Македонска кошаркарска репрезентација

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Пораз од 5 разлика е премија за нас кога во прашање е една Шпанија првото полувреме особено 2/4 катастрофа ама во 3/4 се вратија и на крај горе доле беа океј..тоа е спортот.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Многу лоша игра на пријателскиве,ептен лоша дури.Сега ќе каже некој дека и на пријателските пред европското во Литванија бевме вакви па стигнавме до 4то место ама тогаш не не знаеше никој,а сега имаа доволно време да ни ја научат играта,а ние бидејќи едно исто играме не е тешко да не научат.
Денес со Шпанија прво полувреме катастрофа,ништо не ни одеше.Ме нервира селекторов зашто не испробува нешто и со другите играчи туку само едни исти играат.Ако прави вака и на европското нема ни групи да поминеме,во Мзт каков беше кога немаше да слуша некој а сега како да не му е гајле.
Антич ќе играл во НБА:rofl,па овој со ваква игра може само на клупа да седи и пешкири да дели.Ептен е дигнат најсериозно,шутира од 20 метри и секој напад се мести на тројка а уствари он не ни знае да се постави под кош.Гечевски што едвај игра повеќе се бори од него и во напад и одбрана,а овој глуми тројкаш и шутира од соблекувална.Не сум го критикувал никогаш ама кога игра вака премногу ме нервира.Во Олимпијакос како знаеше да игра убаво под кош а за репрезентација не знае.
За разлика од него Чековски и Гечевски се ѕверови,заедно со браќата Стојановски.Овие 4ца и Илиевски најмногу се трудат да направат нешто.Илиевски можеби не е во форма ама се труди да помогне како може.Исто и црнецов е влезен во минус со формата,добро он уствари и во Фенербахче имаше лоша сезона а и мислам дека повреден беше така да он би требало да се врати на старо.
За Самарџиски не се потребни зборови,човеков дефинитивно залутал не е за кошарка овој.Соколов и Костовски се тука само за кога ќе се изморат Илиевски и Бо па да влезат малце иначе тапа се и двајцата.А овој Ѓуровски како дошол тука поима немам,и зашто воопшто е викнат да игра.Па овој ако погоди една од пет шутнати јас не гледам повеќе кошарка,да не зборам за влезови и такви работи.Исто ме нервира што секој напад завршува со шут за три,не ми е јасно зашто цело време исто прават,ќе ја пренесат топката ќе си ја подадат 2-3 пати и шут одма.Се плашат можеби да одат на влез зашто не знаат што ќе прават кога ќе стигнат под кош.
Резултатов денес не е добар ич ако изгубивме со мала разлика,Шпанците се заебаваа цело време да играа озбилно немаше ни 30 поени да имаме.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Очекуван пораз и вечерва 77:55 за играта немам коментар само се надевам дека до почетокот на првенството ќе си ја вратат формата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco


и да не беше она гнасното циганче од Барселона кој во третата четвртина погоди неколку тројки и со нога, ќе се вратеа нашите со медал, медал кој со својата

...и да била прабаба му маж наместо жена, ликов сега немало сега да пишува блогови...
А Наваро, за кого вака потценувачки се изразува рандом припадник на гоцевата раса.... има освоено скоро се во кошарката, мора да му тежат сите тие медали па и нема време да се замара `да не беше ова или она`... едно светско и две европски злата вс. случајно 4.место.... bitch. :pusi
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
http://ekipa.mk/bojkot-na-reprezentatsijata-poradi-strantsite/

Колку се мрднати значи овие. Ќе бојкотирале заради зголемениот број на странци во тимовите, ова само мрднати го можат. Прво нека престанат да излегуваат по кафани и дискотеки до 5 сабајле и да се посветат на кошарката па после нека бојкотираат. По младинскине школи ништо не се вложува а тие ќе ми викаат странците биле проблем, да нема странци по тимовите ние нема ни да гледаме кошарка. Со пијаници и мангупи не се игра кошарка. Па кога ќе го видам Николовски да ми се буни, па тој секогаш е повреден, еднаш заб го боли еднаш нога сега кој знае што ќе каже дека го боли, и после он нашол да се буни. Ништо не правиме со овие, се додека глумат мангупи и се бунат за се и сешто. Ќе си останеме со тоа 4то место, младинските школи се хаос, така да после оваа генерација ќе ни остане само ракометот а и таму не е ништо сјајно, што значи за неколку години ќе не заборават сите, нема да имаме ни ракомет ни кошарка а најмалце некој друг спорт.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Од денес до петок играме турнир во Охрид. Вечер од 20:30 е првата утакмица против Австрија. Очекувам да се изгубат на терен сите, нема да знаат кај тераат. :)