Прашања за акваристика

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
155
256
1,063
Простор за сите вљубеници во рибите. Како го одржувате вашиот аквариум? Совети за менување и чистење на водата, какви рипки чувате, колку пати во денот ги храните, совршена температура во аквариумот, промена на филтерот, декорирање на аквариумот...
 
  • Like
Реакции: Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
Одлично темава ми дојде како препорачана... Имам полно прашања, вчера со сестра ми зборевме сакаме да чуваме риби.
  • Колку пари се, сакаме некој поситни?
  • Која е цената на аквариуми?
  • Храната колку пари е?
  • На колку време се чисти аквариумот?
  • Каде да се најде украси за него?
  • Најдобро место за чување?
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
155
256
1,063
Јас купував аквариум за подарок пред некое време. Цените се различни во зависност од големината а и ги прават по нарачка. За декорација и типови на рипки кои можат да живеат заедно ми раскажа човеков од кај што купував - позади соборна црква мислам дека се вика Boozoo ама не сум сигурна. Човеков е профи се што треба ќе ви даде - и комбинации со рипки и ќе ви го среди аквариумот со позадина, песок, ќе ви каже каква храна да користите, тревки. Да ја најдам картичката ќе ви кажам и контакт.

Уствари ipopovski може да сподели повеќе инфо има дома :)
 

Maks

Староседелец
Имав аквариум сега веке не но никако не можев да ги зачувам рибите многу често умираа. Подоцна дознав дека храна им се дава еднаш дневно дали е точно тоа? Ако има некој рибички да каже? Аквариумот сеуште го имам и планирам да го рестартирам пак :biggrin
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
360
356
1,063
300.000.000 BC
Ја имав аквариум ама во него не чував риби туку глушец :D Кога ми го купи татко ми бев најсреќна..Глувчето не бие вода само јаде зелка и една посебна храна што му ја купувавме..Али за жал мајка ми прозорот навечер го остаила отворен и влегло едно маче и ми го изело глувчето..и трагите од нозете му се гледаа..Од тогаш мразам мачки!
Чупе, јас и сите останати научници би биле крајно позитивно изненадени ако стварно постои глушец или друг цицач што не пие вода. Помалку верувај им на гласините, и онака ќе ти цркнеше од недавање вода.
Од зелката му мириса мокрачата, така да помалце и тоа ти требало. И на крај , отвори тема глушец што у риби и аквариум...


Одлично темава ми дојде како препорачана... Имам полно прашања, вчера со сестра ми зборевме сакаме да чуваме риби.
  • Колку пари се, сакаме некој поситни?
  • Која е цената на аквариуми?
  • Храната колку пари е?
  • На колку време се чисти аквариумот?
  • Каде да се најде украси за него?
  • Најдобро место за чување?
1. Сите риби се ситни кога ќе се родат. За растење зависи можат од 2 цм до 2 метри да израснат.
2. Зависи колкав аквариум сакаш.
3.Зависи што риби чуваш таква храна ќе земиш.
4.Зависи колку добра филтрација имаш.
5.Украси се рибите во аквариумот, и живи растенија.
6.Најдобро место за чување - дома.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
360
356
1,063
300.000.000 BC
да у право си...:)
знаеш имам дома некои стакла од шофершабни на кола
може ли да се направи нешто како уникатен аквариум или слабо ???:)
Уникатен акв. е фабрички ама ќе ти треба кеш 100тина евра сигурно. А ако си правиш на стаклар, ќе поминеш со 50тина евра најмногу.
Обично аквариумче како од членот погоре кошта околу 300-500 денари зависи кај го правиш и квалитетот на стаклото.
Филтер пумпа за тој акв. е 400 денари, греачот 300, песок ќе ти треба, некое растение, капак а можеш и стакло да ставиш, сијалица, и имаш аквариум. На крај додаваш риби. Не е тешко бе, ако почнуваш, али стварно ако си во ПЛАН и кешот е до тебе, кажи ќе ти објаснам:) Или коа ќе сум во форма ќе отворам тема како да почнат со аквариум:)
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
360
356
1,063
300.000.000 BC
зошто бе,никој со никого не се закача,ниту јаде,едино тревките малце ги влече тоа карасот:)
Тоа ок, не се закачаат, ама за изгледот викам каша попара. Да ти кажам искрено, во акваристички продавници денес ќе најдеш СЕ само она што ти треба нема да го најдеш. Ете сам гледаш, си ставил пластични школки во аквариумот, а тоа е инспирација од некој кич дизајн, слика, филм цртан филм или било што, си ставил украсни камчиња и тие цефки или што и да треба да значат. И истите тие “украси“ што ги викаат ги продаваат по големи цени, 300, 350, па и 500 а немаат никаква функција во аквариумот.Тие пластични цефки или што и да се подобро изгледаат скриени, едино ќе им служат на мали риби коа се измрестени или на чистачите.. школки, боенки глупости не ти требаат, значи има разлика од таква слика, до добар акваскејпинг како овој:











Eве мал пример значи, со малите аквариуми, НАНО се викаат, може најдобро да се експериментира, и да се направи совршен и едноставен аква скејпинг затоа што не бараат многу деталји. Обично се редат со камчиња и ниска трева, а назад се остава поголема, или пак како оние погоре. Се што гледаш во аквариумиве е природно. И акваристиката е да го донесеш природниот баланс на природата во една мала тегла со вода. Е сеа тоа НИКОЈ не го може, но наше е да пробаме.

Зошто вистинска трева?

Тревата зема CO2 а испушта кислород. Рибите дишат Кислород а испуштаат CO2. Едноставна природна заедница.
Рибите создаваат измет, а изметот им служи на растенијата како гној. Ако нема растенија, изметот ќе се раствори во водата, и ќе се создадат отпадни материи и ќе изумрат рибите, а доколку не само ќе се мачат.
Храната распадната, недојадена, скапува и создава фосфати. Растенијата ги користат како храна. Значи со растенија, до чист аквариум. Не е чистотата во водата, туку колку таа вода содржи отпадни материи создадени по природен пат.


Према мене, незнам од кај си, ама поразбарај живи растенија што не се многу захтевни. Ако сакаш повеќе живот за растенијата ќе ти кажам финта како се прави супстрат за растенија без да даваш пари.Ќе ти треба и осветлување да земиш добро, 2 -3 штедливи неонки по 40тина вати се топ. Евтина инвестиција и добро осветлување.
Се останато ти е океј, макар што јас ако сум во прашање би го тргнал тоа генетско модифицирано чудовиште КАРАС со 3 задни перки. Тоа ти иде нешто како мачка со 6 нозе... Вистинскиот карас вака изгледа:




За овој мал аквариум, и да немаш мака, направи го тоа погоре, и земи си неколку гупи, ксифо, платки, и така нешто само не го преполнувај. Ќе ти биди забавно:)
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
360
356
1,063
300.000.000 BC
Оди кај некој стаклар и кажи му да ти направи. Скоро сите стаклари прават аквариуми, ќе му кажеш дека ти е за риби да ти го направи поубаво..за вода да не пропушта.
Долу стави му камења поголемки, ама пред да ги ставиш ќе ги зовриеш во вода, а можеш и песок од Pets Shop-овите да купиш, има специјална а не е многу скапа околу 200 денари е. Можеш и некои камења во боја (исто во Pets Shop-овите ги има) да му ставиш и некои тревки специјални за во аквариум..школки и такви работи. Најубаво е да ставиш вода внатре отстоена 2 недели.. Цената на рибите е од 50 нагоре..обавезно купи и „чистач“, и една пумпа мислам дека се вика нешто за водата е. Купи и специјален топломер што се става однадвор на аквариумот за да гледаш колку е водата.. :)
Најубаво е за рибите џигери да мму се дава. Специјална храна е 70 денари кај нас..
Водата се менува на 2-3 месеца..тогаш рипките ќе ги извадите надвор во една чинија ставете ги (подлабока) и исчистете го со жица отстрана убаво и после со вода оплакнете..
Ако имате некое прашање пишете ми слободно :)
Вака да разјасниме 2 работи. Прво, текстот напишан со погрешни совети, не би требало некому дас му помогне освен ќе му одмогне. А второ, од народски кажувања “ова вака требало она онака, никогаш не се постигнува стабилен аквариум“.

Како прво, самата не можеш да разбериш што се става а што не, си пишала “ и една пумпа мислам дека се виканешто за водата е.“ Значи и сама не знаеш за што е, а викаш стави. Каква е таа пумпа? За гуми пумпање на точак?
Кој рипки се од 50 нагоре? Само 2 вида на риби има? Имаш милион риби што се испод 50 денари.
Термометар да ставел за да гледа “колку е водата“...:cao
Какви џигери бе чупе? Која риба во природата, фаќа друга риба, со нож ја расекува, и и ги вади џигерите па и ги јади?Мислам, ајде, кој од вас слушнал, “Пливач во охридско, излегол без џигери, пастрмка му ги извадила и ги изела...“
Која риба јаде џигери бе? Што трескате зелени. Водата на 2-3 месеца ако ја менуваш ќе добиеш дома БАРА, ќе почне да фаќа и алги и ќе шири непријатна миризба, какви чинии бре.
Значи дојде, се зачлени од нигде никаде и се натреска глупости. Не да се правам јас попаметен, ама кога некој го кажува нештото ПОГРЕШНО, у порно му го сервира на неукиот како да е правилно, стварно ме фаќа нерва. Кога незнаеш, расчитај се има доволно форуми за акваристика. Не е стварта само, стави пумпа “нешто за водата е“ давајте им џигери, вода на 5 месеци...
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
360
356
1,063
300.000.000 BC
Значи, поради што советите што секој ќе дојде, се зачлени и пиши не се веродостојни од причина што народот се и сешто ќе слушне, па испаѓа расипан телефон со советите. Да не дојде до забуна, еден ми рече вода не се менува, друг ми рече се менува ама на 5 години, трет не требало вода ич во аквариум , овде ќе ги објаснам постапките за склопување на аквариумот, општите правила, кои ќе ви бидат МАЛ ПРИРАЧНИК. Се надевам ќе бидам доволно јасен, што после читањето на ова ќе имате општа претстава што е аквариумот,и како би требало да функционира. Пред се да разјасниме дека стабилен аквариум никогаш човек не може да има, како во природа, но акваристиката е обид да се имитира парче природа.

Најпрво ќе почнам со поглавната акваристичка опрема :


Потопна филтер пумпа



Потопната филтер пумпа е нова генерација на филтри, поради што не зафаќа простор и е тивка, стана доста популарна. Порано се користеше стаклен сад позади аквариумот, и придвижувањето на водата одеше со воздушна пумпа, но премногу бучава, слаб проток си го правеа своето да напредува акваристиката.
Ова што го гледате е ПОТОПНА ФИЛТЕР ПУМПА. Во комората го има црниот сунгер, и се става во ќош од аквариумот и додава истовремено кислород во водата. 2 во едно. Цената се движи од 250 па нагоре зависно од литражата. Обично треба водата во аквариумот околу 3 пати да помини низ пумпата, и притоа да не создава големи турбуленции во аквариумот. Ако е мал аквариум до 30 литри ваква како на сликата би била океј, со 300 литри на час.


Канистер



Ова е канистер. Овој филтер е со тивка пумпа и скоро не се слуша. Предност е големата биолошка, хемиска, и механичка филтрација. Стои странично од аквариум, малце е поскап но према мене најдобра инвестиција. Доколку имате над 50 евра, земете го без да се двоумите, во сооднос за вашиот аквариум.

Воздушна пумпа




Ова е воздушна пумпа. Специјално црево, во аква продавниците го има, се купува, и се клава едниот крај на излезот од пумпата. На другиот крај од цревото се клава распрскувач, како камче, кој го закопувате под земја.Пумпата внесува кислород, а преку распрскувачот имате и интересен ефект со балончина.Се користи по потреба за додатна аерација на водата.

Аквариумски греач



Oва е греач.Целосно се потопува, а температурата ја поддесувате околу 25-26 степени зависно од видот на риби кој го чувате.Вградено има термостат, па штом ќе ја достигни температурата, веднаш се гаси, додека не падни за 2 степени.
 
  • Like
Реакции: ipopovski and Hip.Hop_MKD