Посвојување

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Изнагледан сум многу случаеви каде што луѓе кои неможат да имаат деца, преку вештачко оплодување добиваат.
Ако со Х илјади денари „си го купиш детето“ со вештачко оплодување, никогаш нема да ја почувствуваш онаа потреба да се запрашаш кај си згрешил, дали си добар родител на тоа дете (што не си го родил или си го родил) како на пример ако си го посвоил. Просто воочување на ствари кои сум ги согледал како психолог. Како некои луѓе останале „ осакатени“ од негледањето на цената што требало да ја воочат бидеќи биле поштедени со вештачкото оплодување.
Не сум воден од религија слепо, едноставно моето видување е „кои сме ние да дадеме живот кај што Бог не дал“. Се прашувам дали сме премногу напредни или сме премногу себични и упорни.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153

Глупости.
Како тоа си го родил или не си го родил?
Каква врска има вештачкото оплодување со тоа дали си или не си добар родител? Кога е „нормално“ да се јави и се јавува таа потреба да се запрашаш кај си згрешил?
Која е цената што треба да ја воочат тие кои „Бог“ решил да ги казни на таков начин?
Ако вештачкото оплодување е купување на дете и мешање во планот на Господ, тогаш и лекувањето на секоја друга болест, па дури и најобична настинка и користењето на било кое медицинско средство/сознание/достигнување е мешање во планот на Господ и попречување да биде научена наменетата лекција. Дури и психологијата е мешање таму кај што не ѝ е местото. Ако си ти психолог, кој ти дава право да „чепкаш“ по умот и душата на некој кој очигледно треба да научи одредена лекција?
Медицината постои за да се надминуваат аномалиите на природата. И нема ништо нехумано во тоа. А дека дава можности за нехумани дејствувања - дава, но тоа е друга тема.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Сметам дека ако Бог не дал прилика да се роди дете, тоа било со некаква причина.
Никогаш нема да ја сфатам религијата и медицината во случајов. Изгледа човекот таму каде што не можел да објасни некои работи, ги поистоветувал со некои богови.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не сум воден од религија слепо, едноставно моето видување е „кои сме ние да дадеме живот кај што Бог не дал“. Се прашувам дали сме премногу напредни или сме премногу себични и упорни.
Во поголем дел од мислењата се согласувам со тебе но оваа реченица некако не можам да ја прифатам.
Прво тие што не можат да имаат деца сигурно не е така ради Бога. Премногу се меша религијата во работи кои немаат врска со религијата. Проблемот зашто некои не можат да имаат деца си лежи во самите луѓе, може е генетски, може е некое пореметување уште од младите години, може било што да биде, а да не е поврзано со Господ.
Вештачкото оплодување воопшто не е некој прекршок или злодело, кога се нема друг начин, а за да се посвои едно дете треба да се има шлепери злато (барем во Македонија) оваа опција е најдобра. Плус според нашиов балкански менталитет кога би се прашале роднините пошто нели и нивното мислење е битно (колку и да одрекувате) тие попрво би прифатиле вештачко оплодено дете него ли посвоено.
Јас сум и за двата начина дури и клонирањето го прифаќам како нормален фактор и не ми е јасно зашто е забрането ама тоа е веќе друга тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Пак уште еднаш ќе спомнам... Не барам некој да ја разбери мојава теза, а и воопшто таа не е основа на темава, туку само приклучен муабет.
Јас имам одредени претстави за животот при кои се држам и не барам никој да ги преземи, туку да ги прифати како дел од мене. Сметам дека се ни е дадено од Бог... и љубовта и децата и судбината. Верувам дека судбината ни е зададена како можен избор со лајтмотив (тоа ќе се случи, твој е патот до него). Сепак, тоа не е тема на муабет!
Сметам дека луѓето не се фактор кој треба да пресуди дали да се даде или да се земе живот.
Ако јас не сакам да прифатам вештачко оплодување, тогаш наидуваш на отпор во законот. Не можеш да посвоиш дете и всушност, се сведува сето на она дека никакви убедувања не се толерирани од законот и ти си само уште еден пиун.
 
Во ред е тоа, да си има секој свои убедувања, но кога ги изнесува јавно тие убедувања имаат свое некакво влијание. Нејсе, не е тоа муабетот.
Ова болдираното за законите, не знам, не сум толку информирана, но ако е навистина така, односно ако одбивањето вештачко олодување е пречка за да се посвои дете, тогаш според мене и тоа е глупост. Мој избор е дали ќе прифатам или не вештачко оплодување, не би требало тоа да влијае на одлуката дали ќе ми се дозволи да посвојам. Ако некој е поупатен во причините заради кои е тој закон таков (ако е таков) баш би сакала да ми ги образложи.
Инаку во однос на тоа дека луѓето не се фактор кој треба да пресуди дали да се даде или да се земе живот, ќе кажам само дека планирањето да се има дете е токму тоа - пресудување дали ќе се даде живот. Не е оставено туку-така спонтано да се случува и да се случи тогаш кога ќе се случи, оти тие двајца свесно одлучуваат да престанат да користат заштита, односно одлучуваат (пресудуваат) дека сега ќе ѝ дозволат на природата да се случи. Значи не може баш така да се разграничат работите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Prashina

bonboonka

Полноправен Член
21 февруари 2015
38
12
8
Сум размислувала за ова прашанье уште кога бев тинеj*ерка идеjата за прашаньето ми се уврте во глава од преголемата льубов и восхитеност од пожртвуваноста на моjата маjка. Чето пати ке ми минеше мисла кога би дознала дека сум посвоена ништо нема да смени тоа каj мене воопшто не би се потресла дури би била срекна што ми дале топол дом полн со льубов знаеки дека ретка е способноста на лугето за посвоеност од емотивен аспект.
А да би сакала да ги запознаам биолошките родители би била многу льубопитна за нив коj се тие како изгледаат што се случило сум била ли несакан плод и сето тоа од льубопитност небитно по друга ствар.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пред извесно време низ муабет слушнав интересна случка, некој пар од дијаспората неможеле да имаат деца а биле прилично богати и со кариери, втора или трета генерација по америките или канадите, во медицината нешто не се сеќавам точно ама high flyers биле. И пошто судбината е превртлива - не можеле да имаат деца. Се упатиле во стари крај да посвојат чунки таму по америките многу се чекало и ги поминале процедурите, дали нешто и подмачкале не знам ама како и да е им било понудено да бираат (!?) дете во некој дом и отишле, гледаат шо гледаат не им фатило око за ниедно од децата шо биле на лагер таму. Мислеле да си одат назад арно ама им се јавиле дека имаат ново дете, девојче некое и отишле и веднаш им фатило око, го посвоиле.

Сега девојчето ќе си расте веројатно разгалено од богати родители во богата земја. :) Поентата ми е колку е судбината чудна, можеле да земат дете за време на претходната посета при што сосема друго дете ќе одело со нив, вака си остануваат тие деца тука. Од друга страна еден телефонски позив детерминирал нечиј живот за секогаш. На подобро секако, but those are the crossroads of life that depend on so bizzare circumpstances...
:^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka

Macence12

Истакнат Член
26 февруари 2015
6
8
103
33
Имав 15-16 години кога дознав дека сум посвоена. Нормално плачев,размислував, со вечери не спиев..Пред се несакав да ги повредам моите родители и да им кажам дека ја знам вистината,затоа што за нив тоа ќе претставува огромна болка, тие се тие што ме изчувале,за мене тие се единствени мои родители,тие ми дале дом,среќа,љубов и све што ТИЕ немоежеле да ми дадат.Затоа јас да им наштетам ,да ги повредам за некого што ме оставил.. тешко тоа. Звучи сурово. Посурово ќе беше да сум или да сме на местото од децата во детските домови 11ти Октомври или Дом за деца и доенчиња - Битола. Верујте само дека тоа е најубавото нешто што ви се случило (доколку имате родители кои ве извеле на правиот пат). Не ги осудувам јас тие "вистинските" родители. Има секакви случаи. Можеби немале услови, можеби мајката била оставена сама на себе, можеби починале. Порано ме интересираше, сега не. Убаво ми е со моите НАЈВИСТИНСКИ родители, и така ќе остане засекогаш .. Така да, не дај боже, да неможам да имам јас деца, би посвоила без размислување.
 
Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Ako mi kazat deka sum posvoena, normalno deka bi sakala da se zapiznaam so mojte bioloski roditeli. No bi bila blagodarna I bi gi sakala isto I tie sto me izrasnale