Не знам што се , ама овие два ќе ги паметам додека сум жива :
Првиот два месеци пред полуматура - сеуште без резервиран хотел, сеуште не знаевме каде за полуматура .. Сонував дека сум на полуматурската ноќ , помина онаа еуфорија и славење , цел клас се собра во една од собите, играа друштвени игри , а јас реков уморна сум ќе си легнам . Цимерите ја заклучија вратата однадвор , јас ставив слушалки и си легнав . После неколку минути осетив како некој влегува во собата и стои над мене . Балконот беше затворен одвнатре , немаше од каде да се влезе . Меѓутоа , видов едно дете на моја возраст , со косички на страна . Ми рече: " ти ќе ми бидеш жена на мене " . Го прашав : " Ама ја тебе не те ни познавам , од каде да ти бидам жена ? " . Ми рече : " Ќе се запознаеме за две или три години , запомни " .
Две и пол години подоцна , го запознав мојот последен дечко . Во рок од година и пол ми стана сопруг . Истиот од сонот . Само видно изменет во поглед на фризура и стил .
Вториот сон : Веќе родив дете . Сонував мала црквичка со бетонска патека од влезната порта и околу црквата . Влезната порта беше од железо , не класично дрвена , туку како врата од обичен двор . Од далеку гледав кон калуѓерката која метеше околу црквата , а од позади мене слушнав машки глас: " ти треба да бидеш калуѓерка " . Се свртев и викав и прашував кој си , кој е таму .. ама не добив одговор .
Ден денес не знам која е црквичката од сонот , ниту каде има таква црква . Немаше конаци околу неа , во планина беше на сонот , освен бетонската стаза од портата до црквичката и околу самата црква , другото се беше трева .
Овие два сона толку ме имаат исплашено , што веќе се што сонувам го преиспитувам по пет пати дали ми е од потсвеста или нешто друго ...