Останување во брак заради децата

lana 08

Нов член
7 октомври 2013
1
0
1
47
Za da bide soliden brakot treba da postoi kompromis i komunikacija. No ako gi snema togas ima kriza vo brakot, no i za toa ima lek, koj ima silna namera da go socuva brakot prvo poradi sebe a potoa radi red drugi raboti ,postojat psihoterapevti koi i te kako pomagaat, posebo semejni sistemski terapevti.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Za da bide soliden brakot treba da postoi kompromis i komunikacija. No ako gi snema togas ima kriza vo brakot, no i za toa ima lek, koj ima silna namera da go socuva brakot prvo poradi sebe a potoa radi red drugi raboti ,postojat psihoterapevti koi i te kako pomagaat, posebo semejni sistemski terapevti.

Македонецот не оди никогаш на терапевт за да го спаси бракот, полесно ќе отера се у пм, одколку некој да му рече дека треба да ја однесе жената на викенд или да и се насмее..............., а пак целото семејство -невозможна мисија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Според мене, родителите кои решаваат да останат во брак само заради децата или некои останати, да речам, надворешни фактори (ќе се смеел и ќе озборувал народот, децата ќе добиеле трауми и сл.) се КУКАВИЦИ. Не сметам дека за децата е подобро секојдневно да ги гледаат расправиите - тоа уште поголема траума. Најдобро би било секој да си оди по својот пат, доколку ни со стручна укажана помош не можат да застанат на иста страна со ставовите. И не, никако не ги оправдувам оние кои се решиле да останат заедно иако тоа значи дека не можат да издржат да живеат еден со друг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav and slb_bobo

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Не го оправдувам тоа. Не е убаво за децата да живеат во растурено семејсво кое постојано има проблеми и спорови. Тоа не е вистински брак и вистинско семејство.
Како би се чувствувало едно дете кога би ги гледало своите родители во таква состојба...Дали тие родители мислат дека детето не ги забележува нивните проблеми или...што?
Според мене, тие родители не се грижат за децата, туку се грижат за тоа што народот ќе каже кога тие ќе се разведат. Па, децата ги користат како изговор да останат во брак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Јас лично сум против тоа да се остане во брак заради децата,но можеби (недај боже) ќе се најдам во таква ситуација и можеби поинаку ќе размислувам.Многу фактори влијаат тука.Многу ситуации,и причини.
Сепак,моето сегашно мислење е дека подобро би било за сите ако се стави крај на лош брак.Децата ќе растат во средина во која ќе нема секојдневни караници и препирања,нема да гледаат намуртени лица,нема да растат со родители кои постојано се како темпирана бомба и сл.
Поубаво би било да живеат со еден родител,ама да имаат насмевки на лицата,отколку да живеат со двајцата родители а над нив црни облаци.
За се има решение па така и за ова.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Останување во брак само ради деца за мене е само изговор. Или немање доволно храброст за нареден чекор. Физичко насилство врз брачниот другар, децата гледаат и трпат. Прељуба, тој/таа си шета со друг/а а децава дома, и да останам заради деца? Со истиот оној човек кој не ги регистрира???Кој место да е со децата да е на друго место. НЕ не...само изговор ми е. Децата патат највеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4 and Outrider

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Не не не не никако тоа,децата си се деца и секогаш ќе си бидат,а бракот е брак и не може секогаш да биде моето мислење е тоа :cool:
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Да имам деца и да морам да трпам се.. Ам јас сум верена ... Дури ни презиме немам сменето а се плашам... (facepalm)
Оф лелеее.. тешко си мене.. без деца е вака ам со деца.....
Боже.. никогаш не замислував дека ќе е вака.... ни на сон... едноставно да мораш да останеш ради чест.......:ladno°°°
(shake):frantic
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Да имам деца и да морам да трпам се.. Ам јас сум верена ... Дури ни презиме немам сменето а се плашам... (facepalm)
Оф лелеее.. тешко си мене.. без деца е вака ам со деца.....
Боже.. никогаш не замислував дека ќе е вака.... ни на сон... едноставно да мораш да останеш ради чест.......:ladno°°°
(shake):frantic
Чекај, не сакаш да си со него, а мораш поради некаква чест?
Претпоставувам се вмешани родители, одеднаш шокирани и „загрижени“ роднини до 9то колено, комшии и пријатели.
Ако имаш шанса т.е. си бар некако финансиски стабилна, бегај и не се врти.
Што е со стресовиве уште сега, а не па цел живот, со деца плус.
Жално е, ама родителите нема да се вечно тука, а комшиите и некои небитни роднини па ич не се ни за земање предвид.
Честа се губи кога се губиш себе, ама пусто турско...

Не знам, како созревам, добивам само поголема аверзија кон бракови, адети, чест терање и потиснување сопствен мир ради други.
Не е исто да се жртвуваш за компромис кога се жртвуваат и другите страни, и да бидеш безгласна буква за на друг да му е убаво (а да не треба да излезе од својата комфорт зона). :x
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Еве да не излезе се мешам,а истовремено сакам само да се надоврзам на @Electra
Патријахалното е претерано во смисла да на стари години само прозорот и тарасата ти се нај добри другари,кога мислам на прозор и тараса мислам на тоа дека тие роднини,пријатели,комшии и по некој родител не сите работата претежно после пензијата им е да бидат снимачи со инфрацрвено (и нели навечер) да бидат во тек кој со кого излага,кој со кого се е*е кој каква кола вози и што ја знам да сето тоа собрано утре дента се презентира по други комшии на улица,во продавница па и на локалното пазарче,јас ве уверувам дека тоа нема да се искорени па ни за 20 години кај 70% од луѓето и стари и тие што си растат, јас незнам зошто на сите тие им се дава на значење им се правдате (некој) и живеете за нив за да тие утре не ве зборат ДИРЕКНО тие и обратно да си терате (нели тоа што тие го мислат само за правилно) пак ќе ве зборат само не толку многу и кога ќе видиш -више дара него мало-,зошто едноставно не ги игнорирате,не се претворите во тие што сте и да не допира тоа до вас,не да си таков па да се правиш дека ги игнорираш,а таквата ситуација те јаде од внатре,едноставно да не допира до тебе,да си имаш на ум дека тие луѓе не постојат (ако се такви )поготово комши,квази пријатели,и пушачи разни..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°