Нов закон за безбедност во сообраќајот

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 300 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
За неносење појас секаде има казни и треба да има казни за тоа и тоа не само за возачот. Еве на пример како е во Британија законот околу тоа:
https://www.gov.uk/seat-belts-law/overview

Под коловоз колку што знам не спаѓаат маалски улици и сигурно нема цајкан да стои на маалска улица да брка деца со точаци. Казни кои што ценовно одговараат на европски стандарди не ни се потребни зашто немаме европски стандард на плати. Има и подобар начин од парично казнување, на пример ете негативни поени + некоја симболична сума. Дека во државата не се почитуваат многу сообраќајни правила на сите им е јасно, ама и на сите им е јасно дека ако те запре цајкан скоро невозможно е да излезеш неказнет затоа што тие имаат „норма“ која треба да ја исполнат.
Дебилни казни за причини како Кал на гумите, Совозачот прави муабет, незапалени светла среде бел ден и сл. се само дебилни.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,626
1,683
Normandy

Yet мислам дека за ова највише ќе тераат работа.
Појас, пресек на булевар, брза вожња, веспи по тротоари и те како треба да го јадат. Па сепак побитно е кога Мирка му зборела на Митре за сармите што ги јаделе кај Петко додека овој возел.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,421
1,153
Оди кажи му на некое дете од 7 години да не вози точак на улица да видам дали ќе те послуша. Кај да возат ако не таму? По дома ли. :)
Тоа за појасот е чиста глупост според мене, на мој ризик не ставам појас што им е гајле нив дали сум ставил или не, па и уште казни да им плаќам. Сега на секоја улица ќе стават полиција се додека не соберат пари за нов споменик. Единствено добро е казната за брзо возење затоа што има секакви лудаци, јас дури и поголема казна би ставил.
Епа дека е на твој ризик, баш затоа, оти нема да ти стане навика да се чуваш ако не те удрат по џебот. А тој појас не е таму за џабе. А твојот сопствен ризик, не е баш само твој. Шо сакаш речи, ама нема оправдување, како шо нема оправдување за да пиеш и да возиш или да возиш ко лудак и да поминуваш на црвено итн итн.
Шо те кошта да се врзиш? Многу е комплицирано? Е само ситница која може многу да значи.
Најискрено, јас да сум, десетпати повисоки казни би ги напраила :biggrin
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
За неносење појас секаде има казни и треба да има казни за тоа и тоа не само за возачот. Еве на пример како е во Британија законот околу тоа:
https://www.gov.uk/seat-belts-law/overview

Под коловоз колку што знам не спаѓаат маалски улици и сигурно нема цајкан да стои на маалска улица да брка деца со точаци. Казни кои што ценовно одговараат на европски стандарди не ни се потребни зашто немаме европски стандард на плати. Има и подобар начин од парично казнување, на пример ете негативни поени + некоја симболична сума. Дека во државата не се почитуваат многу сообраќајни правила на сите им е јасно, ама и на сите им е јасно дека ако те запре цајкан скоро невозможно е да излезеш неказнет затоа што тие имаат „норма“ која треба да ја исполнат.
Дебилни казни за причини како Кал на гумите, Совозачот прави муабет, незапалени светла среде бел ден и сл. се само дебилни.
http://www.makedonski.info/show/коловоз/м

Доволно ambiguous за да дозволи арбитрарна одлука од страна на рандом цајкан соочен со дневна норма на казни.
Сигурно и нема деца со точаци да возат по автопат но тоа и не е важно, како и сите офанзивни закони и ваквите се носат со наводна цел за `заштита` на граѓанството од некоја опасност преку парично казнување а служат само за грабеж. Исто како оние за 3.000 евра казна за пет денари плус или минус во касата...

Епа дека е на твој ризик, баш затоа, оти нема да ти стане навика да се чуваш ако не те удрат по џебот. А тој појас не е таму за џабе. А твојот сопствен ризик, не е баш само твој. Шо сакаш речи, ама нема оправдување, како шо нема оправдување за да пиеш и да возиш или да возиш ко лудак и да поминуваш на црвено итн итн.
Шо те кошта да се врзиш? Многу е комплицирано? Е само ситница која може многу да значи.
Најискрено, јас да сум, десетпати повисоки казни би ги напраила :biggrin
Има се` повисоки казни и се повеќе мртви на патиштата. 2013 мислам дека била all time high, meaning повеќе мртви него во дуелот хунза-арнаут во 2001. Не знам кој е соодносот, не верувам дека е нешто меѓузависно но едно е јасно, казните мизерно потфрлиле во наводната цел - сигурност во сообраќајот.
 
  • Like
Реакции: MoonFairy and Saladin

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
@Outrider во ред де, самото име означува место кај што се движат коли ама маалските улици ако не се лажам не спаѓаат таму. Под коловоз ако добро се сеќавам се подразбираат патиштата кои што се соодветно одбележани со коловозни ленти. Не може да наречеш коловоз уличка од одвај три метри ширина која одвај собира еден автомобил. Баш ќе се распрашам околу ова подетално.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,421
1,153
Има се` повисоки казни и се повеќе мртви на патиштата. 2013 мислам дека била all time high, meaning повеќе мртви него во дуелот хунза-арнаут во 2001. Не знам кој е соодносот, не верувам дека е нешто меѓузависно но едно е јасно, казните мизерно потфрлиле во наводната цел - сигурност во сообраќајот.
Океј, ете во право си.
Ти ставаш појас редовно?
 
МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
26
домче
Да бидам искрен, муабетиве од @Outrider ми се нај топ нешто поврзано со темава...(pivo):cool:
Туку што се однесува на темава...
Грешката е направена уште кога се пушти увозот со иста акциза за сите кубикажи и не се одделија категории по киловати. Од тука влечат корени сообраќајките... Сеа и да ги тепаат - џабе е !
Коли од по 110 коња урлаат по патиштава, секој ден ме претицуваат со преку 140-150 на сат.... реално, тоа е многу!
Казна за претерување со брзина - поддржувам! Особено се однесува на татини синови што „не е***т жива сила“. Тие се главен двигател во машинеријата на телетабисовидни занесењаци.

Туку... „несовесни возачи“ (како што стои во изјавата официјална) е широк поим!

Ствари што мене ме засегаат се: неврзувањето појас, телефон, надминување на брзина (што и како)

Појасот не го ставам од проста причина што ме гуши и ми смета... 4-5 сати в кола не се зае*анција, и не можам да доседам со врзан појас. Правиме муабет за комоција во колата што ти е основно потребна за да можиш добро да возиш. В град не го врзувам пошто сум секогаш на кратки релации со постојани запирања и едноставно ми е неизводливо. Аплицирав и за друга работа во која ќе бидам буквално цел ден в кола... едноставно ми смета. Друго, познавам луѓе кои спасија живот заради одврзан појас... Свесен сум за реалниот ризик и се согласувам. Не велам дека сум во право, но баш ме интересира дали полицајците, кои седат цел ден во Јетиот, врзуваат појаси?

непрописно паркирање и запирање - бездушниците што паркират пред нечија порта и му го оневозможуваат пролазот со кола на луѓето - јавно треба да се запалат на клада (smoke) Секој ден со такви битанги се расправам.... Ако се појави конкурс за џелат, ќе аплицирам и таму!

Телефон... не знам како ќе го свати тоа народов, но во 4 сати в кола, нормално дека ќе имаш потреба да контактираш некого во текот на возењето. Разбирам. Но проблемот настанува со користењето на „смарт“-фони... Куцање по тастатура, пишување пораки, користење интернет во возење. Мислам дека самиот акт на зборување на телефон не е толку страшен ако е на отворен пат ако не ти ги трга очите од патото.

Калосани гуми? Па... проблем се тракторите кои излегуваат директно на пат од нива и со нив носат тон кал по патот што ти го влошува контактот со подлогата ...во спротивно.. .глупо е....

Друго, од лични искуства знам дека дете со точак на сед улица е проблем, но кај да вози бе? А и претерале со казнава....
 
  • Like
Реакции: Outrider and Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Океј, ете во право си.
Ти ставаш појас редовно?
Ставам секогаш, без разлика дали било возач или совозач ситуација. На задно седиште ретко, обично ако е подолг пат. И да нема закон пак ќе го користам.

А за сообраќајната култура да напоменам, Мојсеј, Мухамед и Исус да се симнат нема да ја сменат бидејќи таа е само екстензија на некаква поширока култура која преовладува во една средина.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Тато може надвор да возам со точакот?
-Може, ама ако те сопре полиција кажи дека си дете без родители. :)
 
Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
207
158
1,043
Скопје
. Казна 45€ ако не носите појас, а 50€ ако совозачот не носи.

За овие 50 евра совозачот добива казна и он ги плаќа или?