Новогодишна ноќ

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Никој не е рамнодушен на „треската“ наречена Нова Година,па за некои луѓе таа претставува можност да ја почувствуваат топлата семејна атмосфера, за некои да ги „освојат“ подиумите на дискотеките, за некои да свртат некое оро по кафеаните а за некои пак да отпатуваат на некоја примамлива дестинација.

Пребарав низ интернет и еве некои топ дестинации кои се препорачуваат за прослава на новогодишната вечер:
  • Сиднеј, Австралија Сиднеј, е познат по еден од најубавите огномети во светот, кој што се гледа и од околните негови градови. Тој започнува на полноќ, на мостот кај Сиднејското пристаниште и трае се до раните утрински часови. Ако ја одберете оваа дестинација, тогаш Нова година ќе ја прославите во бикини, бидејќи ќе се најдете во Австралија на половина од летото, што ќе ви помогне да ја впиете во вас целата таа празнична атмосфера на уште понеобичен и поопуштен начин.
  • Берлин, Германија Бранденбуршката порта, е местото околу кое се собираат луѓе од целиот свет, за да го прослават доаѓањето на Новата Година, што е и главно обележје на германскиот народ. Овде ќе ве пречека прекрасен огномет, штандови преполни со интернационална храна, како и големо количество на пиво. Прославата продолжува во утринските часови со сетови на познати ди-џеи и светлосно шоу низ улицата 17-ти јуни, познато како „party mile“. Па ако сте љубители за добро јадење и атрактивни забава, изберете го Берлин.
  • Њу Орлеанс, САД Џез музика, познати барови, прекрасно украсени улици и згради, талентирани музичари...е се она што му е потребно на еден град како што е Њу Орлеанс, за да се најде на самиот врв на најпознати новогодишни дестинации во Америка. Забавите под ведро небо на улиците „Bourbon Street“ и „Frenchmen Street“ претставуваат вистински рај и ви даваат можност и самите да облечете еден од лудите костими кои ги носи тамошното локално население и да учествувате во нив.
  • Рио де Жанеиро, Бразил Возбудливиот Бразил, домот на сексапилот, станува уште посовршен за време на Новогодишните празници. Настанот познат под името „Reveillon“ е целодневен музички карневал, кој се одржува на неколку сцени. Има многу танцување,придружено со најразлична храна, сето тоа зачинето со традиционалналните цвеќиња, оризот и парфемите. Понесете со себе алишта во бела боја за да се вклопите со локалните жители на светски познатата плажа Копакабана. Новогодишна забава на плажа во Бразил...зар може да погрешите во одлуката?
  • Њу Јорк, САД Во пред новогодишните денови, Њу Јорк се трансформира во вистинска празнична сензација. Кога ќе пристигнете, првото нешто што мора да го посетите е новогоишното дрво во „Rockefeller Center“ и излозите на продавниците долж „ Fifth Avenue„ . Се разбира, „Time Square“ е местото на кое треба да бидете на полноќ. Таму врз вас ќе се „истурат“ 900 килограми конфети. Покрај ова доживување, во текот на целата вечер има најразлични забави во сите ноќни клубови низ градот, во кои настапуваат најпознатите светски ѕвезди.
Еве дел од минатогодишните цени за кафулињата,дискотеките и кафеаните низ Скопје:

- кафе „Круг“ , неограничено јадење и пиење за 2.000 денари (девојки) и 2.500 денари (машки).
- кафе „Коцка“ , 900 денари за дамите и 1.200 денари за посилниот пол.
- Ресторанот „Окарина“ нуди новогодишно мени за 2.000 денари,а „Дион“неограничено пиење и јадење, цената се движи од 1.700 до 2.000 денари во зависност дали сте машко или женско.
- Во новоотворениот ноќен клуб „Ванила“ цената на влезниците се движи од 400 до 800 денари, во зависност во кој период ќе си ја резервирате картата, тука станува збор за нареченета а„сува карта“, а онаа „мократа“ е тука е веќе друга приказна. Нулите се зголемуваат и почнувајќи од 3.000 па завршувајќи со 6.000 денари, за сепариња и пијалак во износ на оваа цена.
- Дискотеката „Парадизо“ со поефтини понуди, од 500 до 4.500 денари, B2“, ви го нуди веќе милион пати видениот и слушнат Жаре Бербер, е сега ако сакате да стоите и да играте цела вечер ке платите 600 денари, но ако сакате да седите и од „високо“ да го гледате берберот тогаш ќе си се „олесните“ за 6.000 денари.


Освен тоа,има можност за прослава и на саем со холограм од некој од познатите диџеи,како на пример лани:

Доколку сакате да ја пречекате новата 2012 со најдобрите сведски диџеи, како Армин Ван Бурен, Тиесто, Пол Ван Дaјк и Дејвид Гета тоа ужување ќе може да си го дозволитесо нивните холограми во „Метрополис арена“, плус сето тоа ќе биде зачинето со најпознатите македонски диџеи, целата оваа понуда ќе можете да ја добиете за 250 денари,а ВИП влезниците ќе чинат 500 денари.


Оваа година досега има само туристички аранжмани,сеуште е рано за понуди по кафичите,дискотеките,кафеаните и слично.
Па ајде во темава да споделуваме понуди,со цел да бидеме информирани каде што се нуди.
А би сакала да продискутираме за тоа:
-Како вие ја прославувате новогодишната вечер?
-Диско,кафич,кафана,саем,плоштад,во некоја друга држава на патување,во домашна атмосфера,со друштво во изнајмен стан/викендичка?
-Колку сте спремни да фрлите одредена сум на пари за прослава на една вечер?
-Што мислите дали е во ред цените да бидат толку високи?
-Или можеби сте од оние што одат на прослава на 1ви јануари,за дупло пониска цена?
-Ви значи ли нешто прославата на новогодишната ноќ?
-Споделете некое искуство од прослава на новогодишна вечер надвор од земјава,нешто поразлично што сте виделе а го нема тука :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Знам дека би звучел како шутрак и down-ер,ама најверојатно оваа нова година нема многу да прославувам. Верувам дека ќе бидам во добро друштво,со одлични луѓе и сето тоа,ама нема да биде некоја прослава. Чисто онака собирање,зезање,потпивнување,класика. Може и да зеам некоја петарда и жижица. Убаво ќе си пројдам ама нема да биде она ждерење,пијанчење и се остало што било претходно :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Lena

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
извини за офтопик .. но на почеток не наведе дека 70% од дечкиве денеска се онадуваат за Нова Година. Фала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
еИ журкачи Ч ) ке имааа њујиар ивент у Борис Трајкофски(рип бе браааа) салу, транс денс : ) ... ја нема да иду там
Line Up:

KOX BOX live - Twisted Records (Ibiza) http://www.discogs.com/artist/Koxbox
FRANK E dj set
GALACTIC EXPLORERS live - GEN http://soundcloud.com/galacticexplorers
DJANTRIX vs KOX dj set
PANDA dj set - Psyks http://www.facebook.com/pandaudio
KONFUZIO dj set - Oldboy http://www.facebook.com/zarko.pejkovskizba
SOUND KILLAH dj set

Tickets at presale starts from:

Happy Days 17&18.12 - 300den (5 eur)
Presale from 19.12 - 500den (8 eur)

Коксбокс су олдскул људи, цел живот су у транззз

едит: Чита се само кд се селектира цел текст : ) hhh
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Некако го мразам тој ден. Многу е преценет, ко кој знае што да е. За мене е само обичен ден.

До сега, секоја година си прославуваме со друштвото или кај некого дома, или изнајмуваме место. Парите што ќе ги собереме, најмногу ги трошиме на алкохол и сокови, нешто за грицкање, нешто благо.

Не сум многу по славењето НГ во кафич или дискотека. Обично има премногу гужва и нема место за седење. Пред веце ќе поминеш саат време додека да дојдеш на ред. И најчесто "неограниченото пиење" е лага или се сакати вотки и коњаци.

За НГ најмногу би дала 1000че. Па дури и помалце, зависи што се нуди. Не ми се фрлаат повеќе за една вечер.

Оваа НГ најмногу задоволство би ми било доколку си ја прославиме со дечко ми сами. Во атмосфера на елка и новогодишни сјалички, со филмчиња, пица, пивце.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Да ви ги претставам екипата:
-хармоника- маестро Зоран сватот;
-електрична гитара Аце вега
-тапани Горан ботич
-вокал јас, и Ивче држи терца за да звучиме како расштимани:zelen
-придружни вокали сите останати :zelen
Надвор се прави скарата (мажите)...си подсвирнуваме, си подпивнуваме...некој ги мести инструментите...некој столови/маси.
Жените спремаат салати, чаршави, салфети, балони и такви слични џиџимиџи ствари.
Лани имавме и 3 петарди и јас ги пукнав пред 12:giggle- ама една тушна..за оваа година ќе видиме дали пак ќе бидиме пиромани.
Прводот е екстра, претежно сите се пијани, забавата трае од 7-8 поручек до 5-6 на утро, влезот е безплатен, абе убаво е супер.
Сум одел и во ресторани, и во дискотеки и во станови...али добра организација со своја музика нема поубаво.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Не сакам да одам по дома за Нова Година,значи попрво би ја чекал во некој кафич,дискотека или ресторан.
Новава година планирам да ја чекам во некој кафич...цената не ми е битна,не е важно дали е скапо или не,важно ми е да ми биде удобно и убаво :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
-Како вие ја прославувате новогодишната вечер?

Е па досега сум бил на две три забави и не ми се праел ќефот.. Важам за тип кој побитно ми е да прославам со луѓето кои ми се блиски и ги ценам, а не во некое место каде никого не познавам. Најдобри прослави биле оние во приватен стан, две кај мене, уште 3 кај другар со уско блиско друштво. Пиеме тро, вртиме некоја партија покер на шашма, паѓаат вицови, ако имаме женски, се муваме по троседи, па пак заебанции. Еднаш се сеќаам на еден роденден кај братуччетка ми падна таква дискусија со друштво, што уште ден денес ги вртиме тие спомени понекоаш коа ќе седнеме пак заедно на маса.

-Колку сте спремни да фрлите одредена сум на пари за прослава на една вечер?
Не да се расфрлам. У принцип не го праам тоа никад, пошо знам после бедови ме јадат увек - јбг за некои ствари сум ептен матерјалистички настроен.


-Диско,кафич,кафана,саем,плоштад,во некоја друга држава на патување,во домашна атмосфера,со друштво во изнајмен стан/викендичка?
Дефинитивно диско, кафана не. Ако тоа го сакам ќе го праам било кој ден, не ми треба повод. Ама не како што напоменав погоре - не ми се по ќеф вакви места. Е сеа за странство. Не сум славел никад, но тоа што го имам чуено од директни извори, не би ми праело мерак. Пошо во странство е вака: За нова година се собирате друштво, и после тоа 3-4 дена градот у такво мртвило, чиниш се дешава постапокалитична ера. Депресија фука на тони.


-Што мислите дали е во ред цените да бидат толку високи?
Не. Реков погоре, парите итекако треба да се чуваат во овие времиња, треба да се планира, пошто као што реков, не е нештото туку луѓето тие што ја прават атмосферата.

-Или можеби сте од оние што одат на прослава на 1ви јануари,за дупло пониска цена?
Први увек со фамилија по баби, тетки се иде.

-Ви значи ли нешто прославата на новогодишната ноќ?
Порано многу, сеа онака. Понекоаш се десило прославата на нечиј роденден да изненади, додека оваа не. Се` зависи од атмосфера.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena