Јас сум си еуфоричен во врска со НГ, пред се поради моментите поминати со моите и со најблиските другари и пријатели, кои во текот на годината се помалку ги гледам.
Нова година никогаш не сум славел по кафиќи, дискотеки и остали ''кул'' места и не би славел. Не би да фрлам небулозни пари за гинење на нога и една, две пијачки и празен стомак да ми врти 5, 6 саати. Не би да се расправам со мрсули чија единствена цел е да се направат ``кул`` пред женските со пијанчење. Не би да бидам у тесен простор со толку проста маса, па да се чудиш од кај се не би можело да ти долета петарда или остали пиротехнички средства. А се случувале вакви нешта и лани и полани - од братучеди што биле.
Неколку години веќе со друштвото кај некого дома си се собираме, си собираме пари, си купуваме што ни се јаде и пие, музиче си врти по наша желба, нема туркање, нема гинење на нога, нема празен стомак, нема глупа раја што мисли дека ако се надрви е кул, нема петарди, огномети и слични лајна - милина. После НГ некое филмче на тв и креветот. Годинава или пак исто или пак со моите домче и мирна глава.