Незнам како би реагирала.Неможам да знам вака само од замисла.Но ете,ако би се случило тоа знам дека во прв момент,не би сакала да се запознаам со биолошките родители.Ваљда од инает,од гнев,од лутина... Но подоцна знам дека ќе сакам.Би прашала само зошто го направиле тоа.Искрено не би останала во контакт со нив,затоа што ќе ми биде тешко да се справам со таквата ситуација.Никогаш незнам да се справам со измешаните чувства. На тие што ме одгледале би им била секако благодарна прво затоа што ме одгледале,воспитале,израснале.И второ затоа што ми ја кажале вистината.
Што да се запознаваш, кд разлог е или сиромаштија или курварл'к. Нема друго логично објаснење зашто се оставља дете.
Секој си ја знае причината поради која го остава своето дете, а во денешни услови кога се е дозволено малку девојки ги оставаат децата. Јас сакав да посвојам дете пред 7-8 години,но не успеав. Ми бараа толку многу некретнина на свое име ,што во моментот ја немав, потоа проблем беше што имав и свое родено дете и демек не ми треба, и мојата возраст од 36 год(млада сум била). На крај ми побараа сума од илјадници евра... Се откажав. Домовите вријат од деца ,наместо да се дадат по семејства кои ќе им пружат љубов. На родителите им ги даваат по возраста од 40 години кога се веќе уморни и остарени да ги гледаат. А невозможно е да се посвои ако има фамилијата дете(во други земји е тоа нормално). Спротивно на се, се даваат деца на странци , кои ги носат надвор од државата и не се знае ниту каде одат тие деца. Треба децата да знаат дека се посвоени, за да не слушнат прво од околината. Родител е тој кој бдеел над тебе кога си болен, кој го делел парчето леб со тебе, кој плачел и се смеел со тебе, кој направил се за да застанеш на свои нозе и продолжиш самостојно во животот. Родител е тој кој те гушка секој ден и кој те кара секој ден. Биолошките родители се само генетскиот матерјал кој се носи. Но, не бидете бесни на нив, тие сигурно немале друг излез во тој момент, биле немоќни. Бидејќи јас сум веќе возрасна личност ,кога би дознала дека сум посвоена, би ги гушнала и биолошките родители затоа што ми подариле добра генетика, и своите родители затоа што се потрудиле да ме изградат во личност каква сум денес. П.С. Мојот дедо бил посвоен. Ги познавал родителите зашто бил посвоен кај тетка му. Живееше 96 години и никогаш не и прости на мајка му што го дала. Тетката ја сакаше многу, и секогаш раскажуваше колку таа се мачела да го школува и да му остави имот.
Не сум посвоена но и да би била ништо не би ми сменило. Не би им се лутела на биолошките родители, сигурно имале некоја причина па и да немале сеедно ми е, би си продолжила со животот така како што ми бил предходно. Туку мене желба ми е да посвојам детенце, многу сакам и се надевам дека еден ден ќе си ја остварам таа желба. Само жално е што тука се премногу остри условите за да посвоиш дете. Како што рече @maja-maja . Која е логиката да даваат деца на родители над 40 години. Па тие деца растат, родителите стареат, на најубавите години тие деца може и без родители да останат. Не значи дека ако си во години си поискусен родител, а и како им е на тие родители што не можат да имаат деца, ќе треба да чекаат да остарат за да си посвојат дете место додека се уште млади и полни со сила и енергија да се грижат, да го израснат и воспитат тоа дете. Катастрофа сме во врска со ова прашање па и толку многу средства бараат, ко бајаги едно нормално македонско семејство ги има сите тие средства. Но не е работата во тоа ниту па им е грижа какви услови ќе имаат тие деца туку тие се грижат само колку пари во џебот ќе си стават. Кога би можело само да се смени ова..
Зависи во дадените услови има логика да даваат дете на постари парови 40+ and such. Денес парови на 20-25 години сеуште се полуврски, за брак тешко се решаваат а и пар на 30+ тешко да обезбеди станбен простор за себеси со ваков стандард а тек за дете...единствено ако имале среќа со наследство or something...
Добро поголем дел од младите се баш така како што рече но не се сите и сега ради поголем дел од населението тие што стварно сакаат да посвојат дете, имаат услови стекнати со свој труд и се помлади од 40 години нема да можат.
Зошто едно младо семејство кое не може да има деца не би можело да посвои некое бебенце? Нели тоа е најнормална легална процедура? Нели за тоа постојат социјални служби кои треба да ги испитаат условите во кои ќе се вдоми детето па врз база на тоа да одлучат дали да или не? Јас сум многу против вештачи оплодувања (сметам дека тоа не е работа на љуѓето да носат такви одлуки). Сепак, тоа се тешки работи кои се додека не ги доживееш на своја кожа не знаеш како ќе излезат!
Како е можно да сметаш дека посвојувањето е најнормална работа а истовремено вештачкото оплодување не е? Нели и двата ,,избори" се насочени кон тоа луѓето да добијат дете? Чија одлука е ако не е на луѓето?
Океј, не очекувам да биде разбран мојот став, но еве накратко... Сметам дека ако Бог не дал прилика да се роди дете, тоа било со некаква причина.... Накратко, тоа е тоа... Не знам, можеби и не сум во право...
Напротив, сакам да те разберам, нели затоа сме и тука да разменуваме идеи и мислења - не да се убедуваме едни со други. Зарем не е тоа потценување на развитокот на медицината и придонесот за подобар и поквалитетен живот? Изумрените болести нели се резултат на постојаната еволуција и револуција во полето на медицината, фармакологијата хемијата и што се' не, да не ги редам а не благодарение на желбата на Бог да ги снема. Да не се сфатиме, погрешно не сум атеист, ниту оспорувам нечии ставови и гледишта туку чисто ме интересира начинот поради кој размислуваш така.