е мачење, тоа го знае продавачо ама ќари многу пари на тоа, а куглите ги земаат од стакларите, пошто е кинеска 1мм стакло и се крши лесно, куглата да ја купиш од солун е 40 денари наши просек од 5 литри а во аквашоп е 500-1000 денари.Кугла е глупост, и ги купуваат поради гледање цртани филмови и читање бајки и ќе купат од тие караси, златни рипки шо ги викаат па валјда и желба ќе им исполни....

Тој карас правилно изгледа како обична риба , а е модифициран да има 4 задни перки, грбна перка, изместен хранопровод и се останато, повеќето од нив јадат и повраќаат ради дефомираниот хранопроводф, која риба има прво дебело црево па систем за варење, тоа е чудовиште, франкенштајн не направил таква гнаса, како сингапурците со карасо.
Отвори ја прикачената датотека 1181
ете ја мојата...куќата сакала надвор да и стои..:D


Ова да фатиш да го ставиш во аквариум со риби, сите риби ќе го убијат, од друг вид, освен иста како него карас нема да прави ништо. Ова генетско модифицирано сингапурско ѓубре, незнам како ви е интересно да го чувате во тегла со 2 литри вода на преживување така до крајот на животот, со телескоп очи, па да ги добие овие очи, како мали ги ставаат во темни буриња, со ептен малку светлина, значи една дупка во капакот, и за да ги напрега очите, добива вакви телескопи, а и со тек на генетско вкрстување, позади гледаш има 4 опашки,а нормалное риба да има 1, како мачка со 1 глава. Далје, гледаш има голема грбна перка, и долги опашки (шлаер) и то не е нормално, а и не му треба и онака вкугла ќе дреми нема кај да плива, да може да збори сигурно ќе ти порача јаже да го убиеш, роден за да се мачи ти се вика ова.
Види ја само колку е очајна, седни некогаш пред нејзе, и не мисли колку изгледа слатко, туку размисли:

Риба секогаш потсеќа на слобода, море потсеќа на безкрајна ширина, слобода што во превод би дошло дека риба многу тешко може да живее ограничено. И кога човек зема некое животно да го малтретира,односно да го чува, треба да гледа што поприродни услови да му пружа, исто како што градовите, воопшто не се природни за луѓето, и бетон, и бучава, па се градат среде центар паркови и зеленило,а не згради. Ако сакаш украс среде соба, поарно стави една пластична;)
 

Канзуров

Нов член
23 февруари 2012
5
3
3
30
Novo Lisice
Ми умреа 15-16 рипчиња.Некои 10тина што ми останаа ги преместив во друг аквариум.Незнам од што можело да ми умрат,пред некои 2-3 дена купив растенија и им ставив прихрана за растенијата.Може од тоа...
Дали да им ставам сол на овие што преживеале,да идам да барам некој лекови ако има? Што предлагате.?
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Колку литарски аквариум (минимум) би ми бил потребен за да направам морски аквариум?
И дали има многу за одржување?
Малку повеќе инфо ако може...
 

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Колку литарски аквариум (минимум) би ми бил потребен за да направам морски аквариум?
И дали има многу за одржување?
Малку повеќе инфо ако може...

Marick14 имаш доста работа околу морскиот аквариум. Литражата не е толку битна како што се битни опремата, одржувањето...Прво треба да се одлучиш каков морски аквариум сакаш fishonly или reef, но и за двата ке ти треба skimer за прочистување на водата во зависност од големината на аквариумот, 1или2 турбулентни пумпи, повратна пумпа која ке ја вади и повторно врака водата до skimerot каде што ке се прочистува и назад. Специјално осветлување кое сам ти тешко да го направиш, бидејки коралите бараат посебен спектар на светлина. Мерач за салинитет на водата и постојано додавање специјална сол. Адитиви за прехрана на коралите, UV стерилизатор, греач итн. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Аце

Староседелец
2 март 2012
68
28
618
Во зависност од IP
www.ibiz.mk
На сликава изгледа страшно, јас вакво не би чувал :)). Како и да е секој си има свој вкус. Оваа риба и не бара многу хигиена така да лесно е да се одржува.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дали чувате рипки?
Досегашно искуство со нив?
Некој вид на риба да препорачате, кои живеат заедно а кои не, мрестење итн....се за аквариумските риби.

Може да дадете и некои совети.
Каква храна им давате доколку имате.

ribki_10.1024x768.jpg


Погадна од оваа Ботиата нема. Сите риби ми ги изеде. :mad:
Botia-macracantha-1.jpg