Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
многу убав филм ,кој меѓувремено ви го препорачувам да го погледнете...Се работи за богаташ кој после собраќајна несреќа останува хендикепиран во количка и еден црнец се грижи за него ... тажен филм со многу комични сцени !!! Инаку се работи за вистинска приказна ...
Добар филм, обожавам ваков жанр.
Изенхард е момче кое се заљубува во една девојка, која ќе биде убиена. Трагајќи по убиецот тој ќе дојде до тајните за своето раѓање и кои се неговите вистински родители.. интересна приказна.
Варљиво лето 68’
Кој не го гледал под итно да си го пушти филмов е од калибар на Ко то тамо пева , Викенд на мртовци и слични такви комични филмови снимени во текот на 80 и 90 години кога играа најдобрите актери од бившите ју простори! Приказната е доста смешна крајот е само зезнат од мене 9/10 заради крајот
Омилен филм во детството, покрај Роки, Рамбо и остали пуцаљки. Пак го изгледав за да се потсетам. Добро филмче за тоа време. Мајкл Дудикоф е одличен во улогата на Џо. Типична акција. 1 против сите и на крај се знае тој што бил сам победува.
Оцена 6/10
The Lorax (2012)
Добар анимиран филм. Гласовите ги позајмуваат Зек Ефрон, Тејлор Свифт и Дени ДеВито. Има добра поука во себе. Според мене вреди да се погледне. Оцена 8.5/10.
Тнидвил е град во кои се е изградено од пластика, дури и земјата е прекриена од пластика. Дрвјата, автомобилите, куќите - се е пластично. Во него живее Тед, 12-годишно момче кое за да си фати ја девојката која ја сака мора да и донесе вистинско дрвце.
На патот по потрагата ќе ја дознае приказната за Лоракс и за тоа како исчезнале дрвјата од нивниот град.
Знам дека е стар, ама ете.
Ко огромен љубител на филмови базирани на стрипови, ми се допадна.
Тематиката е јасна. Херојот на чуден начин ги добива своите моќи и потоа ги искористува за спроведување правда.
Џенифер Гарнер ми е и повеќе од одлична во улогата на имењачка ми, само што мојот Daredevil го нема ни за лек.
9/10
Тој е писател и сака да напише книга ама нема доволно инспирација. Се сретнува со стар пријател кој е дилер и тој му нуди таблета која му ја зголемува работата на мозокот за 20%. Ја пишува книгата за неколку часа, работи на берза, а подоцна станува сенатор на Америка. После толку многу време изгледав здраво филмче. Од срце го препорачувам