Ама баш ми е гајле дали баш на 31 декември ќе останам дома и ќе читам книга, ќе пијам чај и ќе муабетам со мама или ќе се договорам да одам некаде. Сега на 20 години ми е апсолутно сеедно.
Сум славела и во кафич и кафана, и во изнајмена куќа и секаде е фрлање пари, лудување, пијанчење и повраќаници до заборав.
Не сум против славење, кој каков мерак има и како се чувствува така нека прави.
Едноставно не се притресувам.
Во дискотека да се гужвам ко ставена во машина за перење алишта не доаѓа во предвид, кафич ти е слична приказна(освен ако немаш твои луѓе), а кафана зависи како ќе ти се погоди.
Повеќе од се сакам поприбрани собири од некои 10тина души некаде дома или викендичка. Си набавувате што сакате за јадење и пиење, си пуштате музика по избор и уживате во пријатна атмосфера. Најубаво.