Потсвест или претскажување

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Сонот е сето тоа што го мислиме, што го замараме мозокот, што го гледаме околу нас само во испревртен редослед. Не е можно да сонуваме нешто за кое никогаш не сме ни помислиле или не сме го виделе барем еднаш во животот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Потсвеста е водич во животот на човекот додека свеста е извршител на наредбите на потсвеста т.е реализатор. Мое мислење.
Ние луѓето сме суштества кои постојат помеѓу љубовта и мудроста на некоја си рамнотежа... во јаве со помош на сетилата апсорбираат реалност, а во сон ко-креираат своја реалност. Потсвеста функционира во реалноста во вид на внатрешна интуиција, додека свеста го согледува секој сигнал од таа интуиција и превзема иницијатива за нивно реагирање во материјалниот свет. Психата е воздух. Нашите мисли егзистираат во форма на зборови. Нашата состојба на умот егзистира во повеќе бранови. Кога спиеме умот ни фаќа посебна фрекфенција, мислам дека беше алфа бран (не сум баш сигурен) . Тогаш целото човеково тело се одмара, доколку е во не правилна положба или трпело некој трауми можна е појава на кошмари при што брановата должина се зголемува на повисоки фрекфенции: бета, гама, делта...итн.
Сето тоа се случува со помош на десната хемисвера на мозокот... создавајќи слика, фантазија и со помош на меморија... и најчесто соновите се надреализми, така да си немаат врска со реалноста (дека се претскажувања или слично)... пример, сонуваш дека леташ. А летањето и не е баш човечка особина. :D
Sirena%20y%20Oceano.jpg
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
ponekogas mi se slucuva da sonuvam los son od koj se budam voznemirena i naredniot den ke se sluci nesto neubavo !Kako i da e sepak mislam deka vo lugeto postoi nesto kako vidovidost,pretskazuvanje no taa darba se uste ne sme ja razvile.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: exdoxia

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Во прашање е познатата „потсвест“ за што мислам дека името не е најсоодветно.
Нашата дарба за забележување е далеку поголема отколку што можиме да замислиме. Сето тоа што го „претскажуваме“ е всушност последица на наше целоразумско видување на објективната стварност.
Врз една ваква теза која ја развивав поприлично кратно (а голема и опширна) ми се потпира целосното животно учење. Највероватно и дипломската ќе ја правам низ призмата на ова размислување.
 

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Не, потсвест е да си во транс, моќта на секој човек е токму таму, луѓето можат да предвидуваат, дури и да ја мењаваат судбината вавв, значи за да си таму, треба да оддржуваш балансна линија помеѓу будноста и сонот, што е мнооогу тешко, и се постигнува само со медитации со цел да се развие шестото сетило и хипноза, мајка ми медитира и незнам по колку долго време почувствува само дека неколку секунди блада во воздух и тоа беше се. А јас пак сакам да одам психотерапевт во странство каде што изучуваат после студии таквите нешта а најмногу сакам да поработам за хипноза, јакоо:ninja Ја прочитав и Моќта на Потсвеста, добра книга со психолошка основа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: exdoxia

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Не знам што се , ама овие два ќе ги паметам додека сум жива :
Првиот два месеци пред полуматура - сеуште без резервиран хотел, сеуште не знаевме каде за полуматура .. Сонував дека сум на полуматурската ноќ , помина онаа еуфорија и славење , цел клас се собра во една од собите, играа друштвени игри , а јас реков уморна сум ќе си легнам . Цимерите ја заклучија вратата однадвор , јас ставив слушалки и си легнав . После неколку минути осетив како некој влегува во собата и стои над мене . Балконот беше затворен одвнатре , немаше од каде да се влезе . Меѓутоа , видов едно дете на моја возраст , со косички на страна . Ми рече: " ти ќе ми бидеш жена на мене " . Го прашав : " Ама ја тебе не те ни познавам , од каде да ти бидам жена ? " . Ми рече : " Ќе се запознаеме за две или три години , запомни " .

Две и пол години подоцна , го запознав мојот последен дечко . Во рок од година и пол ми стана сопруг . Истиот од сонот . Само видно изменет во поглед на фризура и стил .

Вториот сон : Веќе родив дете . Сонував мала црквичка со бетонска патека од влезната порта и околу црквата . Влезната порта беше од железо , не класично дрвена , туку како врата од обичен двор . Од далеку гледав кон калуѓерката која метеше околу црквата , а од позади мене слушнав машки глас: " ти треба да бидеш калуѓерка " . Се свртев и викав и прашував кој си , кој е таму .. ама не добив одговор .

Ден денес не знам која е црквичката од сонот , ниту каде има таква црква . Немаше конаци околу неа , во планина беше на сонот , освен бетонската стаза од портата до црквичката и околу самата црква , другото се беше трева .

Овие два сона толку ме имаат исплашено , што веќе се што сонувам го преиспитувам по пет пати дали ми е од потсвеста или нешто друго ...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Моиве соништа се, во најмала рака, мрднати и бизарни. Многу ретко сонувам нешто што би можело да се случи во вистински живот, туку претежно сонувам ко низ видео игри т.е. проаѓам одредени пречки, избегнувам одредени места, имам рок од толку и толку време да направам нешто...
Порано не се замарав многу, но пред некое време случајно ми излезе една апликација и почнав да станувам посвесна, па сфатив дека потсвеста ми кажува многу работи на мрднат начин. Можам да одам ептен во детали и да звучам ко секта, па ќе оставам на тоа дека за мене е потсвеста.
Кај мајка ми пак има 3-4 сонови што, дали биле чиста, луда случајност или не, страшно се имаат погодено ко претскажувачки...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Моиве соништа се, во најмала рака, мрднати и бизарни. Многу ретко сонувам нешто што би можело да се случи во вистински живот, туку претежно сонувам ко низ видео игри т.е. проаѓам одредени пречки, избегнувам одредени места, имам рок од толку и толку време да направам нешто...
Порано не се замарав многу, но пред некое време случајно ми излезе една апликација и почнав да станувам посвесна, па сфатив дека потсвеста ми кажува многу работи на мрднат начин. Можам да одам ептен во детали и да звучам ко секта, па ќе оставам на тоа дека за мене е потсвеста.
Кај мајка ми пак има 3-4 сонови што, дали биле чиста, луда случајност или не, страшно се имаат погодено ко претскажувачки...
Ги пребаруваш ли соновите во соновник?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ги пребаруваш ли соновите во соновник?
Апликацијата која ја спомнав погоре е соновник, Dream Dictionary се вика (има и дневник да си запишуваш соништа + dream calendar т.е. додатно објаснување што би можел да значи сонот, колку се шансите да се исполни нештото и има за секој ден од 1ви до 31ви). Не им навлегувам многу искрено, само кога се двоумам или плашам за нешто, па ко од сонот да барам потсвесни насоки. :)
Некогаш ме зезаат да ги запишувам и продавам ко филмски сценарија. :D
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јаска немам потсвест бидејќи не сонувам, заспивам и се будам као за 5 минути иако поминале 5-6 часа. Имам слушано од луѓе за секакви кошмари и немирни сни и барем за тоа сум задоволен со самиот себе што неам потсвест :D It does what it says on the tin.