Последна прочитана книга и кратка рецензија

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
GAME OVER - незаборавниот шарм на бившата и разорната сила на новата љубов. Ако имате слободно време прочитајте си ја, вреди.
Сериозно ова ти се допадна?? :unsure
Јас додуша уште кога ја фатив да ја читам знаев дека е лимонада, ама ај викам да проветрам мозок со некоја лесна романтика...
Мислам дека книгава е на ниво на тинејџери...
Може па дека јас не сум фан на такви лесни предвидливи романчиња, кои се веч видени.
 
LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Полноќна палата К.Р. Зафон
Чекав да ја прочитам и Септемврски светлини, да видам што нуди таа, мислејќи дека сум згрешила со првиот впечаток за Палатата, ама не. Истиот остана.
Некако безвезна ми беше. Претерано детска, претерано многу фантазија има, претерано нереална... Не знам, не ми се допадна.

Септемвриски светлини-Скоро истото мислење како и за претходната. Целосно нереални. Не велам дека не лоши, можеби за некој се одлични, ама јас не љубам претерано вакви книги напумпани со фантастика.
И во двете дела преовладуваат неизградени ликови, недоволно описи на сцените... Како авторот да се трудел да внесе што повеќе хорор од мистерија, како хоророт да бил најважен во книгата, а ликовите само случајни зборчиња во неговото дело...
Да, тоа се неговите први дела, ама сепак. Добив впечаток дека ова не е истиот оној Зафон кој ја создаде легендарната Сенка на ветрот и Играта на Ангелот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Трилогијата што ја составувал пред другиве 4 и самиот вика дека е премногу наивна и е за помладата публика. И се осеќа таа детска невиност тука, јас му ја читав принцот на маглата и ја започнав втората но тука застанав, по цена да не ми се сруши филмот за самиот писател - сепак поновите му се нешто неописиво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LadyInPink

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
Последна што ја прочитав бече Крвави години од Ванчо Николески ако не се лажам интересна книгичка од некој 100-150 стрени во која се овишува животот за време на војната ;)
 
Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ангус, танги и бацување со стискање

Книга за тинејџерки, опишана прва љубов, бакнеж... Малку главниот лик ме нервираше што се замараше со многу работи. Инаку супер чик литертура.
 
Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Играта на ангелот. И пак сум под импресии. Малку крајот ме разочара, ама нејсе, одлична е.
Мистеријата почнува да се отплеткува малку по малку, а возбудата расте се повеќе и повеќе, тоа ми се допадна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and Saladin

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
Сопругата на дипломатот - Пам Џеноф

Преживувајќи ја војната, Марта Недерман е спасена од германскиот концентрационен логор со помош на американците, кои во периодот по војната ги ослободувале заробениците.​
Меѓу нив таа го среќава Пол во кој се вљубува и кој ѝ дава надеж дека и покрај сѐ што преживеала сепак може да има некаква среќна иднина со него...​
Но нивниот план да се сретнат во Лондон се урива... Уништена и бремена таа се мажи за Сајмон, британски дипломат.
Живеејќи со него полека почнуваат да ѝ се откриваат страшни тајни намерно скриени од неа...
Овде Пам Џеноф нѝ претставува едно несигурно време со уште понесигурен мир и страв од тоа што следува по војната, кога љубовта и очајот може сите нас да не претворат во непријатели и убијци...
Што сѐ таа нѝ открива во овој неверојатен роман ќе дознаете откога ќе го прочитате!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103

Ја читав пред извесно време... преубава. Оваа всушност е продолжение на "Девојката на команданот" само далеку поинтересна :)