Посвојување

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
298
230
1,043
Како би реагирале ако ви кажат дека сте посвоен? Би сакале ли да се сретните со биолошките родители? Би гледале ли поинаку на оние кои ве одгледале?
 
  • Like
Реакции: Hexasto and Scars31

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,227
3,542
1,143
Би сакала да ги видам биолошките родители од единствена причина само да ги дознаам причините за кои сум била оставена.А,тие луѓе односно моите родители би ги сакала најмногу на свет,никогаш не би ги растажила,секогаш би ги гледала.Бидејќи не се родители тие што ти подариле живот,туку родители се тие што те гледале и се грижеле за тебе !
 

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Би сакала да се поставам некогаш на такво место. За мене би било тешко, би сакала да ја знам причината зошто баш јас сум била оставена, знам дека има милион деца што сега се молат да имаат семејство. Но сепак од др. страна би била најсреќна што ме посвоило некое семејство и ме сакало како свое дете.

Да можам во иднина покрај своето би посвоила и др. дете.
 
  • Like
Реакции: escape, Hexasto and Scars

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,265
9,107
1,683
Би сакала да ги видам биолошките родители од единствена причина само да ги дознаам причините за кои сум била оставена.А,тие луѓе односно моите родители би ги сакала најмногу на свет,никогаш не би ги растажила,секогаш би ги гледала.Бидејќи не се родители тие што ти подариле живот,туку родители се тие што те гледале и се грижеле за тебе !
нема што да се додаде..............
 
  • Like
Реакции: Bibi@, Hexasto and Scars31

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
507
803
693
Не дај Боже да дознаам такво нешто. Ќе ме мачи прашањето ЗОШТО ГО НАПРАВИЛЕ ТОА? Која била причината?
А секако, ќе ги сакам тие што ме одгледале повеќе, нив ќе ги чувствувам како мои родители. Ме израснале, ме воспитале, школувале. Биолошките нема ни да ги познавам, нема да чувствувам некоја блискост. Од нив ќе барам само одговор на првото прашање.
 
  • Like
Реакции: Hexasto

Teona

Нов член
20 февруари 2012
15
20
3
На почеток секако дека би ми било тешко но после со добар муабет се се решава. Секако дека повеќе би ги ценела и би ги сакала тие што ме одгледале отколку од тие шо ме имаат создадено и оставено.
(Баш сега имам една таква тема на факултет дека подобро е да му се каже на детето дека е посвоено кога е помало отколку после)
 
  • Like
Реакции: Hexasto

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
мислам дека не би сакала да ги видам биолошките родители. би било потешко и за нив и за мене. а за оние што ме одгледале би им била вечно благодарна и уште повеќе би ги сакала
 
  • Like
Реакции: TheQueen, Hexasto and Teona

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Родители-именка која би им припаѓала само на луѓето кои ме исчувале,се грижеле за мене, ми пружиле љубов и внимание,биле присутни во секој момент од мојот живот, во добро и зло...оние кои се жртувавле себе си,за да има за мене...Би ми било чудно ама нема да смени ништо во мојот однос кон нив, само може уште повеќе да ги засакам..
а другите,биолошките би сакала да ги видам кои се, и да ги прашам зошто ме оставиле.
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
На тие што ме одгледале би им била благодарна што ме одгледувале исто како свое дете.
Да ги запознаам вистинските родители нема да сакам затоа шо секако тие ме оставиле, ако им е било грижа ќе ме побарале порано
 
  • Like
Реакции: Hexasto