Последна прочитана книга и кратка рецензија

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Играта на гладните- Сузан Колинс

Конечно ја дочитав, покрај обврски од школо немав време одам да ја дочитам, книга која ме тераше да ја читам секоја наредна страна, книга со која се соживеав, книга која ме тераше да размислам, која ме држеше во неизвеснот до последната реченица...

Сега сакам да ги прочитам наредните 2 дела.
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
Сосема нов пријател - Мајк Гејли

Дали е возможно да постои искрено пријателство помеѓу маж и жена, без никакви меѓусебни симпатии туку само чисто и искрено другарување?
Роб Брукс е триесет и двегодишен графички дизајнер кој живее во Лондон со своите пријатели и има одлична љубовна врска со својата убава девојка Ешли Мекинтош. Но тие имаат еден проблем - Ешли живее во Манчестер и за да ја одржат својата врска принудени се постојано да патуваат, а тоа влијае на нивниот начин на живот и на нивното расположение.
Поради тоа Ешли го замолува Роб да се пресели кај неа во Манчестер. Роб не може да го прифати фактот да го напушти целиот свој свет, своите дружења и седенки со пријателите, но исто така преселбата во друг град би значела и напуштање на Фил - неговиот најдобар пријател. Бидејќи не сака да ја изгуби љубовта на Ешли тој прифаќа и се преселува во нејзината куќа во Манчестер. Е дури тогаш започнуваат маките на Роб. Поминуваат месеци и месеци, а Роб не може да си пронајде ниту еден вистински пријател.
Ешли се обидува да му помогне на секој начин но секој обид е неуспешен. На една забава на која оди заедно со својата девојка Роб случајно ќе ја запознае Џо, која е целата облеана во солзи, а Роб ќе се обиде да ѝ помогне. По одредено време сосема случајно тие повторно се сретнуваат во еден паб и тоа во моментот кога Џо ја раскинува врската со својот дечко. Од тој момент Роб и Џо стануваат добри пријатели кои се разбираат за сè. Џо е новиот Фил за Роб со една мала разлика - таа е девојка.
Иако помеѓу нив двајца нема ништо повеќе од пријателство, Роб не се осудува да ѝ ја каже вистината на својата девојка и Ешли верува дека новиот пријател на нејзиното момче се вика Џои, сè до моментот кога ќе посака да го запознаае.
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
Исповедта на една акушерка - Дајен Чемберлен

Додека ја читате книгата ќе се запрашате дали некогаш би сакале да откриете тајна која никогаш не требала да биде откриена, дали би сакале да прочитате писмо кое никогаш не требало да биде прочитано и дали би знаеле да се соочите со последиците од тоа?

Ноел, Тара и Емерсон веќе долги години се најдобри пријателки и ги делат сите свои тајни, барем веруваа дека е така.
Тара е прекрасна жена која го изгубила својот сопруг Сем и останала да живее со својата ќерка Грејс, која за неа е целосен странец со кој само го дели својот дом. Емерсон има совршен живот - го има својот сопруг Тед и својата ќерка Џени.
Ноел нема свое семејство, освен мајка ѝ, која е сместена во старечки дом и која всушност и не е нејзината биолошка мајка. Таа е акушерка, но веќе неколку години не се занимава со својата професија.
Тајните од минатото започнуваат да се откриваат со ненадејното самоубиство на Ноел. Помеѓу нејзините работи Емерсон пронаоѓа едно недовршено писмо адресирано до Ана, во кое Ноел признава дека при едно пораѓање во несреќен случај убила бебе и од болницата во која била Ана го земала нејзиното штотуку родено бебе, но притоа ја известува дека нејзината ќерка е во добро семејство и добро се грижат за неа. Тара и Емерсон се згрозени од суровата вистина за нивната пријателка која мислеле дека добро ја познаваат. Тука во приказната се појавува и Ана која долги години тагува по своето исчезнато бебе, а нејзината втора ќерка Хејли се бори за својот живот. Кое е всушност исчезнатото бебе на Ана?
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Перфектна хемија- Симон Елкелс

Ја купив книгата од саемот бидејќи ми се допадна рецензијата на сакам книги, ја прочитава пред некоја недела.
Почетокот некако не ми се допадна и е пишувана како на животот гледа Алекс и Британи, па и малку ми беше тешко додека да се навикнам. Отккао прочитав неколку страни се внесов во книгата, не ја ни оставав 400страни 2дена. Толку многу се внесов што на моменти се пронаоѓав. Книга за секој тинејџер, можеби ќе ве натера да се замислите, да сфатите дека ништо не треба да биде „перфектно“.
Приказната во книгата е за двајца тинејџери Британи која има "пеферктен" живот и Алекс кој е "лошиот", но тоа се само маски. Ги поврзува еден проект по хемија и од тој двајцата ќе почнат да сфаќаат...
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Заточеник на небото - Карлос Руиз Зафон

Оваа книга е третиот дел од циклусот романи "Гробиштата на заборавените книги".
Едвај чекав да излезе од печат, иако преводот според мене е лош, сепак приказната е неверојатна.
Зафон со неговата умешност во пишувањето едноставно те вовлекува во приказната, сакале вие или не, се чувствуваш како тивок набљудувач, а пред тебе се одвиваат дејствата.
Како што пишува на самата книга," Заточеник на небото" хронолошки се одвива по "Сенка на ветрот", но има и настани што се случиле порано.

Приказната започнува како едно декемвриско утро во 1957 година, во кнжарницата "Семпре и синовите" влегува таинствен човек, кој купува примерок книга на Гроф Монте Кристо и остава порака необична на самата книга наменета на Фермин.
Со појавата на овој човек, почнува да се расплетува приказната во која што го среќаваме и Давид Мартин од "Играта на ангелот", чија што судбина се испреплетува со Даниел Семпре и дава сосема поинаков тек на настаните. Поголемиот дел од книгата е ориентирана кон животот на Фермин, како тој "случајно" влегува во животите на Даниел, се открива неговото минато и поврзаноста со Давид Мартин и Даниел Семпре.

Да не откривам премногу, книгава дефинитивно вреди да се прочита, како и секоја книга на Зафон, која според мене и начинот на кој што завршува мислам дека ќе има најмалку уште еден дел.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Ѓаволот носи Прада-Лорин Вајсбергер

Како голем обожавател на модата, брендовите и модните списанија мислев дека ќе уживам читајќи ја книгава.
Но, искрено се уморив.
На моменти се прашував што бара некој како Андреа, на кој модниот свет му е на последно место, во списание како Ранвеј??
Зошто авторката го создала ликот на Андреа толку напорен?
Ако мислела дека на некој ќе му е интересно да чита како Андреа се „измачува“ со носење Старбакс кафе и внимавање тоа да не се излади, се излажала. Барем што се однесува до мене.
Девојката тргна со намера да се вработи како писател во сосем поинаков весник. Па зошто ја прифати работата во Ранвеј?
Андреа ја доживеав како девојка без свој цврст катактер. Работи работа која не ја сака само зашто мисли дека таа ја носи до саканата работа. Излегува на пијалок со момче додека е во врска велејќи дека ја гризе совеста поради тие излегувања. Сака кариера, а од друга страна претерано се грижи за мислењето на единствената пријателка, на момчето и на родителите.
Таа не припаѓа на тој свет и тоа е тоа што во книгата не ми се допадна и што ја направи напорна за читање.

Сметам дека она што книгата ја направи бестселер беше само насловот. Тоа и мене ме привлече да ја купам.
Искрено се надевам дека останатите две книги на авторката не се давежи како оваа и нема да залажам што потрошив пари на нив.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Возовите на Луцерн-Лилјана Пандева

Дејствието е во Швајцарија. Млада Македонка оди во белиот свет да заработи.
Книгата е поделена на три дела кои добиваат наслов според градот во кој се одвиваат. И секој дел е од по неколку раскази со еден централен лик.
Не сум воодушевена и не ми се допадна нешто посебно. Нема нешто што ќе ти го задржи вниманието.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Господарка на играта-Сидни Шелдон и Тили Багшо

Книгата е продолжение на Господар на играта.
Борбата за светскиот конгломерат продолжува и за него сега се борат правницуте на Кејт Блеквел, Лекси Темплтон и Макс Вебстер. Таа е спроемна на се за да го добие Кругер-Брент, а тој е спремен на се за да и удоволи на мајка си, Ив.
Уште понапната и повозбудлива од претходницата. Книга која ве носи во светот на богатите и во нивните тајни животи недопирлиови за јавноста.
Воедно, книгата е олицетворение на она на што е спремен секој оној кој ќе реши да оствари нешто.

Пустински цвет-Варис Дирие

Варис Дирие денес е светски позната манекенка и амбасадор на Обединетите Нации. А порано??
Сомалиски номад, обрежана на само 5 години, а веќе на 12 верена. Бега од пустината и стигнува до Њујорк.
Девојчето кое порано чекореше по пустинскиот песок, чувајќи кози и камили, денес чекори по модните писти.
Храбра приказна која го обелоденува она што се уште се случува во африканските предели, поточно во Сомалија.
Варис ја пишува својата биографија, откривајќи болни детали. Зборува за нејзините детски денови и како стигнала до кариерата.
Интересно да се прочита.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Гијом Мисо- А потоа.
Не го љубам човеков, некако ми е... обичен, како книгите да ги пишува во еден здив, без да размисли убаво. Додека ја читам книгата мене ми текнуваат подобри сценарија од него.
Нејсе, книгава е просек. Ама потресна на некој начин, затоа што пишува за краткоста на животот, денес те има, утре не. Всушност, реална е попогоден збор.
6/10
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Жед за живот - Ервинг Стоун

Ме изненади оваа книга зошто очекував лош превод од Топер, али сепак солидно преведено.

Книга за животот и смртта на еден од најпознатите и највлијателните сликари во светот на уметноста воопшто Винсент Ван Гог.
Лесна за читање, меѓутоа со секоја страница се соживував се повеќе со судбината на овој човек.
Од самите почетоци како дилер на уметнички дела во Лондон во галеријата на својот чичко, па се до неговата смрт на само 37 години.
Творејќи со неверојатна страст, Ван Гог во своите дела се обидувал да го пренесе својот поглед кон животот и светот, секоја слика посебна приказна, опкружен со луѓе кои постојано негативно ја критикувале неговата уметност.
Несфатен уметник кој не успева да продаде ниту една слика во целиот негов живот.
Сиромашен, исцрпен, но сепак со огромна жед за сликање, патувал низ Англија, Франција, Холандија, обидувајќи се да го најде своето место во светот.
Во еден момент го гледаме и како свештеник, но и како пациент во психијатриска болница.

Да не откривам премногу, оваа книга ме воодушеви.


zed_za_zivot.jpg