Последна прочитана книга и кратка рецензија

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Girl, Stolen - April Henry
Мммм...мех?
Сакав да најдам нешто лесно за читање пред спиење и книгава беше токму тоа.
Имено, слепа ќерка на богаташ е случајно киднапирана при грабеж на автомобилот и приказната се врти околу нејзиното снаоѓање со киднаперите.
Ја читав на Free Books апликацијата и не очекував ништо посебно, но океј. Во морето Wattpad fanfictions, оваа беше со сосема фиктивни ликови и е благ, предвидлив трилер кој сепак не го оставаш дури не го исчиташ до крај.
Се полажав по насловот бидејќи ме потсети на Girl, Interrupted и Gone Girl, но ништо од тоа.
Како и да е, лесно и брзо се чита, не ја сметам за некакво изгубено време.
 
D

Deleted member 10294

Гостин
Последна книга што ја имам прочитано е книгата „Вештица“ од Венко Андоновски. Кратка содржина: Се работи за убиство на жените во 16 век поради мислењето дека ги изневеруваат своите мажи со ѓаволот и дека имаат сексуални односи со него. Дејството се случува во Загреб, Хрватска. Отецот Бенџамин и инквизиторот се во потрага по вештиците. Отецот влегол во една куќа во која имало многу прашина, мислејќи дека таму ќе најде некоја вештица и дека ќе може да ја земе со него. Две реченици на почетокот на романот ги опишуваат вештиците: „Таа влегува: во ноќница, во кошула месечева, жена плотна и плодна, влегува кај тебе. Ти лежиш и воздивнуваш.“ Освен во Хрватска, вештици имало и во Франција, Италија и Германија.
Во Загреб доаѓа една девојка по име Јована и, наместо да биде убиена, ја помилуваат од ваквата казна-смрт, односно убиство. На друга жена, пак, ѝ одредуваат ваква казна: одлучуваат да ја стават во самница за да ја изгризе стаорец. Жената била целата со рани на лицето и ѝ фалат заби. Отецот Бенџамин правел се што може за да ја заштити жената која била осудена на казна со стаорец, Инквизиторот дури сакал секоја жена-вештица да биде ставена на клада, но отецот Бенџамин бил против тоа. По неговата смрт, инквизиторот продолжил со мисијата да ги уништи вештиците во Хрватска.
Овој роман заслужува да се чита со огромно внимание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Мјауче

Нов член
1 септември 2022
18
10
3
До сите момци што ги сакав од Џени Хан
Љубовен роман.Се работи за девојче-Лара Џин кое нема среќа во љубовта.Еден ден сите писма што ги пишувала се испратени.Тогаш нејзиниот љубовен живот се изменува.Вљубена е во едно момче-Џош.Со помош на еден стар пријател Петер сака да го освои,така што се преправа дека е девојка на Петер.Но,со тек на време таа се вљубува во Петер.Неговата бивша девојка не сака таа да му биде девојка,и на крајот му раскинува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo