Последна прочитана книга и кратка рецензија

Лејди М

Нов член
20 април 2012
16
15
3
39
Скопје
Јас те сакам повеќе, Лиса Гарднер

Одлична книга, не ми е прва прочитана од авторката, но можам да речам дека ми е омилена. Книга која правеше да го менувам мислењето на секои 20 страници, кој кого убил, зошто, дали убил, каде е детето, кој е виновен, кој е луд... Одличен трилер за мене е оној трилер каде не можеш да погодиш што точно се случило додека не ти каже авторот, се друго е предвидливо и реално не спаѓа во жанрот трилери.

КОГО САКАШ?
Едно прашање, минијатурно делче од секундата и Брајан Дарби паѓа мртов на кујнскиот под во својата куќа. Неговата сопруга, државната полицајка Теса Леони, тврди дека го застрелала во самоодбрана, а нејзиното модро лице и скршени коски ја поддржуваат таа приказна. За искусната детективка Ди Ди Ворен, случајот е прилично јасен. Само што... каде е нивната шестгодишна ќеркичка?
И КОЛКУ ДАЛЕКУ БИ ОДЕЛЕ ВИЕ...
Детективите ја започнуваат потрагата по девојчето додека истовремено се трудат да ги откријат сите семејни тајни. Дали една тренирана полицајка навистина би си го застрелала сопругот? Зошто? И дали една мајка е способна да го повреди сопственото дете?
... ЗА ДА ЈА СПАСИТЕ?
За Теса Леони, најлошото следува дури сега. Таа чекори по тенко јаже, не може да побара помош од никој, не смее никому да верува. Таа има само една цел и планира да ја искористи секоја секунда тренинг за да дојде до неа. Ниедна жртва не е преголема, ниедно дело не е незамисливо. Мајката знае кого сака...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Копилето од Истанбул-Елиф Шафак

Навистина добра приказна со интересна замисла која моето внимание го држеше до крај и која ме тераше да прочитам уште една страница повеќе. Книга која не може да биде досадна.
Асја, копилето од насловот, е девојка која расте во семејството Казанџи, семејство во кое машките примероци брзо умираат.
Да се биде копиле во Истанбул не е воопшто лесно, но читајќи ја книгата добив впечаток дека токму тоа ја прави Асја исклучителен лик.
На другата страна од светот живее Армануш, ерменка со американско потекло и со сосем поинаков живот од оној на Асја.
Сосема случајно, судбината ги спојува животите на двете девојки кои навидум се тотално различни.
Додека Асја сака да биде личност без минато, Армануш бара и најмала трага која ќе и даде податок плус за нејзините корени.
Покрај овие два, сите останати ликови во делото се одлично разработени, истакнати се нивните најважни карактеристики, но и раскажени се нивните животни приказни. Или накратко, целосно се оформени, што за мене е особено важно за целосниот впечаток кој го остави книгата.
Беше приказна која не е баш предвидлива и секое ново поглавје носи нешто ново, нов детаљ во приказната што ја прави уште поинтересна.
Мене ми се допадна и би ја препорачала секому освен на оние кои сакаат да читаат тешки филозофски дела.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Играта на Ангелот - Зафон

Фак, неможам да се изразам. Без здив останав кога ја завршив. Дефинитивно, најдобра книга досега прочитана. Нема потреба да кажувам рецензија, повеќето од тука ми се чини ја имаат прочитано а кој ја нема нека не чека.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She and UnFleur

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Играта на Ангелот - Зафон

Фак, неможам да се изразам. Без здив останав кога ја завршив. Дефинитивно, најдобра книга досега прочитана. Нема потреба да кажувам рецензија, повеќето од тука ми се чини ја имаат прочитано а кој ја нема нека не чека.

Ептен добра книга е. А како што можеш да приметиш и по другите мислења исто и Сенка на ветрот е одлична и таа книга е пред Играта на ангелот. Ако не си ја прочитал,прочитај ја верувај нема да згрешиш. :)
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Ептен добра книга е. А како што можеш да приметиш и по другите мислења исто и Сенка на ветрот е одлична и таа книга е пред Играта на ангелот. Ако не си ја прочитал,прочитај ја верувај нема да згрешиш. :)
Епа таа следна ќе ја земам. Прво ја зедов оваа затоа што настаните од оваа им претходеле на настаните од Сенка на Ветрот нели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She and redhead

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Точка на кулминација - Памела Клер

Прекрасна книга, се чита во еден здив.
Трилер, акција, романса, се во една книга.
Се внесов потполно во ликовите.
Ја препорачувам, ќе се воодушевите. :)
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Вероника реши да умре - Пауло Коелјо

Можеби на прв поглед депресивен, но за жал денес такви се многу млади луѓе, кои не го ценат животот, сè додека не се соочат со смртта.Така и оваа девојка, Вероника, го отфрла најубавиот дар, животот, не е во состојба да ја сфати својата среќа. Исполнета е со горчина, вечен страв дека греши, дека не го прави она што го очекуваат од неа. Сака да ја напушти онаа рутина на која свикнала, но не е доволно силна, па својот излез го гледа во најлесниот пат, во самоубиството.Тој чин ја носи во еден поразличен свет, во светот на лудите, кои можеби се само различни од останатите, различни од она што поголемата маса го прифатила како нормално.Што ќе ѝ ја врати смислата на животот овде? Жедта за да живее, да се радува на сонцето и сите убавини што ги носи животот, ќе откриете сами. Во секој случај книга што вреди да се прочита и Ве тера да размислите за скапоценоста на животот и поставување на цел која треба да ја постигнете и која ќе Ве исполни и направи среќни. Кога сте задоволни од самите себеси, тогаш му се радувате на животот, затоа што:

Вистинското "Јас" е тоа што си ти, а не она што другите го направиле од тебе.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Мадам Тисо - Мишел Моран
мадам тисо.jpg
Солидна книга. Се работи за време на француската револуција. Опишан е комплетно животот на Мадам Тисо (Марија Гросхолц),нејзината работа босочните фигури и музејот првично во Франција-Тампл, нејзиното пријателство со кралското семејство. Писателката успешно ја доловува очајната состојба во Франција,позначајните политички настани кои што се случиле како што е падот на монархијата,и политички личности, една поинаква слика за кралството и за контроверзната кралица Марија Антоанета прикажана како обична личност, жива личност од крв и месо. Книгава ме изненади. Како и да е дефинитивно вреди да се прочита.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
Опасна Желба - Аманда Квик
Веке се заситив од Квик. Книгата е добра, љубовна книга. По истата шема како сите други од неа, животот во 18 век, подреденоста на жената и желбата таа подреденост да се искорени, и двајца тврдоглави луѓе кои се обидуваат да спречат мегусебно вљубување. Како и да е, за сите оние со романтични души како мојава, препорачувам да прочитаат барем една книга од Аманда Квик.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Гол човек-Игор Џамбазов

Пред некое време, мојата професорка по македонски јазик и литература влезе во дискусија со неколку ученици за Џамбазов. Меѓу другото ги споменаа и неговите книги, на што таа искоментира: „Да, ама не се ништо посебно“.
Јас иако избегнувам дискусии со неа, овојпат не можев да се воздржам и реков: „Неговите книги треба да се лектири за секој човек“. Не ми реплицираше повеќе и ја заврши дискусијата.

Иако кога го реков тоа не ја имав целосно прочитано и оваа книга, сепак го кажав тоа.
И сега, откако ги прочитав и двете стојам и го потврдувам тоа.
Книгите на Џамбазов болат. Длабоко. Допираат до точки во мозокот до кои другите книги не допреле.
Во нив нема тешки филозофирања, нема љубовни патетики, нема загатки, ни мистерии.
Има само гола вистина.
Неговите книги се една реална приказна, едно животно искуство кое секој може да го искористи како поука, особено помладите.
Дело кое ќе те замисли пред да испиеш уште една чаша алкохол или пред да фрлиш уште некоја пара на коцка.
Човекот чии пороци се оние од кои нема лек, се осмели и напиша книги. Го обелодени она што на многумина им се случува, но молчат. Кријат.
А тој, нам, или како што не нарекува „пријателе мој“, на тацна ни го даде неговото животно искуство. Да ни послужи, за нашето да биде подобро.
А ако ова не е ништо посебно, тогаш што е нешто посебно?
За мене оваа книга и другата, Прирачник за анти антиалкохоличари, вредат многу повеќе од секој бестселер кој некогаш е напишан.

И да се надоврзам со едно прашање за читателите на книгите на Игор: во првото поглавје од Гол човек вели дека невиноста во пишувањето ја загубил пред десетина години и имал еден полууспешен обид за книга. Сакам да прашам како се вика таа книга и дали некаде може да се најде?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Avona Vi