Последен гледан филм со рецензија

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,091
1,093
Скопје
Brothers
220px-Brothersposter.jpg

Многу сурова и трогателна драма (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,091
1,093
Скопје
My sister's keeper
MV5BMTQ2NDg4MDU3NF5BMl5BanBnXkFtZTcwMjg5Njc1Mg@@._V1._SY317_CR0,0,214,317_.jpg

Болеста и справувањето со неа е опишана до најситен можен детал.
Немам гледано толку тажна семејна приказна,толку лоша судбина...а толку добар филм
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and Gemini

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Парада
Филмов е баш за балканскиот менталитет многу реален ме чуди како не е забранет само ! Геј парада и еден мафијаш кој треба да ја обезбедува заради љубовта кон жена му ! Филмов ме бендиса добра комедија е 8/10 оцена

Heartbreaker (L'arnacoeur) - имав малку дилема дали да гледам француска комедија - романса ама сепак го изгледав доста е смешен мора да се види. Главниот јунак во приказната главна професија му е растурање на врски ех ама што кога тој ќе се заљуби... 8/10 затоа што знаев како ќе заврши!
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Обидувајќи се да побегнат со парите од грабежот беа фатени од корумпираните мексикански полицајци. Затворот во кој ќе заглави Мел Гибсон е нешто не видено до сега. Интересен филм.
get-the-gringo.jpg


Агентот дознава дека авионот на еден милионер ќе биде мета на напад, кога оди да го предупреди гледа дека со авионот ќе патува и неговата девојка, затоа и решава да остане во авионот. Понатаму следи акција
Hijacked.jpg


Анимиран филм за луѓе кои се желни и видат вистинско природно дрво, и желбата на едно момче да најде вистинско дрво и да ја освои девојката што ја сака..Не ми беше нешто посебно
the-lorax-movie-poster1.jpg
 

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Think Like A Man

think_like_a_man_movie_2.jpg


Ептен добар филм, кој навистина вреди да се изгледа. Централно место заземаат група од другари, секој со различна приказна и различен карктер, но исто интересирање - жени. Но и најголемите фраери знаат да се смират кога жените ќе ја пробаат популарната тактика од книгата Think like a man, act like a woman. И натаму да не ви кажувам, најдобро изгледајте си го ;)
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
MV5BMTg5NDk3MjAzMF5BMl5BanBnXkFtZTcwMjUyNzExNw@@._V1._SY317_.jpg


The lucky one- Се залетав да го гледам филмов бидејќи според книга на Никола Спаркс е сниман, ама зажалив, не знам како успеав цел до крај да го гледам. Лош избор на глумци, досадна приказна. Војник наоѓа слика од женска која му го спасува животот. Па така оди во потрага по женската од сликата и да не откривам многу сепак јас не би го препорачала филмов, мене досаден ми беше.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Snow white and the huntsman

Приказната за Снежана и лошата кралица ни е добро позната на сите. Добар е филмот, интересни ефекти и слика, баш како бајките е.
snow_white_and_the_huntsman_movie_poster_1.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
The Five year engagement
Приказна за двајца млади кои што после една година врска решаваат да се земат и да се венчаат, но нивната венчавка че се одолговчечи заради други приоритети...Интересен филм
The_Five_Year_Engagement.jpg
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Што би направиле кога би можеле да го вратите времето назад до оној момент кога знаете дека сте направиле голема грешка? Би живееле ли поинаку? Каква би била вашата судбина тогаш? Би сакале ли да се сеќавате на сите враќања назад до моментите на донесување погрешна одлука или губење на вашиот живот како резултат на таква?
Господин Никој е филм за реалните ситуации во животот на секој човек, но умешно испреплетени со фантастичното, така за да во ниту еден момент не заборавиме дека во нашите животи сепак, не можеме да живееме различни сценарија. Ова е еден од оние филмови кои ќе ве натера да се запрашате: Имав ли избор да живеам поинаку? Зависно од вашите одговори, можеби ќе успеете да дојдете до вистината.
2-gospodin-nikoj-mr-nobody-www.kafepauza.mk_1.jpg

Немо Ноубади е 9-годишно момче кое се соочува со најтешката одлука – избор на еден од двајцата родители со кој ќе го продолжи својот живот. Но донесувањето одлуки е тешко, па тој ги испробува двете сценарија. Патем, станува возрасен човек кој среќава и се заљубува во различна девојка со која има едни или други деца. На своите 118 години пак, тој е последниот смртник кој се обидува да се сети на вистинската приказна за својот живот.
11-gospodin-nikoj-mr-nobody-www.kafepauza.mk_.jpg

Господин Ноубади е филм кој апсолутно го препорачувам за гледање, но никако во друштво со повеќе луѓе кои се склони да коментираат. Не го гледајте ако сакате да се релаксирате со добра драма која има јасно развиено дејство во петок после работа. Дајте си време и внимателно изберете ја атмосферата и друштвото.

Упоги:Џеред Лето, Даен Кругер, Сара Поли

Омилена фраза:„Секој пат е правиот пат. Се би можело да биде нешто друго и би имало подеднакво значење.“


Благодарам за препораката од Saladin за филмот.

P.S:Јас го гледав два пати,од еднаш не ми беше се апосолутно јасно
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims and Saladin