Ги има многу , ама ке ги набројам стандардните серии на Дигимон, Драгонбол, Покемон, Ју-Ги-Он, од постарите Том и Џери, Пожарникарот Сем ( белким го погодив ) , Грашковци, Козле Бозле, Балтазар, Мечето Ушко, Чевличиња ( исправете ме ако грешам) , потоа и оние на Дизни од кои најомилени ми беа Кралот Лав ( силни емотивни впечатоци ми има оставено овој цртан ) и Тарзан ( за малку не заплакав кога го убија Коџак ) , после почнав да ги гледам и оние на CartoonNetwork , Мамли, Inspector Gadget , X-Man, Sponge Bob, Cat-Dog, Dexter и т.н . Сега кога гледам шо даваат по овие програмиве запек ме фаќа, тоа цртани ли се или нечии си болни фантазии, па тоа на лудак да му дадеш такво нешто на крај памет не му иде. Шо знам, или мене ми поминало времето или навистина денешниве цртани имаат супер глупа содржина, здодевни се, а ликовите р`жат не се држат.