Новогодишна ноќ

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Веќе ми е здосадено од новогодишната ноќ, да не речам најлудата ноќ во годината, абе ај. Едино би сакала да сум во некое куќаре на планина со многу снег, а јас со идниот сопруг пред камин со добро винце, може понекоја кифла и руска(оти нели и така по дома сите праат па ќе има). Ете така сакам.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Незнам за понудите надвор од земјава, немам никогаш отидено.
Но за тука ајде да речеме кафана обично мени од 1300 ден, јадењето хмм - па не би пак
Една година се решивме во 9 часот вечерта за во кафич, и тоа убав кафич со рокче стил без карта ништо колку испиеш толку платиш. Тоа ми беше една од најубавите поминати НГ.
Годинава повторно во кафич падна договорот, 300 ден со топла даска во мени неколку грицки и се друго си плаќаш. Но искрено, ја би на викендица со друштво па и снег ако има јухуу не се враќам назад.
За кој кафич станува збор?
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Во Велес Аквариус мислам, не го знам целосното мени и кака оди, но одприлика мислам дека тоа беше
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Домашна атмосфера, филмови, нешто за пиење и каснување, нема подобро од ова. Јас можно е да си заспијам, како претходните 2 години ама што ако, и така е обичен ден.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
За новогодишната ноќ се спремам уште од сега. Подготовките се во тек, ама ме фаќа паника да не заборавам нешто.
Ќе носам светкаво фустанче со што повеќе циркони и светки и можда ќе убацам некои реси гледам сега се во мода. Златен бижутерија накит и морам да направам наградба на коса за да излезе фризурата со локни ко што треба.
Штиклите ќе бидат сребрени исто како и ташната за да има малку контраст и да не е монотоно. Масата во ресторан е закажана, и ќе си поминам топ со срцките, ма исто ко на свадба. Can't wait!
 

Lovestoned

Истакнат Член
23 октомври 2014
7
5
103
89
Новогодишна Критична маса
Триесет и еден пат Критична маса била во последната среда од месецот. Нема зошто да не биде и триесет и вториот. ;)
Особено што се паѓа на 31-ви декември и атмосферата ќе биде интересна и невообичаена за групна обиколка на Скопје на точак. ;)
Токму поради интересниот датум добивме многу предлози и решивме да ја направиме анкетава за да го испитаме мислењето на поширок круг точакољупци.
Сакаме да ве прашаме дали имате планови за дочекот на Нова година? И дали сакате место 17:30 Критична маса да започне во 21:00 со возење, со можност после тоа да славиме заедно?

На прашалникот нека одговорат само оние кои би возеле на 31-ви.
Оние кои и онака нема да можат да присуствуваат, нека не влијаат на резултатите :)

https://docs.google.com/forms/d/1cTE8LiqvPnzOEURx3_Ddcn8rE-A7Y5rwbZawTGVfw9U/viewform

Како и да е, на 31-ви ќе има Критична маса!

Ѕрн-ѕрн! ^_


Што е критична маса?

Критична маса е возење точак! Се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно се возат по улиците од нивниот град.

Критична маса нема раководство. Тоа е возење каде никој не е главен. Секој е одговорен за себе и за Масата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
По долгите дебати, препирки, чекања и решавања на проблеми со името, падна одлуката со уште двајца да отидеме до Букурешт. Као за прво нивно патување надвор од границите на МК очекувам целата одговорност да падне на мои плеќи. Но реално, многу повеќе се радувам што работата мрдна од стандардниот колосек. Ми се смачи од едни-те-исти изговори и „несогласувања“ демек парите биле проблем, се немало време кога се` е познато и јасно дека до сега единствената работа која била во дефицит е желбата. Се надевам работите малку дека ќе им го сменат видокругот на друштвово. Ако ништо друго, после ова ќе се случи еден вид на turn-point.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас би сакал да се појави добрата вила на 30.декември и да ми подари диметилтриптамин. После ќе можам да се пофалам дека сум бил во Квадрант 6, сектор 919 од четвртата димензија според стринг теоријата. Наводно било многу фино таму, плус би ја запознал верзијата на самиот себе од таа димензија во надеж дека му оди поарно живеачката... :showoff
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky