Мислење за дискотеките во Скопје

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas

Од кога е оваа случка....па овие пореметени да не се..ги нокаутираа децата....Тоа лежи на земја нема кој да го крене...грев...
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Во дискотека немам отидено долго време, па нека остане така. Дискотеките не се мој вид на забава.

Ќе уживам во музиката 10% од времето, останатите 90% ќе пробувам да поминам, ќе пробувам да најдам некој, ќе мирисам чад од цигари, алкохол, ќе се буткам со луѓе, ќе се лепам за запотени луѓе и ќе пробувам да избегнам запотени пазуви. И постојано ќе си ги мислам чебовите.

Има секакви луѓе по дискотеките. Повеќето не ги знаеш и не знаеш што на кого му мислат. Или што носат со себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Поголемиот дел од младите што искачаат по дискотеките се бунат за тоа што не ги пуштаат на врата (најголем дел од изговорот на вратарите е дека не сме пристојно облечени). Какво мислење имате за тоа?
а што значи пристојно? :p

ме нервира што одат колку да бидат видени и цело време шетаат од еден до друг крај на дискотеката,чоек неможе да игра
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Мислам дека се повеќе пропаѓаат...

порано по неколку дискотеки истовремено работеа преполни...а сега едвај една..функционира...и тоа онака колку да се рече..ништо посебно....

а баш сакам да има повеќе избор и забава по дискотеките...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Elena Salvatore

Нов член
15 февруари 2012
5
3
3
дискотеките во Скопје?
па зависи кој што очекува :) делумно се ок.
а младите да не кажам малите е сосема во ред да не ги пуштаат и треба малку да си размислат и да не се пикаат кај што не им е местото. Нека си го живеат детството, и ке пораснат и ќе шетаат по дискотеките. се во свое време :igra

Потполно се согласувам! :D
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Ќе звучам малце bobo али не идам по дискотеки. Не затоа што сум асоцијален хипстер,чисто ради тоа што не ми пријаат луѓето и музиката,а богами ни цените пошо сум не толку висок со буџет :D
У живот сум бил едвај 3 пати у дискотека,у Вулкан у прва година и 2 пати у Левел коа бев седмо-осмо. Бев до шанкот,и постојано до мене се расфрлаа некои дечки со секакви пијачки,а чашите ги враќаа дрво пијани девојчиња,разголени до максимум(не дека ми сметаше мевцето,ми сметаше тоа што гледав како ги драпаа групно,као тоа им било стил на играње).
Колосеум беше единственото урбано место во Скопјево кое беше на одредено ниво и исполнуваше критериуми за дискотека,кога се пушташе асална музика и кога таму се вртеа океј луѓе. Језда ја само на offTaksirat евентите имам влагано таму,сепак е фино место,но се уби цел тој впечаток кај мене последниве 2-3 сезони кога истата турбо фолк гарда што се носи у Метрополис и Б2 почна да се носи и во Колосеум. Дури стасаа и до Жаре Берберот.
Изгледа не сум човек за во дискотека :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose and WomanInRed