1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Останување во брак заради децата

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од МериСелест, 11 јануари 2013.

  1. МериСелест

    МериСелест Староседелец

    Зачленет на:
    24 април 2012
    Мислења:
    2,007
    Допаѓања:
    3,215
    Здраво дечкиииии (wasntme)
    Арни сте?живи здрави прави?

    На идеја ми дојде да отворам ваква тема па ако има слична нека се спои но јас не најдов.
    Во последно време постојано слушам родителите остануваат во брак заради децата.Но дали за децата така е подобро?Да слушаат секојдневни расправии мегу родителите?Дали некогаш е подобро заради нив да се стави крај?
    Дали го оправдувате ова?
     
  2. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Не не и не! Не го оправдувам во никој случај.

    Знам родители кои останале во брак уште 2/3 години поради децата, но само се влошиле работите и повеќе не можело да се издржи. Кога тогаш ќе се разведат, само прашање на време е. Родителите почнуваат вистински да се мразат, да не се поднесуваат толку многу што се караат за секоја ситница, зошто се ги нервира кај спротивниот партнер.

    И вака и така децата патат со самиот факт дека нивните родители ќе се разведат. Кое фајде има ако продолжат да живеат сите заедно уште некој ден? Нема фајде, само ризик за повеќе трауми. Мајката знае, таткото знае, децата знаат, комшиите ебаго знаат... бидете силни и решете го проблемот, за доброто на сите.
     
    На Сара.13, malo, Electra и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Foxboro

    Foxboro Староседелец

    Зачленет на:
    16 јуни 2012
    Мислења:
    716
    Допаѓања:
    1,479
    Јас мислам дека мможе да се направи некој разумен компромис (сега да не ви објаснувам што е тоа азумен компромис-Хорхе Иванов)....значи родителите можат да се договорат помеѓу себе и да биде без караници за да не влијае тоа врз децата. Ако во прашање се љубовници може и тука да се направи договор ...јас ке се клецам со оваа, ти терај си работата со оној само да не биде јавно да не влијаат работиве врз детево. Но ако доаѓа до караници најубаво е да се разделат пошо сето тоа лошо ке влијае врз детето.......
     
  4. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,374
    Јас не знам што размислувале тие луѓе пред да ги направат децата?!
    Заради нивните грешки ќе испаштаат невини души.
    Тоа тетките желни за К.. што гледаат секој ден да се плеснат со различен и тоа чичковците што не се задоволуваат со својата сопствена жена и сакаат секаде да го пикнат...не им се јадело грав секој ден ...
    Нормално покрај овие причини има и други,на пример кога мажите им се препуштаат на пороците алкохолот,дрогата,коцкањето и нормално дека тука бракот нема да може да опстане.Сведок сум на еден брак кој се распадна затоа што мажот што ќе заработеше све испиваше и дома пијан пред децата се враќаше,не допринесуваше баш ништо ,живееше на грбот на жената...и нормално што ќе ја трпи неговата тортура му даде клоца во гз.На децата им е подобро овака,не го гледаат својот татко пијан и не ги слушаат неговите караници...
     
  5. Foxboro

    Foxboro Староседелец

    Зачленет на:
    16 јуни 2012
    Мислења:
    716
    Допаѓања:
    1,479
    А добро жената не може да има пороци......или за се мажот е крив......плус мажот може полесно да го остави порокот од жената...;)
     
  6. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,374
    не реков дека мажот само може да биде крив ,дадов веќе постоечки пример...
    плус првата реченица за тетките се однесуваше како критика за жената..;)
     
  7. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Дефинитивно повеке сум за добар развод отколку за лош брак.
     
    На Arkantos, malo, slb_bobo и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. Foxboro

    Foxboro Староседелец

    Зачленет на:
    16 јуни 2012
    Мислења:
    716
    Допаѓања:
    1,479
  9. TARA

    TARA Нов член

    Зачленет на:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    8
    Допаѓања:
    11
    Мислам дека тоа дека се останува во брак заради децата е само изговор зара тоа што брачните другари од различни причини не се се спремни да живеат одвоено. ( дали финансиски, дали социјални или од причина на неможност да се прифати новонастаната ситуација). Се сложувам дека децата најдобро е да растата со мајка и со татко но во хармонични услови и да му се пружи љубов и подршка.
    Секоја поголема сцена остава последици кај детето и ако е тоа секојдневно детето сигурно не е подобро да живее со такви мајка и татко.
    Така да мое мислење е дека доколку бракот дошол до стадиум од кој нема назад, развод е решение
     
    На Сара.13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Сара.13

    Сара.13 Староседелец

    Зачленет на:
    13 ноември 2012
    Мислења:
    1,260
    Допаѓања:
    3,107
    Кога родителите не се среќни, не владее хармонија, разбирање...тоа влијае врз целото семејство, автоматски ни децата не можат да бидат среќни.Нешто кога ќе го видиш дека не бидува, подобро да го прекинеш со време и да го засечиш в корен, а не да го влечиш постојано со себе тоа бреме да го наречам.Зошто измачување е да бидеш со некој за кого не чусвствуваш веќе ништо, со кого не ти е убаво, нарушено ти е спокојството и мирот и на самиот себе па после тоа и на децата.
    Јас имам личен пример, во моето семејство, брак кој се оддолжуваше 10ина година а уште на стартот било јасно дека ништо не бидува од него.Ама ете се родив јас, првата ќеркичка, како мотив плус во целокупното семејство, бракот продолжил.Не дека нешто било сменето, само што сега ете јас сум претставувала нов живот, се надевале на тоа дека јас ќе бидам таа која ќе го спаси бракот.
    Но како што врвеа годините очигледно беше дека бракот одамна требало да се заврши, работите само се влошуваа, ни едниот беше среќен ни другиот, а најмалку јас...многу имам патено поради тоа...
    Но сепак, као демек ради мене нештата се туркаа иако беше мачно за сите...
    Така си се роди уште едно дете, брат ми...е ај сега да те видам...само се задлабочуваш повеќе, уште една причина плус да се продолжи мачниот живот на мајка ми.
    Траеше и траеше.....но дојде ден кога прекипе водата од лончето, јас пораснав и веќе бев способна да и кажам на мајка ми дека ќе ја поддржувам во се, што и да одлучи, но дека вака веќе не може, никој не може да го живее животов вака, а најмногу ради неа, зошто знаев што се има проживеано.
    Тоа и значеше многу, всушност беше пресуден момент за да еден ден цврсто застане и одлучи дека веќе не бива така.
    Сега мајка ми е насмеана секој ден, оди на работа, се движи со луѓе, виде што е живот...а дека ми фали нешто сега во животов, не ми фали ништо...татко...тој е татко јас не го негирам и не можам, ама кај мене останала слика за него каква што тој не смеел да си дозволи, јас не сакам да го видам повеќе, не ми фали..
    Тоа е благодарејќи на мама која покажа дека може да ја има улогата на двајца родители, подобро само со еден родител отколку со двајца од кои едниот не си ги сфаќа и не си ги цени своите домашни, своите златни деца, на кои што секој би можел да у позавиди..но ете...
    Целта ми беше да кажам дека кога ќе дојде до моментот бракот да стане неподнослив тоа го чувствуваат и децата и тоа влијае на нив, на нивната психа, подобро да се прекине со време, така сите ќе бидат посреќни и позадоволни.
     
    На x2b4y4 и Аркантос им се допаѓа ова.

Сподели: