Новогодишна ноќ

apple-girl

Полноправен Член
6 декември 2012
46
73
18
Битола
Се наближува Нова Година па дали сте размислувале .. каде и со кого би бил вашиот супер помин ?? Би одбрале ли друштво и гласен ноќен клуб .. можеби романтична вечера со саканата личност или некој градски ресторан ... а можеби и патување во странство ?? А исто така дали имате обичај да подарувате нешто некому и што би бил идеален поклон за неа/него ??? Потоа како ја бирате гардеробата за најлудата ноќ ? И идеална комбинација на облека во која ке се чувстувате најдобро, со оглед на тоа каде ке одите ...

Да почнам јас .. совршена забава би ми била некаде во локалните кафулиња со моите најблиски другарки .. во принцип најчесто си подаруваме ситни работи со другарките на кои ке се сеќавааме долго .. Според мене ( за тие кои се во врска ) идеален подарок за неа би бил топли ракавици, шал или дизајнирана капа .. а за него би бил џемпер со оглед на темературите .. Исто така идеална комбинација некое фустанче да не е светликаво ако е нова година, високи потпетици се разбира ... малку накит и топло палто ...
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
че отворам тема на црнобело и че се забавувам со другите форумџии кои ќе седат дома
стандард нова година порано ја прославувам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marinna

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Традиција ни стана уште од почетокот на врската да си даваме нешто ситно за Нова година. Оваа година му земав парфем од Авон на попуст, а тој мене сукња што сама си ја бендисав, на попуст исто.
За вечерта не се замарам. Сум славела дома, во кафана, во кафич, на планина, и можам да заклучам дека луѓето околу тебе се битни, не местото.
Оваа година најверојатно ќе сме јас и тој, филмови, термо тренерки и многу џин.
На 1ви јануар најверојатно ќе се оди некаде со друштво.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Абе каква нова година. Пред 2-3 године почнасмо да славимо сс другари, али овуј годину неможу сс тој да се замарам, а и ако отиду ке се напију како будала. Најубаво да си седу дома :D. Најубаво би било сс девојку ми ама пошто тој исто такој не е могуќе(не е ради мене) ке си купу едно пиво пола кило суџук и ке си пушту филмчиња ке си гледам цел ноќ. За поклони нешто не си купуемо, али за Валентин и роѓендни се потрошимо поштено:D.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Искрено, не ме „дрма“ никаква еуфорија.
Напротив, годинава ќе пробам да ја поминам ангажирано и професионално, пуштајќи музика некаде и за некого... :)
4-5 месеци се занимавам со миксање на повисоко ниво, желба ми е тоа да го правам пред публика, и според одреден фидбек, а и според лично мислење, мислам дека можам да ја „истуркам“ првата официјална журка (покрај оние што досега преку нет сум ги правел, нели :) ).
Затоа и ќе се распрашам деновиве низ кафичите како и што бараат, а ако не успеам во тоа, дефинитивно ќе пуштам музика доколку славам со друштво во домашно опкружување. :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Се наближува Нова Година па дали сте размислувале .. каде и со кого би бил вашиот супер помин ?? Би одбрале ли друштво и гласен ноќен клуб .. можеби романтична вечера со саканата личност или некој градски ресторан ... а можеби и патување во странство ?? А исто така дали имате обичај да подарувате нешто некому и што би бил идеален поклон за неа/него ??? Потоа како ја бирате гардеробата за најлудата ноќ ? И идеална комбинација на облека во која ке се чувстувате најдобро, со оглед на тоа каде ке одите ...

Да почнам јас .. совршена забава би ми била некаде во локалните кафулиња со моите најблиски другарки .. во принцип најчесто си подаруваме ситни работи со другарките на кои ке се сеќавааме долго .. Според мене ( за тие кои се во врска ) идеален подарок за неа би бил топли ракавици, шал или дизајнирана капа .. а за него би бил џемпер со оглед на темературите .. Исто така идеална комбинација некое фустанче да не е светликаво ако е нова година, високи потпетици се разбира ... малку накит и топло палто ...


Хмм...нова година како нова година не е некој посебен ден...Ќе видиме што ќе биде има време до тогаш..по последниве случувања сама дома ќе си седам хаха...
А ако случајно одам некаде тоа ќе биде во Берово со надјобрата другарка или нешто така...ќе носам некое црно фустанче сако и некои чизмички или така нешто!

Подарувам во секој момент кога имам можност па така да новата година е еден таков ден...
подарувам на сите мои блиски од семејството,другарките најдобри но тоа се некои ситни подароци !
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Е веќе Нова Година.... обичен ден за мене.
И да се надополнам.
Ако знајш да си го живиш животот и секој ден ти е Нова Година само без та мисла дека е НГ. Имат некои секоја вечер си се излезени и дотерани по кафани, си пиет, јадет, си се веселет и исто ко Нова Година му е. Ама некој пак ко невидени излегвење му е стварно Нова Година некој препосебен ден за кој морат да се изнакупет нови алишта, штикли, па да се ојт на фризер, на козметичар, на шминкер и не знам кај уште не. Па и да се резервират маса, место, ти реков-ми рече. За некој Нова Година е единствено излегвење и зато морат да се ГРОМ, а уште полошо е шо немат да знает шо ќе прает, ќе пиет ко невидени и ќе се забављет ко последен ден од животот да му е.
Нешто шо го прајт денот поразличен од една обична сабота е шо имат петарди на секоја секунда и огномети и цели деној кружет честитки и посаквења за се` најубо во Новата Година - е то е нешто шо го делит денот од други деној.
И младиве се притресвет да се изнаоблечет најубо, та купиле нови штикли, чизми, папучи, фустани, костуми, одела та ова, та она.. И накрај пак исто ко еден петок или една сабота е. Излегвиш, играш, пејш, се забавуваш, па мојт и ќе лапниш нешо и то е то. Во 12 се гушкаш со некој си честиташ Нова Година, па се нервираш со мрежата не чинела, не се праќало и то е то.
Ќе си седам дома најубо, и статуси на фејсбук ќе пишам хаха. Зафрканција, ќе излезам онака колку да не сум дома а нешто посебно да се притресвам кај ќе одам шо ќе прам и со кого не.. А и секогаш втората и третата вечер поубо се поминвет отколку првата...
Без разлика кај и да ојте сите убо да си помините xi xi xi :D
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
ми се случило два пати да ја поминам Н.Година сама..
еднаш во воз од А до Б..
возот каснеше,и така да Н.Година ме фати скроз сама у 00.00 и ми беше ок хеххехе..
Вториот пат се искарав со дечко ми,у 23.35:eek
си ги земав работите и отидов у кола да спијам..сакав да му докажам дека не ми може ништо(facepalm)
Во 00.00 си го отворив сама шампанјот со вкус на праска и покриена со јорган си честитав хахааха,
а надвор врнеше снег и беше ептен ладно,ама нема везе..
ја поминав нокта во кола,
и не ми беше криво хеххеххе..
така да Н.Година и не е нешто посебно за мене..
најубаво дома со добро друштво,бело вино,јез во позадина и нелути се човече..
хехехе се слагам со тоа Џез и позадини и место нелути се човече би ставил Ризик
хехех да се заборавиме од играње :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: elizabetta and Lena