Ноќниот живот во вашиот град

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Супер е бе :D две дискотеки и 4-5 кафичи...
Добра музика има,кафеани колку ти душа сака (ама не сум љубител на кафеани)
Весело е :)
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Скоро и да го нема :( Изумрел со текот на годините.Една работа не ми се свиѓа а тоа е што на исто место може да најдеш од 7-77 луѓе.И тоа на сите места.А,и повеќето на моја возраст се собираат екипа кај некој дома од што нема кај да оди
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Катастрофа... пијем да је заборавим, чат пат арт-мјузик :rofl тоа ме радува
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Одамна престанав да го гледам излегувањето по дискотеки како дефиниција за забава и ноќен живот.
Мојов ноќен живот највеќе се состои од пријатни кафулиња и собиранки кај пријатели каде си поминувам убаво, опуштено и стопати поевтино.
Што знам, не се пронаоѓам во сета таа гужва каде повеќе време ти поминува во разминување со пијани и залигавени фаци што ич не пазат кај застанале.
Но, оние пати кога ќе се решам да се упицам и излезам ко и секоја плодна невеста во потрага по плен, доволни ми се да создадам слика.

Не знам колку сте запознаени со смешкана од ноќен клуб Лолипоп што се отвори во Куманово, ама за брзо време стекна статус на фарма.
Нели, зашто и онака има цел едноцифрен број местенца за излегување, баш овој калибар фалеше.
Замислете си атмосфера а ла џунгла...ама буквално! Расфрлана слама, лисја и мајмунчиња-играчки по гранки + голи снајки што се мачкаат со чоколадо.
Мхм...тарзанови потомки.
Додадете на тоа пијани малолетници од кои не можеш да мрднеш зашто се укотвиле околу плодните примероци, па со едната рака се обидуваат да си го додржат пивото, а со другата да пипнат некоја од снајките. Е, тоа. Да не го заборавиме и најневозможниот микс од она што се нарекува прелаз помеѓу шабанарија и техно призвук, и добредојдовте во ексклузивната дискотека. А тука се и опинците што пред три месеци резервирале сепаре за да буљат во малолетни цицкарници од висина. Би ставила и слика, ама има и помали деца, срамота и глупо е да видат таква мизерија.

Една вечер излегување се состои од загревање кај некого дома, за од 10 до 12 да се оди во едно кафанче во близина на црква (му го заборавив името) каде во најбуквална смисла на зборот едвај се дише од толкава гужва, а уште помалку се игра, туку едноставно се стои и мрда со прст на песни кои секој викенд се вртат по истиот редослед, за во 12 да завршат со една у стил „Лаку ноч љубави...“ така нешто. После секој во местенце по свој избор.
Искрено, убаво сум си поминувала во клуб Клуб (да, иновативни сме со имиња, фала) кога имало локални DJ-и со убаво изберена музика и ако сме имале среќа да најдеме масичка, во спротивно, продолжува битка за територија и кафана забавата. Едноставно недостига простор општо по местата, сите се некако стуткани.

Постојат 2-3 местенца со добро рок музиче и пријатна, опуштена атмосфера каде ми е убаво да отидам на кафе/пиво, и тоа е тоа.
Не знам, убаво за оние кои си пронаоѓаат забава овде, но побогу, нам најобично кино ни фали, а не пак други извори за квалитетна забава.
Кичот од северниов ни сосед претерано се наметнува и влијае врз групниот менталитет, а доказ за тоа се и сите издрцани певци со кариера на конец кои излезот го гледаат во „последниот“ и „екслузивен“ настап овде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and parvati

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
локални диџеи кои мислат дека се Тиесто, Цветанка...Некој гостин од странство (Скопје, Битола), Цветанка, некоја ѕвезда на македонското музичко небо во подем, Цветанка,... и така во круг. Се менуваат имињата на локалите. Секој викенд исти фаци кои повеќе одат да се сликаат па после да се курчат на фејсбук: Мамо! Ме има на 10без10!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty