Да имам деца и да морам да трпам се.. Ам јас сум верена ... Дури ни презиме немам сменето а се плашам...
Оф лелеее.. тешко си мене.. без деца е вака ам со деца.....
Боже.. никогаш не замислував дека ќе е вака.... ни на сон... едноставно да мораш да останеш ради чест.......
°°°
Чекај, не сакаш да си со него, а мораш поради некаква чест?
Претпоставувам се вмешани родители, одеднаш шокирани и „загрижени“ роднини до 9то колено, комшии и пријатели.
Ако имаш шанса т.е. си бар некако финансиски стабилна, бегај и не се врти.
Што е со стресовиве уште сега, а не па цел живот, со деца плус.
Жално е, ама родителите нема да се вечно тука, а комшиите и некои небитни роднини па ич не се ни за земање предвид.
Честа се губи кога се губиш себе, ама пусто турско...
Не знам, како созревам, добивам само поголема аверзија кон бракови, адети, чест терање и потиснување сопствен мир ради други.
Не е исто да се жртвуваш за компромис кога се жртвуваат и другите страни, и да бидеш безгласна буква за на друг да му е убаво (а да не треба да излезе од својата комфорт зона).