Да бидам искрен, муабетиве од
@Outrider ми се нај топ нешто поврзано со темава...
Туку што се однесува на темава...
Грешката е направена уште кога се пушти увозот со иста акциза за сите кубикажи и не се одделија категории по киловати. Од тука влечат корени сообраќајките... Сеа и да ги тепаат - џабе е !
Коли од по 110 коња урлаат по патиштава, секој ден ме претицуваат со преку 140-150 на сат.... реално, тоа е многу!
Казна за претерување со брзина - поддржувам! Особено се однесува на татини синови што „не е***т жива сила“. Тие се главен двигател во машинеријата на телетабисовидни занесењаци.
Туку... „несовесни возачи“ (како што стои во изјавата официјална) е широк поим!
Ствари што мене ме засегаат се: неврзувањето појас, телефон, надминување на брзина (што и како)
Појасот не го ставам од проста причина што ме гуши и ми смета... 4-5 сати в кола не се зае*анција, и не можам да доседам со врзан појас. Правиме муабет за комоција во колата што ти е основно потребна за да можиш добро да возиш. В град не го врзувам пошто сум секогаш на кратки релации со постојани запирања и едноставно ми е неизводливо. Аплицирав и за друга работа во која ќе бидам буквално цел ден в кола... едноставно ми смета. Друго, познавам луѓе кои спасија живот заради одврзан појас... Свесен сум за реалниот ризик и се согласувам. Не велам дека сум во право, но баш ме интересира дали полицајците, кои седат цел ден во Јетиот, врзуваат појаси?
непрописно паркирање и запирање - бездушниците што паркират пред нечија порта и му го оневозможуваат пролазот со кола на луѓето - јавно треба да се запалат на клада
Секој ден со такви битанги се расправам.... Ако се појави конкурс за џелат, ќе аплицирам и таму!
Телефон... не знам како ќе го свати тоа народов, но во 4 сати в кола, нормално дека ќе имаш потреба да контактираш некого во текот на возењето. Разбирам. Но проблемот настанува со користењето на „смарт“-фони... Куцање по тастатура, пишување пораки, користење интернет во возење. Мислам дека самиот акт на зборување на телефон не е толку страшен ако е на отворен пат ако не ти ги трга очите од патото.
Калосани гуми? Па... проблем се тракторите кои излегуваат директно на пат од нива и со нив носат тон кал по патот што ти го влошува контактот со подлогата ...во спротивно.. .глупо е....
Друго, од лични искуства знам дека дете со точак на сед улица е проблем, но кај да вози бе? А и претерале со казнава....