Многу лоша игра на пријателскиве,ептен лоша дури.Сега ќе каже некој дека и на пријателските пред европското во Литванија бевме вакви па стигнавме до 4то место ама тогаш не не знаеше никој,а сега имаа доволно време да ни ја научат играта,а ние бидејќи едно исто играме не е тешко да не научат.
Денес со Шпанија прво полувреме катастрофа,ништо не ни одеше.Ме нервира селекторов зашто не испробува нешто и со другите играчи туку само едни исти играат.Ако прави вака и на европското нема ни групи да поминеме,во Мзт каков беше кога немаше да слуша некој а сега како да не му е гајле.
Антич ќе играл во НБА
,па овој со ваква игра може само на клупа да седи и пешкири да дели.Ептен е дигнат најсериозно,шутира од 20 метри и секој напад се мести на тројка а уствари он не ни знае да се постави под кош.Гечевски што едвај игра повеќе се бори од него и во напад и одбрана,а овој глуми тројкаш и шутира од соблекувална.Не сум го критикувал никогаш ама кога игра вака премногу ме нервира.Во Олимпијакос како знаеше да игра убаво под кош а за репрезентација не знае.
За разлика од него Чековски и Гечевски се ѕверови,заедно со браќата Стојановски.Овие 4ца и Илиевски најмногу се трудат да направат нешто.Илиевски можеби не е во форма ама се труди да помогне како може.Исто и црнецов е влезен во минус со формата,добро он уствари и во Фенербахче имаше лоша сезона а и мислам дека повреден беше така да он би требало да се врати на старо.
За Самарџиски не се потребни зборови,човеков дефинитивно залутал не е за кошарка овој.Соколов и Костовски се тука само за кога ќе се изморат Илиевски и Бо па да влезат малце иначе тапа се и двајцата.А овој Ѓуровски како дошол тука поима немам,и зашто воопшто е викнат да игра.Па овој ако погоди една од пет шутнати јас не гледам повеќе кошарка,да не зборам за влезови и такви работи.Исто ме нервира што секој напад завршува со шут за три,не ми е јасно зашто цело време исто прават,ќе ја пренесат топката ќе си ја подадат 2-3 пати и шут одма.Се плашат можеби да одат на влез зашто не знаат што ќе прават кога ќе стигнат под кош.
Резултатов денес не е добар ич ако изгубивме со мала разлика,Шпанците се заебаваа цело време да играа озбилно немаше ни 30 поени да имаме.