Се беше добро додека не дојде еден чика со ракијата (57 степени), и песна порачка. Четворицата машки шо бевме се салатиравме уште сабалјето и цел ден го преспавме. Не верував дека некогаш во животов од 3 чавчина ракија и 2 пивцина, не ќе можам да стојам ама ете и тоа се деси. Поручував во 5 поручекта исто и другарите. Девојките со нас скарата ја направија и сами јадеа дури и сами пробуваа да си свират. Од нивната свирка имат последици- гитарата без 2 жици + хармониката со заглавена типка Али не е страшно ќе се поправи. Ќе го паметам овој 1ви, на наредниот освен пивце ништо друго не пијам... поготово не препечена ракија (рамненска).