Најпрвин фала за темелниот одговор.
Еве сега што разбрав, што не разбрав
Инаку имам и чистач, атачирам слика да го видиш, незнам што сорта е. И уште една слика од други две што одат по дно цело време со мустаќи
Значи Скалари имам 3. Беа 4, еден ми умре. Викаш овие не се соодветни? Зошто? Најубави ми се...
Не се, растат 30 цм висина, а 25 ширина со се грбни перки. Потребата од простор, расата -циклид, си го прави своето да биди сепак предатор, а и потреба од широк простор, за нормален живот. Скалар, испод 200 литри миниум вода, не бива скалар, иако може и во 100 литри + да живее сепак треба и повисок аквариум и поширок. Еве како изгледа аквариум за скалар:
Моментално има плава некоја позадина, тоа се вади лесно?
Toa e обична фолија, залепена, тешко се вади имав и јас таков аквариум,ако ти е добра остави ја.
Има некое посебно „помагало“ за добро сифонирање на дното?
150 денари се обично црево, џабе фрлени пари на исти принцип сите работат. Арно ти е тоа до бавча што го користиш
Може да ми посочиш слика за овие, или барем оригиналните имиња да ги ѕирнам како изгледаат?
Абе слика, ќе ти ги пишам латинскиве имиња, најди ги на гугл оти ми кочи xenforo ептен кога пробувам да ставам слика.
Guppy (тие со шарени опашки) *гупи
Таа црвената е ксифо (Xiphophorus Heleri)
Тие со точки, црниот голем чистач ги викат: Ancistrus
Тој малиот сив чистач е : Corydoras *(коридорас на наши, истите имиња ги имаат од латинското име)
И скаларо, ќе пишиш Scallare, Angel Fish или било шо ќе излези посложено е латинското име, не ми текнува.
Моментално една седи на дното и дише на шкрги веќе 2 дена.
Пред 3-4 дена сменив вода и го исчистив филтерот, незнам што да и правам...
Оваа во атач црвената, беа 2, и еден ден го видов чистачот во уста со едната... мора да средам..
Чистачот не јади риби, туку била мртва и зел да ја шмука во распаѓање. Ок е е што си ја тргнал, тие се вегетаријанци, и би го сјебал хранопроводот ако ја изеде мртвата риба. Таа што дишела на шкрги, фактички дишела и претходно на шкрги, пошто ниедна нема боца со кислород, туку паднала и не станала од зголемено ниво на амоњак. Значи сум отворил триста теми на форумов, некој ги спои во една, земи прочитај ја, ќе ти одземе 15 минути од скапоценото време, и ќе научиш прости правила за аквариум, али најбитното овде ќе ти го кажам. Аквариумот е биолошки круг. Рибата сере во водата, и се создава во неа амоњак, кој е најголем убиец на рибата.
Риба може 20 минути на воздух да остани жива, ама 15 секунди се потребни да умри во 100 % амоњак. Па види сега од што умираат. Е сеа, филтерот не служи да ти ја бистри водата пошто рибите и не се замараат туку служи за биолошка филтрација. Како што кажав, постојат ПОЛЕЗНИ бактерии што се исхрануваат со амоњак, кога рибите какаат во аквариум, се создава амоњак низ водата. Штетен е за нив, а филтерот како што ја вшмукува водата ја носи во сунгерот. Таму се наоѓаат бактериите, по правило,затоа што се населуваат на рапава површина, како сунгерот, и на темни места, затоа е затворен во кутија, и тука водата помина, и во тој процес земаат од амоњакот и создаваат нитрит од истиот. Е сеа нитритот не е опасен, а растенијатас може да го користат како храна, ама пошто немаш растернија истиот тој ако се наталожи може да им предизвика воспаление на шкргите. Затоа потребни се почести промени на вода, а тој што ти рекол на 2 недели, да си јади ушите, си ги умрел сите риби, пак имајте осет, жал према животното зошто да трпи маки, за само да биди еден обичен украс во домот кој ќе го погледните 2 мин во годината?
Значи, за тој аквариум, ќе менуваш на 4 дена вода , по 30 %, за да ги отстраниш сите тие штеточини што се создаваат од измет, од скапана храна, мртви риби и др.
Филтерот 1 МЕСЕЧНО ПЕРЕЊЕ, И ТОА СО ВОДА ОД АКВАРИУМ, И КРАТКОТРАЈНО СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗАЧУВА КОЛОНИЈАТА НА БАКТЕРИИ КОИ НЕ ГИ ГЛЕДАШ АМА ПОЧУСТВУВАЈ МИРИС НА ЗЕМЈА, ТОА Е ЗНАК ДЕКА ИМА БАКТЕРИИ ВО НЕГО И ВРАТИ ГО НАЗАД ВО ПУМПАТА. Ете тоа е се што треба да правиш, поедноставно не може да биди, земаш канта вода ја полниш и ја оставаш да стои долго, долго време. Кога ќе дојди време да мениш вода, празниш 30 % во некоја канта, а од стоената, додаваш ама гледај да биди топла, па додај од болјер жешка, околку 1 литар со цел да дојди млака, а од болјер да има малку вода а повеќе отстоена. и ја враќаш полека, без некои стресови, цела вода никогаш не се менува оти пх вредноста ќе варира.
Филтерот, ако го измиеш со жешка, ладна, вода со хлор од чешма, или било каква вода, ќе си е*е матер. Буквално. повеќе од 5 минути ако е изложен надвор, на суво, голем дел од бактериите ќе сјебеш. Ако е на светлина исто така можеш да зезнеш. Значи, вади го сунгерот, набрзина го миеш строго во ВОДА ОД АКВАРИУМ НАЦРПЕНА ВО НЕКОЈА КОФА, и го стискаш 10-тина пати во кофата, и ќе испадне црнило, гнасотија и шо и да е и го враќаш. За неколку часа, ќе се средат бактериите и следно чистење, дури другио месец. Ако е многу запушен, нормално поеќе ќе го истегаш.
И мал совет, ако купуваш риби не земај се што гледаш. Повеќето се фиктивни риби, во превод, риба што е мала, измрестена или агресивна или генетско модифицирани. Не ти треба тоа ѓубре, а најмалце земај карас. Тој е речна риба, сака брзи и ладни води, гнаса голема е, расти преголем, а овие во дуќаните ги продаваат како риба за во кугла, а таа сака највеќе простор. Само шупелкиве наши ги купуваат оти продавачо има сигурно 1000 денари промет на тоа, а не сфаќаат дека за 1200 денари вкупно се купува мал аквариум со филтер,греач и риби.
Исто, чување во тегла е мачење, тоа го знае продавачо ама ќари многу пари на тоа, а куглите ги земаат од стакларите, пошто е кинеска 1мм стакло и се крши лесно, куглата да ја купиш од солун е 40 денари наши просек од 5 литри а во аквашоп е 500-1000 денари.Кугла е глупост, и ги купуваат поради гледање цртани филмови и читање бајки и ќе купат од тие караси, златни рипки шо ги викаат па валјда и желба ќе им исполни....
Тој карас правилно изгледа како обична риба , а е модифициран да има 4 задни перки, грбна перка, изместен хранопровод и се останато, повеќето од нив јадат и повраќаат ради дефомираниот хранопроводф, која риба има прво дебело црево па систем за варење, тоа е чудовиште, франкенштајн не направил таква гнаса, како сингапурците со карасо.
Отвори ја прикачената датотека 1181
ете ја мојата...куќата сакала надвор да и стои..
Ова да фатиш да го ставиш во аквариум со риби, сите риби ќе го убијат, од друг вид, освен иста како него карас нема да прави ништо. Ова генетско модифицирано сингапурско ѓубре, незнам како ви е интересно да го чувате во тегла со 2 литри вода на преживување така до крајот на животот, со телескоп очи, па да ги добие овие очи, како мали ги ставаат во темни буриња, со ептен малку светлина, значи една дупка во капакот, и за да ги напрега очите, добива вакви телескопи, а и со тек на генетско вкрстување, позади гледаш има 4 опашки,а нормалное риба да има 1, како мачка со 1 глава. Далје, гледаш има голема грбна перка, и долги опашки (шлаер) и то не е нормално, а и не му треба и онака вкугла ќе дреми нема кај да плива, да може да збори сигурно ќе ти порача јаже да го убиеш, роден за да се мачи ти се вика ова.
Види ја само колку е очајна, седни некогаш пред нејзе, и не мисли колку изгледа слатко, туку размисли:
Риба секогаш потсеќа на слобода, море потсеќа на безкрајна ширина, слобода што во превод би дошло дека риба многу тешко може да живее ограничено. И кога човек зема некое животно да го малтретира,односно да го чува, треба да гледа што поприродни услови да му пружа, исто како што градовите, воопшто не се природни за луѓето, и бетон, и бучава, па се градат среде центар паркови и зеленило,а не згради. Ако сакаш украс среде соба, поарно стави една пластична