Живеев за саботите и неделите кога локалната телевизија ги пушташе Кременковци. Нема врска што имаа 10ина епизоди од серијалот, мене секогаш ми беа интересни ко да ги гледам прв пат.
За Том и Џери да не зборувам. Научив сама да ги снимам на ВХС за да си гледам кога сакам.
Тука беше и Sailor Moon. Германските телевизии памтам на сателитска го даваа, само што бев премногу мала да разберам нешто (и јазик и содржина).
Од долгометражните секогаш омилен ќе ми остане Маза и Луња. Убав, топол, шармантен. Го обожавам.