Ја имам купено пред два месеци скоро, и сеуште не дошла на ред за читање. Ама имам читано многу добри коментари за книгава.Шепнувачот
Ненормално добар трилер, ем ќе ве потресе - ем нема да може од раце да ја пуштите
И мене ми ја фалеа многу. Ама сега со коментаров некако ме замисли дали да ја читам.А инаку издание е на Матица,со нив не можеш да очекуваш добар превод.Последната римска царица Теодора-Стела Дафи
Искрено, не сум воодушевена. Очекував повеќе.
Раскажан е животот на Теодора од детството до застанувањето на тронот, а насловот ми говореше поинаку.
Очекував да читам за нејзиниот живот како царица, како жена на Јустинијан, за нејзиното владеење...
Некако, како промашена тема да читав.
А на сето тоа кога ќе се додаде ужасниот превод, впечатокот е поприлично лош...
Јас ти предлагам да си ја прочиташ (или барем да поченш) и сама да пресудиш. И мене за многу книги ми велеле дека се пр. лоши, но мене ми се допаднале и обратно.И мене ми ја фалеа многу. Ама сега со коментаров некако ме замисли дали да ја читам.А инаку издание е на Матица,со нив не можеш да очекуваш добар превод.
Како што може лош превод да уништи книга мислам ништо не може. Ако сакаш вакви книги ти ја препорачувам Папата Јована, или Невеста во Борџии премногу добри книги,особено Невеста во Борџии.Само издание се на АЕА односно Египетска сонувалка а они ја затворија книжарата. Побарај ја нема да згрешиш.Јас ти предлагам да си ја прочиташ (или барем да поченш) и сама да пресудиш. И мене за многу книги ми велеле дека се пр. лоши, но мене ми се допаднале и обратно.
А за преводот, знам, очекував, ама она беше врвот на ужасот. Навистина.