Нов закон за безбедност во сообраќајот

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
А ланецот на точакот треба подмачкан да ми е или уште нема таков закон?

Како не донесат закон за забрана на возила со еден возач,без внатре да има други патници!?Тој што има стандард за да може да оди со кола сам на работа и да ми го загадува презагадениов воздух,нека плаќа данок на државава.Мислам дека во Америка има таков закон за возачи што се сами во кола.
И како прават во Америка ако сака некој да оди на работа со кола?
Им вика дома, ај нека дојде некој со мене за да не ме казнат.
Не зафркавај тоа се глупости.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Размисли добро,тоа е за добробит на сите луѓе,а на работа нека оди со јавен превоз или со точак како мене.Ако му е џепот полн и може да се ку**и со кола да оди на работа,тогаш нека плаќа,а за фабриките богами треба одма да се затворат,нарочито Железара што не отру.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com

Како тоа е ку**ење ако оди на работа со кола? Демек, полн ти е џебот ако поседуваш кола? Па баш у Америка не е проблем да купиш кола, реално. А кога и би било така, тоа е оправдување за такви закон и казнување? Смешки.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Размисли добро,тоа е за добробит на сите луѓе,а на работа нека оди со јавен превоз или со точак како мене.Ако му е џепот полн и може да се ку**и со кола да оди на работа,тогаш нека плаќа,а за фабриките богами треба одма да се затворат,нарочито Железара што не отру.
Ее што кажа сега. Денес скоро секој има кола зашто е потребна, зашто да се туркам по автобуси и по гужви кога можам со кола. Не значи дека сум фраер ако имам кола. Тоа за законот што го кажа е смешно. :)

Од колите точно дека се загадува но во споредба со фабриките тоа од колите не е ништо. Јас цел живот живеев во кулите до Макстил и до пладне сите прозори и врати ми беа затворени.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Воздухов што го дишиме е загаден 20 пати,ако не и повеќе од нормалното,и цел свет изнаоѓа мерки за заштита на загадувањето.Многу одамна,имало одредени денови во кои можеш да возиш кола,тоа било спрема бројот на регистрацијата,парни и непарни броеви.Кога сите би користеле јавен прево загадувањето би се намалило и во тоа беше поентата.Во Америка купуваат коли, но оди прашај како ги користат.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Како не донесат закон за забрана на возила со еден возач,без внатре да има други патници!?Тој што има стандард за да може да оди со кола сам на работа и да ми го загадува презагадениов воздух,нека плаќа данок на државава.Мислам дека во Америка има таков закон за возачи што се сами во кола.

Нема таков закон по америките, порано, во ратот имало препорака за рајата да не вози коли насамо или на мали растојанија, рационално да се арчи бидејќи бензинот требал за тенкови и авиони.

when_you_drive_alone_by_radiovideoman.jpg

Добро, донеле закони и за велосипед (и велосипед со помошен мотор): мора да се има светло за осветлување на патот - треба да биде со бела боја, површината што ќе ја осветлува да не биде помала од 40 cm и поголема од 120 cm; задно светло во црвена боја чија оддалеченост на светлечката површина не треба да биде помала од 25 cm и поголема од 90 cm; катадиоптер во црвена боја поставен на задната страна чија оддалеченост на рефлектирачката површина не треба да биде помала од 25 cm и поголема од 90 cm; катадиоптер во жолта или портокалова боја поставен на секоја страна на педалот; треба да биде вградено механичко или електрично ѕвонче; друга опрема за велосепид и велосепид со помошен мотор: брзинометар; циклокомпјутер и пулсметар; носач или ногарки за потпирање; пумпа, алат и прибор; калници; бидони и држач за бидони; багажник; кошница; клучалка, сајла со катинар; торбичка за ставање на резервен алат и седиште за деца. Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на возач што постапува спротивно на погоренаведените правила за велосипед.

Во превод, законот е смислен само поради казни. Брзинометар на точак? Никаде не е во сериско производство тоа и е тотално беспотребен за точак.
Е сега некое детенце од 10 години, за да биде фино law obiding хунза оди кај тато и мама и бара брзинометар, пумпа, алат, кошница и светло бидејќи во спротивно отиде пола плата на мама или тато... а замисли детето да го фатат на `коловоз` без брзинометар на точакот, отидоа 350 евра, ќе треба мама и тато кредит да подигнат...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and MissChievous

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Воздухов што го дишиме е загаден 20 пати,ако не и повеќе од нормалното,и цел свет изнаоѓа мерки за заштита на загадувањето.Многу одамна,имало одредени денови во кои можеш да возиш кола,тоа било спрема бројот на регистрацијата,парни и непарни броеви.Кога сите би користеле јавен прево загадувањето би се намалило и во тоа беше поентата.Во Америка купуваат коли, но оди прашај како ги користат.
Па ние немаме јавен превоз на струја туку автобуси, значи пак ќе има загадување. Така да загадувањето можат да го спречат само фабриките.
А за ова казниве нема крај. Казни за точак, кола, ролерки, сега се чека уште казна за бројот на патиките и марката.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Па ние немаме јавен превоз на струја туку автобуси, значи пак ќе има загадување. Така да загадувањето можат да го спречат само фабриките.
А за ова казниве нема крај. Казни за точак, кола, ролерки, сега се чека уште казна за бројот на патиките и марката.
Oчигледно дека несакаш да разбереш,една работа е автобус со 50 патници а друго е 50 возила,е ај сега мисли малку......
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Како и да е, казните не се донесени за намалување на загаденост, туку БИ требало да бидат за поголема безбедност во сообраќајот, а всушност се за полнење на буџет (очигледно ги фатило паника дека го проарчиле на споменици).
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Како и да е, казните не се донесени за намалување на загаденост, туку БИ требало да бидат за поголема безбедност во сообраќајот, а всушност се за полнење на буџет (очигледно ги фатило паника дека го проарчиле на споменици).
Не е штосот сега да напаѓаме влада или дали е касата празна,туку да се најде некој модус за спас од овој смог што го дишиме сите.Ваква загаденост како последниве неколку години немало,ни Водно не ни е спас....